Сермерсок
Сермерсок (гренландски: Kommuneqarfik Sermersooq, „место со многу мраз“) е општина во Гренланд. Општината е основата со територијалната поделба од 1 јануари 2009 година.[2] Седиште на општината е Нук, главниот и најголем град во Гренланд. Со своите 21.868 жители според податоците од 2013 година, таа е најголема општина во државата според население.[3] Општината го опфатила поранешните:[4] општина Амасалик, општина Итокортормит, општина Ивитут, општина Нук и општина Памиут.
Општина Сермерсок Kommuneqarfik Sermersooq | ||
---|---|---|
општина | ||
Местоположба во Гренланд | ||
Координати (Сермерсок): 66°00′N 40°00′W / 66.000° СГШ; 40.000° ЗГД | ||
Држава | Данска | |
Сојузна држава | Гренланд | |
Општина | Сермерсок | |
Основана | 1 јануари 2009 | |
Седиште | Нук | |
Управа[1] | ||
• Градоначалник | Аси Чемниц Наруп | |
Површина[2] | ||
• Вкупна | 531.900 км2 (205,400 ми2) | |
Население (2013)[3] | ||
• Вкупно | 21.868 | |
• Густина | 0,041/км2 (0,11/ми2) | |
Час. појас | UTC-03, UTC-01 | |
Повикувачки бр. | +299 | |
ISO 3166 | GL-SM | |
Мреж. место | sermersooq.gl |
Географија
уредиОпштината се наѓа во централниот и источнио дел на државата и има површина од 531,900 km2 (205,367.7 ми).[2] Таа е втората најголема општина во државата и светот,[2] по Касуитсуп. На југ се наоѓа општината Кујалек. На запад се наоѓа Лабрадорското Море. На северозапад се наоѓа општината Кеката. На север од општината се наоѓа Североисточниот гренландски национален парк.
Населени места
уредиНа територијата на општината се наоѓаат следиве населени места:
- Област Амасалик
- Област Итокортормит
- Област Ивитут
- Област Нук
- Област Памиут
Сообраќај
уредиСермерсок е една од двете општини кои се протегаат на двата брега на Гренланд. Населените места од источниот и западниот брег се поврзани со летови од Аеродромот Нук и Аеродромот Нерлерит Инат.[5] Исто така има и летови од Нук и Аеродромот Памиут на западниот брег. Меѓу населените места нема патна инфраструктура, како што е и во целата држава.
Наводи
уреди- ↑ „Sermersooq Municipality: Administration“. Архивирано од изворникот на 2011-07-21. Посетено на 2017-01-23.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 „Welcome to Kommuneqarfik Sermersooq“. Sermersooq Municipality, Official Website. Архивирано од изворникот на 2011-02-18. Посетено на 16 July 2010.
- ↑ 3,0 3,1 Greenland in Figures 2013. Statistics Greenland. ISBN 978-87-986787-7-9. ISSN 1602-5709. Архивирано од изворникот (PDF) на 2018-12-26. Посетено на 2 September 2013.
- ↑ Sermersooq Municipality Архивирано на 18 ноември 2012 г. (дански)
- ↑ „Booking system“. Air Greenland. Архивирано од изворникот на 2010-04-22. Посетено на 12 June 2010.