Свеќичка
Свеќичка[1][2] — мал електричен уред кој ја претвора високонапонската струја произведена во системот за палење во електрична искра и на тој начин ја пали мешавината од гориво и воздух.
Историја
уредиБелгискиот инженер Етјен Леноар е заслужен за пронаоѓањето на свеќичката, користејќи ја за својот бензински мотор од 1860 година, како прв комерцијално успешен клипен мотор со внатрешно согорување. Првите патенти за свеќички им припаѓале на Никола Тесла (САД патент 609.250 за синхронизиран систем за палење од 1898 година), Фредерик Ричард Симс (GB 24859/1898 од 1898 година) и Роберт Бош (GB 26907/1898 од 189 година).
Сепак, само пронајдокот на првото комерцијално исплатливо високонапонско решение за свеќички, кое било дел од системот за палење заснован на индуктор, од инженерот од компанијата Бош, Готлоб Хонолд, во 1902 година овозможило развој на мотор со систем за палење со помош на свеќички. За унапредувањата кои следеле заслужни се Алберт Чемпион, браќата Лоџ, Кенелм Ли Гинис, додека Хелен Блер Бартлет одиграла витална улога во создавањето на изолаторот во 1930 година.[3]
Примена
уредиЗадачата на свеќичката е кај ото моторот да ја пренесе енергијата на палење до просторот за согорување и да го иницира палењето на работната смеса под висок притисок со помош на електрична искра. Подесена е, заедно со другите компоненти, да обезбеди безбедно ладно стартување на моторот, безбедно и непречено работење на моторот во текот на целиот негов работен век и да спречи прегревање при долготрајно работење при високи вртежи.
Свеќичката се користи кај сите автомотори, без разлика дали се двотактни или четиритактни мотори, на патнички или товарни возила. Се користи и на мотоцикли, чамци, бродови, земјоделски и градежни машини, електрични алати и друго. Најмногу се вградуваат во патнички возила, чии мотори имаат повеќе цилиндри. Помалку се користат во камиони бидејќи дизел моторите најчесто се користат за камиони. Дизел моторите работат со систем на самопалење, т.е. вбризгуваното гориво се пали кога мешавината од воздух и гориво ќе ја достигне температурата на самопалење.
Градба на свеќичката
уредиСвеќичката се состои од школка, изолатор и средиштен спроводник. Поминува низ ѕидот на комората за согорување, што значи дека и запечатува, што е неопходно поради високиот притисок и високите температури. Исто така, важно е да не пропаѓа во текот на долги временски раздобја и продолжена експлоатација.[4]
Деловите на свеќичката се:[4]
- метално куќиште/школка на свеќичката
- кабелски терминал/приклучок
- изолатор
- врв на изолаторот
- ребра
- дихтунзи
- централна електрода
- странична електрода
- зјај на свеќичката
Наводи
уреди- ↑ „свеќичка“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „свеќичка“ — Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „Свећице – тако мале а тако важне“ (српски). autorepublika.com. Посетено на 8 јуни 2020.
- ↑ 4,0 4,1 „Свећице за ауто, како раде и на колико се мењају“ (српски). mdautodelovi.rs. Посетено на 8 јуни 2020.