Сврзното ткиво е животинско ткиво чијашто основна улога е потпора и заштита на органите. Тоа исто така ги поврзува останатите клетки и ткива во организмот.

Сврзното ткиво е составено од три компоненти:

  1. Основна супстанција (матрица)
  2. Сврзни влакна и
  3. Сврзни клетки.

Основната супстанција функционира како молекуларно сито кое ја олеснува дифузијата на метаболитите помеѓу крвта и самото сврзно ткиво, а истовремено претставува и физичка бариера за продор на големи честички, како бактерии или други микроорганизми.

Сврзните влакна имаат потпорна улога, односно обезбедуваат потпора на сврзното ткиво. Тие формираат густи потпорни мрежи во кожата, стромата на паренхимските органи, ги прикрепуваат поединечните клетки во ткивото, мускулните клетки итн. Се разликуваат три типови на сврзни влакна:

  1. Колагени - изградени се од колаген, белковински полимер на тропоколагенот, чијашто структурна организација дава извонредна јачина и отпорност кон истегнување. Колагените влакна се присутни во сите типови на сврзно ткиво (освен во крвното). Се јавуваат во вид на дебели снопови и му даваат цврстина на ткивото
  2. Ретикуларни - тенки колагени нишки собрани во деликатни мрежи
  3. Еластични - лесно се растегнуваат и не се толку јаки како колагените влакна. Присутни се во повеќето фиброзни ткива и особено во ткивата кои бараат флексибилност. Составени се од белковината еластин.

Сврзните клетки можат да бидат постојано присутни во сврзното ткиво (перманентни), или, пак, слободни, привремено сместени во сврзното ткиво. Имаат релативна бројна застапеност и нивното присуство е варијабилно, во зависност од густината на фибриларната компонента на сврзното ткиво, локацијата, како и нивната функционална состојба. Тука спаѓаат: фибробласти, мезенхимални клетки, фиксирани макрофаги или хистоцити. Од привремените клетки се среќаваат: неутрофили, еозинофили, моноцити и лимфоцити кои доаѓаат од крвта и формираат т.н. емигрантска популација. Овие клетки учествуваат во имуниот одговор и воспалителните реакции. Фибробластите ги произведуваат колагените влакна, а мастоцитите се специјализирани за синтеза и складирање на липиди.

Типови на сврзно ткиво

уреди
 
Сврзни ткива - од лево на десно:
крв (еритроцити и др.), коска (ламели) и хијалина ‘рскавица.

Класификацијата на различни типови на сврзни ткива не е така јасна и остро разграничена. Се разликуваат неколку типови сврзни ткива, кои понатамошно можат исто така што се поделат:

  NODES