Роберт Овен (14 мај 1771 - 17 ноември 1858) — англиски социјалист, еден од најпознатите претставници на утопискиот социјализам. Тој сметал дека приватната сопственост, религијата и буржоаскиот брак се трите зла што треба да се отстранат. Меѓутоа, според негово мислење, тоа не треба да се прави со револуција, туку со експерименти и со просветување.

Овен, на возраст од околу 50 години, од Вилијам Хенри Брук

На почетокот, Овен бил фабрикант, а врз основа на тоа искуство го изградил своето социјалистичко учење поради што бил напаѓан од останатите индустријалци. Поради тоа, заминал во САД, каде се обидел да основа комунистички колонии, но неговите обиди пропаднале. Тогаш, тој се свртел кон работничката класа и во следните 30 години се борел за подобрување на нејзината положба. За тие напори бил пофален од Фридрих Енгелс, кој пишува дека „сите општетсвени движења, секој вистински напредок кој е направен во Англија во корист на работникот се врзуваат со Овеновото име.“[1]

Наводи

уреди
  1. „Регистар имена“, во: Карл Маркс, Беда филозофије (Одговор на Филозофију беде г. Прудона). Култура, Београд, 1946, стр. 188.
  NODES