Рајнсберг
За други истоимени места, погледајте Рајнсберг (појаснување).
Рајнсберг (германски: Rheinsberg) — град во округот Источен Пригниц-Рупин, во сојузната покраина Бранденбург, Германија. Се наоѓа на реката Рин, околу 20 километри североисточно од Нојрупин и 75 километри северозападно од Берлин.
Рајнсберг | |
Замок Рајнсберг | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Бранденбург |
Округ | Источен Пригниц-Рупин |
Градски единици | 17 |
Градоначалник | Јан-Питер Раѕ (ДХС) |
Основни податоци | |
Површина | 324,83 км2 |
Надм. височина | 61 м |
Население | 7.948 (31 декември 2022)[1] |
- Густина | 24 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | OPR |
Пошт. бр. | 16831 |
Повик. бр. | 033931 |
Портал | www.rheinsberg.de |
Местоположба на градот Рајнсберг во рамките на округот Источен Пригниц-Рупин | |
Координати | 53°5′54″N 12°53′45″E / 53.09833° СГШ; 12.89583° ИГД |
Историја
уредиФридрих Велики, додека сè уште бил престолонаследник, уредил и се преселил во обновениот замок во Рајнсберг кратко по неговата венчавка во 1733 со Елизабета Кристина од Брауншвајг-Беверн. Во овој период имал зачестена комуникација со Волтер, бурни прослави со филозофи и музичари и напишал неколку дела за политичката теорија, вклучувајќи го Антимакијавели.[2]
Галерија
уреди-
Споменик спроти замокот
-
Замокот гледан од споменикот
-
Концертна сала (дел од замокот)
-
Црква во Дирберг
-
Противпожарна куќа во Хајнрихсдорф
-
Дворец во Витвин
Збратимени градови
уреди- Хјубер Хајтс (Охајо, САД)
Наводи
уреди- ↑ „Население на Бранденбург по општини и општински заедници] на 31 декември 2022 г.“ (PDF). Статистичка служба за Берлин и Бранденбург. јуни 2023. (германски)
- ↑ Мекдоно, Џил (1999). Фридрих Велики: Живот во декрети и писма. Њујорк: St. Martin's Griffin. стр. 98–129. ISBN 0-312-27266-9.
Надворешни врски
уреди- Рајнсберг на Ризницата ?
- Официјална страница
Оваа статија за место во Бранденбург е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |