Саришабан

град во Кавалско, Егејска Македонија

Саришабан или Сари Шабан (грчки: Χρυσούπολη, Хрисуполи; до 1925 г. Σαρή Σαμπάν, Сари Сабан[2]) — град во Кавалско, Егејска Македонија, денес во општината Места на Кавалскиот округ во Источна Македонија и Тракија, Грција. Наелението брои 8.885 жители (2011).

Саришабан
Παράδεισος
Фонтана во Саришабан
Фонтана во Саришабан
Саришабан is located in Грција
Саришабан
Саришабан
Местоположба во областа
Саришабан во рамките на Места (општина)
Саришабан
Местоположба на Саришабан во општината Места и областа Источна Македонија и Тракија
Координати: 40°58.93′N 24°42.01′E / 40.98217° СГШ; 24.70017° ИГД / 40.98217; 24.70017
ЗемјаГрција
ОбластИсточна Македонија и Тракија
ОкругКавала
ОпштинаМеста
Општ. единицаСаришабан
Надм. вис.&1000000000000002000000020 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно8.885
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.642 00
Повик. бр.25910
Рег. таб.ΚΒ

Географија и местоположба

уреди

Градот е сместен во средишинот дел на долното течение на реката Места, во прилично плодно подрачје на надморска височина од 20 м.[3] Оддалечен е 25 км источно од градот Кавала и 14 км северно од приморското гратче Керемидли, каде со редовен траект е поврзан со недалечниот остров Тасос. Недалеку од градот се наоѓа меѓународниот аеродром на Кавала „Александар Велики“.

Историја

уреди

Османлиско време

уреди

Познато е дека на ова подрачје се наоѓало населеното место Сапеј, кое Османлиите го освоиле во 1375–76 г. Населбата на местото на денешниот град никнала во XVII век, под името Ески Саришабан.

Кон крајот на XIX век Саришабан е евидентиран како скромна паланка и центар на Саришабанската каза. Во 1891 г. Георги Стрезов напишал:

Центар на казата е селото „Ханлар“ кое е ново и е образувано од семејствата на државните чиновници и занаетчии-дојденци. Ова село е избрано за центар поради неговата положба во средината на казата и поради важноста за трговијата. Нема повеќе од 50 куќи. Сега почнаа да се населуваат и постојани жители од околината. Во „Сари-Шабан“ - така понекогаш го нарекуваат Ханлар - има огнена воденица.[4]


Во 1900 г. Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) го наведува Сари Шабанъ како село со 780 жители, од кои 450 се Турци, 180 Македонци[5] и 150 Власи, сите христијани.[6] Сите христијански жители биле под врховенството на Цариградската патријаршија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во селото имало 180 Македонци[5] и 150 Власи.[7] Во селото има многу Македонци абаџии, калајџии и дрводелци.[8]

Со Букурешкиот договор во 1913 г. гратчето е припоено кон грчката држава, кога имало 1.455 жители.[3] Како последица од Првата светска војна, населението опаднало, па во 1920 г. се заведени само 692 жители.[3] Со Лозанскиот договор во 1920-тите, турското население е иселено во Турција, а на негово место се доведени Грци-бегалци. Така, во 1928 г. Саришабан имал вкупно 1.590 жители, од кои 185 (41 семејства) биле дојденци.[9]

Во 1925 г. името на местото е сменето во Хрисуполи, што во превод значи „златен град“.

Население

уреди

Зголемувањето на бројот на жителите по 1951 г. на доселување на жители од селата, како и поради припојувањето на населбите Секелер и Кенес кон градот.[3] Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 2189 2649 5779 5785 7119 7208 8000 8885
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика

уреди

Селото припаѓа на општинската единица Саришабан со седиште во истоимениот град, која припаѓа на поголемата општина Места, во округот Кавала. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Инџес, во кој тоа е единствено населено место.

Стопанство

уреди

Градскиот атар опфаќа 47 км2 плодни обработливи површини кои се наводнуваат.[3] Населението претежно се занимава со земјоделство, главно одгледувајќи тутун и пченица, но застапени се и трговијата и малото производство.[3]

Збратимени градови

уреди

Саришабан е збратимен со следниве градови:

Наводи

уреди
  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Σαρή Σαμπάν -- Χρυσούπολις
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 250–251.
  4. Стрезов, Георги. Два санджака от Източна Македония. Периодично списание на Българското книжовно дружество в Средец, кн. XXXVII и XXXVIII, 1891, стр. 37.
  5. 5,0 5,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  6. Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 203.
  7. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 232 - 233.
  8. Генов, Георги. Беломорска Македония 1908 - 1916, Торонто, 2006, стр. 52.
  9. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.

Надворешни врски

уреди
  NODES
mac 2