Сидни Беше (англиски: Sidney Bechet; 14 мај 189714 мај 1959) — американски џез саксофонист, кларинетист и композитор.

Сидни Беше
Сидни Беше во 1922
Животописни податоци
Роден(а)мај 14, 1897(1897-05-14)
Њу Орлеанс, Луизијана, САД
Починал(а)мај 14, 1959(1959-05-14) (возр. 62)
< Франција
ЖанровиЏез
Диксиленд
ЗанимањаКларинетист
Саксофонист
Композитор
ИнструментиКларинет
Сопрано саксофон
Период на активност1908–1957
СоработнициЛуис Армстронг
Томи Ладниер

Тој бил еден од првите значајни солисти во џезот (неговите снимки се неколку месеци пред тие на корнетистот и трубач Луи Армстронг, со кого подоцна свири дует) и можеби првиот познат џез саксофонист. Свирењето на Беше го карактеризираат моќната изведба, добро конструирани импровизации и препознатливото широко вибрато.

Иако променливиот темперамент на Беше ја попречувал неговата кариера, во доцните 40-ти тој се здобил со заслужената популарност.

Животопис

уреди
 
Домот од детството на Беше во Њу Орлеанс

Беше е роден во Њу Орлеанс во 1897 година, во креолско семејство од средната класна. Постариот брат на Сидни – Леонард Виктор Беше (1877-1952) бил стоматолог кој повремено бил тромбонист и водач на бенд.Сидни Беше брзо научил да свири на неколкуте инструменти кои се наоѓале во неговиот дом, најчесто сам, и набрзо одлучил да се специјализира во свирење на кларинет. Сидни на шестгодишна возраст свирел заедно со бендот на неговиот брат на семејна роденденска забава каде што за првпат го претставил својот воодушевувачки талент. Подоцна во неговата младост, Беше студирал со славни креолски кларинетисти како што се Лоренцо Тио, “Big Eye” Луис Нелсон Делисл и Џорџ Бекет. Наскоро потоа, Беше почнал да свири во многу асамбли од Њу Орлеанс импровизирајќи со она што било „прифатливо“ за џезот во тоа време (облигата, пропратени со скали, арпеџиа и вариации на мелодијата). Едни од тие ансамбли биле и познатиот параден брас бенд на Хенри Ален, оркестарот Олимпиа и дувачкиот играчки оркестар на Џон Робико. Во 1911-12 година, Беше настапувал со Банк Џонсон во бендот Орел од Њу Орлеанс, и во 1913-14, со “Кing“ Оливер во бендот „Олимпиа“.

Иако Беше своите детски и адолесцентни години ги поминал во Њу Орлеанс, од 1914 до 1917година тој правел турнеи и патувал, движејќи се посеверно стигајќи до Чикаго, често здружувајќи се со уште еден познат креолски музичар Фреди Кепард. Пролетта 1919 година, Беше пристигнал во Њујорк, каде што се придружил во Синкопираниот оркестар на Вил Марион Кук.Потоа оркестрот се упатил кон Европа, каде што веднаш по пристигнувањето ја имале првата изведба во Салата на кралската филхармонија во Лондон. Групата била топло прифатена и Беше бил посебно популарен, на далеку привлекувајќи внимание. Додека бил во Лондон, Беше го открил сопрано саксофонот и брзо развил различен стил од неговиот топол кларинетски тон. Неговиот саксофонски звук би можел да се опише како „емоционален“, „безгрижен“ и „обемен“. Тој често користел многу широко вибрато, многу слично на она што било карактеристично за некои Њу Орлеански кларинетисти во тоа време. По пресудата за напад на жена, Беше бил затворен во Лондон од 13 до 26 септември 1922 година. Бил депортиран назад во Соединетите држави, поагајќи од Саутхемптон на 3 декември и пристигнувајќи во Њујорк на 13 декември 1922 година.

На 30 јули 1923 година, тој почнал со снимање материјал и тоа се едни од најраните сочувани снимки. Сесијата била водена од Кларенс Вилијамс, пијанист и текстописец, подобро познат во тоа време поради објавувањето на неговата музика и издавањето плочи. Беше ја снимил "Wild Cat Blues" и "Kansas City Man Blues". "Wild Cat Blues" е во мулти-тематска регтајм традиција, со четри теми и со по 16 такта на секоја. "Kansas City Man Blues" е автентичен блуз од 12 такта. Беше секоја песна ја изведувал и ја свирел уникатно и со исклучителна креативност и иновативност за тоа време.

На 15 септември 1925 година Беше и останатите членови на “Revue Nègre“ вклучувајќи ја и Жозефин Бејкер, допловиле до Европа пристигнувајќи во Шербур, Франција,на 22 септември.. Претставата почнала во Театарот на елисејските полиња во Париз на 2 октомври. Беше имал турнеи низ Европа со различни бендови стигнувајќи сè до Русија во средината на 1926 година. Во 1928 година тој го водел својот мал бенд во познатиот клуб “Bricktop” во Монтмартр, Париз.

Беше бил затворен во Париз кога жена-случаен минувач била ранета во престрелка. Во најчестата верзија од приказната, која е прикажана и во џез-документарниот филм на Кен Бурнс, стои дека престрелката започнала кога некој музичар/продуцент му кажал на Беше дека свири погрешен акорд. Беше го предизвикал човекот на двобој. Други извори тврдат дека во суштина Беше бил нападнат од заседа од страна на друг музичар.

По ослободувањето, Беше бил депортитан во Њујорк. Пристигнувајќи веднаш по падот на берзата во 1929 година, Беше се приклучил во оркестрот на Нобл Сизл. Тие се вратиле во Европа на турнеја во Берлин и Русија.

Во 1932 година, Беше се вратил во Њујорк да води бенд со трубачот Томи Ладниер. Бендот кој се состоел од шест членови, настапувал во балската сала Савој. Тој продолжил да свири со Лоренцо Тио и во тоа време го запознал Рој Елдриџ, друг познат трубач.

Со тек на време, Беше имал сè поголеми потешкотии наоѓајќи музички концерти, па отворил кројачка продавница заедно со Ладниер. Тие биле посетувани од страна на многу музичари и свиреле во задниот дел на продавницата. За време на 40-тите, Беше свирел во повеќе бендови меѓутоа неговата финансиска состојба не се променила сè до крајот на декадата.

При крајот на 1940-тите, Беше се уморил од напорите да создава музика во Соеднинетите држави. Неговиот договор со “Jazz Limited“, издавачка куќа заснована во Чикаго, ги ограничувал неговите настапи, како на пример бил исклучен од настапот на европскиот фестивал во Ница, 1948 година. Тој сметал дека џез сцената во Соединетите Држави нема што повеќе да му понуди и дека била застарена. Беше се преселил во Франција во 1950 по настапот како солист на парискиот џез фестивал. Неговата изведба на фестивалот резултирала со зголемена популарност во Франција. После тоа Беше веќе немал проблем со наоѓање на добро платена работа во Франција. Во 1951 година тој се оженил со Елизабет Зиглер во Антиб-Франција. Во 1953 година потпишал договор со францускиот “Vogue“, кој траел до крајот на неговиот живот. Снимил многу хитови, вклучувајќи ги "Les Oignons", "Promenade aux Champ Elysees," и меѓународниот хит "Petite Fleur". Тој исто така компонирал класична музика за балет во доцниот романтичарски стил на Чајковски, наречена "La Nuit est sorcière" (Ноќта е вештерка). Егзистенционалистите во Франција го викале “le dieu“(бог).

Кратко пред неговата смрт во Париз, Сидни ја издиктирал својата поетска автобиографија, “Treat it Gentle“. Умрел од рак на белите дробови на својот шеесет и втор роденден.

Кариера

уреди

Беше успешно ги составувал џез и поп мелодиите и ја проширувал формата на концертите. Тој знаел да чита музика, но со оглед на неговиот добро развиен внатрешен слух избрал да не ја чита туку развил свој алтернативен систем на свирење на инструментот и никогаш не свирел секции во голем бенд или во свинг состави. Неговите снимки често биле реиздавани.

Примарни инструменти на Беше биле кларинетот и сопрано саксофонот. Тој свирел живо и страственo и имал широко вибрато. Бил познат по својата голема вештина со неговите инструменти и го сметале за мајстор на импровизации (и поединечни и колективни). Беше сакал неговиот звук да доминира во изведбите, па трубачите имале тешкотии да свират покрај него.

Песната на Беше "Si tu vois ma mère" била истакната во филмот на Вуди Ален "Midnight in Paris" (2011).

Некои од достигнувањата во неговата кариера вклучуваат изданија од 1923 г. заедно со Луис Армстронг во групата на Кларенс Вилијамс “Blue Five“, од 1932ра, 1940та и 1941ва изданијата “Feetwarmers” во Њу Орлеанс, од 1938ма Оркестар сесијата со Томи Ладниер (“Weary Blues”, “Really the Blues”); во 1939та снимањето на хитот “Summertime” и разновидни верзии од неговата композиција “Petite Fleur”.

Во 1939та, Беше заедно со пијанистот Вили Смит- “Лавот“, предводеле група со која биле снимени неколку рани верзии на она што подоцна било наречено латино џез, прилагодувајќи ги кон џез изразот традиционалните “méringue“ ( стар хаитски гитара-стил), румба и хаитски песни.

 
Беше во Њујорк во 1947

На 28 јули 1940 година, Беше гостувал во музичката радио програма “The Chamber Music Society of Lower Basin Street“ на “NBC” радио, каде што отсвирел две свои песни (“Shake It and Break It“ и “St. Louis Blues“) со Диксиленд бендот на Хенри Левин. Левин го поканил Беше во студиото за снимање "RCA Victor" ( на 24та улица во Њујорк), каде што Беше му го „позајмил“ својот саксофон на Левин за неговиот традиционален аранжман "Muskrat Ramble".

На18ти Април 1941 година за „Vitctor“, Беше ја снимил верзијата на поп песната “The sheik of Araby”, kako ран експеримент со преснимување, свирејќи на 6 различни музички инструменти: кларинет, сопрано саксофон, тенор саксофон, пијано, бас и тапани. Материјал од таа сесија останал неиздаден сè до 1965 година кога „ RCA Victor“ го вклучил во албумот „Bechete of New Orleans“. На омотот на плочата Џорџ Хојфер го цитира Беше: „Најпрво почнав да ја свирам “The Sheik” на пијано, потоа свирев на тапаните слушајќи го пијаното. Сакав да ги свирам сите ритам инструменти, но, се ми се измеша и го грабнав моето сопрано, потоа басот, потоа тенор саксафонот и најпосле завршив со кларинетот“.

Во 1944, 1946 и 1953 година, тој настапувал на концерт со џез пијанистот и вибрафонистот Макс Милер, при што биле снимени приватни снимки кои се дел од архивата на Макс Милер а кои никогаш не биле емитувани.

Беше имал големо влијание врз алто саксофонистот Џони Хоџес, кој учел кај него кога бил тинејџер.

Наследство и почит

уреди
  • Во 1919 година, швеѓанскиот диригент на класична музика, Ернест Ансермет, напишал признание за Беше, кое е едно од најраните (ако не и прво) што се однесува на џез музичар од класичното поле на музика, во кое ја поврзува музиката на Беше со музиката на Бах.
  • Во 1968 година, Беше бил примен во домот на славните, на познатиот џез магазин “Down Beat“.
  • Музичкиот новинар од “The New York Times“, Роберт Палмер, напишал за Беше: “комбинирајќи ги на сопствен начин, „плачот“ на блузот и финесите на Креолците, Сидни Беше создаде стил кој ги раздразни емоциите заслепувајќи го умот“
  • „Беше за мене беше олицетворение на џезот... сè што тој отсвире во целиот свој живот беше потполно оригинално. Јас искрено мислам дека тој беше најуникатниот човек во оваа музика“. – Дјук Елингтон
  • Британскиот поет Филип Ларкин, напишал ода за Беше во “The Whitsun Weddings”.

Во популарната култура

уреди

Шугар Блу, прочуениот блуз хармоникаш, го презел своето име од снимката “Sugar Blue” на Беше, велејќи: „Имав потреба од прекар ... сите добри прекари беа веќе зафатени! Ги знаете ‘Muddy Waters’, ‘Blind Lemon’, ‘Sonny Boy’… сè до една вечер кога заедно со еден пријател напуштавме концерт на Док Ватсон, кога некој низ прозор фрли кутија полна стари плочи 78-ки: кренав една и на неа пишуваше “Sugar Blue” од Сидни Беше... Тоа е тоа! Мислев дека е совршено... па еве сум.“

  • Се вели дека Беше бил инспирација за карактерот на саксофонистот Пабло во новелата „Степскиот волк“. Херман Хесе најверојатно научил по нешто за џезот, слушајќи ги неговите концерти во Европа во 1920-тите години.
  • Во новелата “Одговор” од Кен Гримвуд, Беше е прикажан како настапува во подземен џез клуб во Париз. Неговото појавување е анахронично бидејќи сцената се случува во 1963 година, а Беше умрел во 1959 година.

Во музиката

уреди
  • Боб Дороут, кој има свирено заедно со Беше, снимил почесна песна наречена “Something for Sidney” („Нешто за Сидни“), која се наоѓа на неговиот албум “Right On My Way Home”.
  • Ван Морисон го спомнува Беше во неговата песна “See Me Through Part II (Just A Closer Walk With Thee)”
  • Француската пејачка Патрициа Каас ја снимила песната “L'Enterrement de Sidney Beche” („Погребот на Сидни Беше“) која е вклучена во нејзиниот албум од 1990 “ Scène de vie.”
  • Бендот “Radiohead” го искористиле неговиот сингл “Egyptian Fantasy” како последна песна на настапите во нивната турнеја во 2012 година.

Делумна дискографија

уреди

Синглови

уреди
  • "Texas Moaner Blues" (снимено со Луис Армстронг) - 1924
  • "Cake Walkin' Babies from Home" (со Red Onion Jazz Babies) - 1925
  • "Blues In Thirds" - 1940
  • "Dear Old Southland" - 1940
  • "Egyptian Fantasy" -1941
  • "Muskrat Ramble" - 1944
  • "Blue Horizon" - 1944
  NODES
Done 1
eth 1
see 2