Сиким
Сиким е сојузна држава во Индија со површина од 7.096 км2 и 540.493 жители (состојба: 1. јан. 2001). Државата е со најмал број на жители во Индија и се наоѓа на Хималаите. До 1975 година Сиким била независна држава со која владеела династијата Чогјал. На референдумот во 1975 година, народот одлучил да се припои кон Индија и со тоа Сиким станала 22-та индиска држава. Граничи со Непал на запад, Кина, т.е Тибет на север и Бутан на југоисток. На југ граничи со Западен Бенгал.
Сиким | |
---|---|
Сиким - सिक्किम | |
Држава: | Индија |
Главен град: | Гангток |
Површина: | 7.096 км2 |
Население: | 540.493 (2001) |
Густина на население: | 76,17 жит./км2 |
Јазик: | непалски , англиски, хинду, бутански |
Религија: | хиндуизам и будизам |
Мрежно место: | sikim.nic.in[мртва врска] |
Мапа | |