„Сината брада“ е народна приказна, чија најпозната верзија е онаа на Шарл Перо, објавена во 1697 во Приказните на мајката Гуска. Тоа исто така е името на централниот лик на приказната.

Сината брада
Сината брада ги доверува клучевите на сопругата(Волтер Крејн, 1875).
АвторШарл Перо
Изворен наслов La Barbe bleue
ЗемјаФранција
Јазикфранцуски јазик
СеријалИстории или сказни од минатото, со наравоученија: Приказни на мајката Гуска (фр. Histoires ou contes du temps passé, avec des moralités: Contes de ma mère l'Oye)
ЖанрСказна
ИздавачБарбен (фр. Barbin)
Издадена
1697

Кратка содржина

уреди

Тој е неблагородник но многу богат чија брада е сина. Тоа го прави грд и страшен. Тој веќе имал неколку жени и не е се знае што станало со нив. Сепак на сосетките им нуди да се омажат за него, но никој не сака да го земе. Најпосле, една од нив се согласува, заведена од богатството на синобрадиот.

Еден месец после свадбата, Сината брада мора да оди на патување. Тој ѝ доверил на неговата млада сопруга сноп клучеви, за отворање на сите врати на замокот, но имало една мала соба, каде таа никако не смеела да влезе. Љубопитна, таа  сепак влегла во забранетата соба и ги пронашла сите тела на претходните негови жени кои виселе на ѕидот. Од страв го испуштила клучот кој се извалкал со крв. Се обидувала да го избрише но не успеала бидејќи тој бил магичен[1]

Сината брада ненадејно се вратил и видел дека сопругата не го послушала. Бесен, тргнал да ја заколи оваа премногу љубопитна жена, иста како претходните. Таа ги чекала нејзините двајца браќа кои требале да ѝ дојдат на гости па го замолила  да ѝ даде доволно време да се помоли. Чудовиштето ѝ дало четвртина час. Во текот на ова време, нејзината сестра Ана оди во кулата, да види дали нивните браќа се на пат. На крајот браќата се појавуваат и го убиваат. Таа го наследила цело богатство. Се омажила по вторпат со некој чесен човек, со кој била среќна.

Галерија

уреди

Илустрации на Валтер Кран, 1875 година[2].

Ликот на Сината брада

уреди

Сината брада е првично инспириран од усната традиција. Тој е тип на огар кој ги напаѓа своите  жени и децата што сонив ги има. По објавувањето на приказната од страна на Шарл Перо, ликот на Сината брада инспирирал многу писатели, музичари и режисери. Воедно, ваквиот лик се поврзува со разни, историски или митолошки ликови:

  • Во старогрчката митологија вакво детеубиствено однесување имаат Крон и Медеја.
  • Кономор, историски изветоперен лик е во согласност со ликот во бајката на Шарл Перо[3].
  • Хенри VIII од Англија, кој имал шест жени и две од нив биле осудени на смрт за прељуба и предавство ( Ана Болејн и Кетрин Хауард), е тип на Сина брада. Тоа бил страшен, огромен и имал црвена брада.
  • Анри Дезире Ландри, францускиот сериски убиец, го нарекувале " Сината брада од Гамбе".
  • На Жил де Ре, воен придружник на Јованка Орлеанка прекарот му бил  "Сината брада" од Нант. Тој бил убиен, откако бил обвинет дека нападнал и убил голем број на деца и млади луѓе, но, иако убиец, неговиот живот и постапки не наликуваат на ликот во приказната.

Анализа

уреди

Според Бруно Бетелхајм, бајката го претставува стореното неверство на сопругата и злосторството сторено од страст од страна на љубоморниот сопруг.  Крвта на јајцето [варијанта во една од приказните на Грим ] и на клучевите симболизира дека јунаците имале полов однос. Затоа, Сината брада е приказна за половото искушение"[4].

Темата за љубопитноста на жената и нејзината непослушност е блиска до онаа за првиот грев на Ева во Библијата или на Пандорината кутија во старогрчката митологија. .

Адаптации

уреди
 
Сината брада, илустрација на Едмунд Еванс, околу 1888 година.

Опера

уреди
  • Сината Брада е комична опера на Жак Офенбах од  1866. Хероината се вика Булот и има нимфоманска тенденција.
  • Замокот на Сината Брада е единствената опера на Бела Барток (1911). Сината брада тука не е традиционално монструозниот лик туку затворен идеалист. Неговата вереничка го приморува да ги отвори седумте тајни порти за позади последната да ги открие трите први сопруги на Сината Брада на кои таа ќе им се придружи оставајќи го мажот во неговата вечна осаменост.

Балет

уреди
  • Сината брада е балет на мариус Петипа (1896)
  • Blauer Барт, е балет на Пина Бош
  • Сината Брада е балет на Мишел Келеменис ( (2017)

Филм

уреди

Роман

уреди
  • Седумте жени на Сината брада и други бајки е колекција од Анатол Франс (Париз, 1909).
  • Случај Сина брада е роман од Јак Риве (2000)
  • Сината брада е роман на Амели Нотомб (2012)
  • Затворени врати, роман на Лори Сен-Мартен (2013) се инспирира од ликот.
  • Крвишта, приказна на Одре Вилелми (2013) од аспект на жените на Сината брада.

Наводи

уреди
  1. "fée" dans le texte, §10 ligne 7
  2. François Fièvre, « Walter Crane lit Barbe bleue : amour, violence… et politique », Féeries [En ligne], 11 | 2014, mis en ligne le 19 décembre 2015, consulté le 14 juillet 2017. URL : http://feeries.revues.org/939
  3. Henri Weitzmann, Itinéraire des légendes bretonnes, Hachette, 1954,  54 .
  4. http://blog.ac-versailles.fr/lelu/public/Barbe_Bleue/BETTELHEIM.pdf
  5. Colbert, Claudette; Cooper, Gary; Horton, Edward Everett (1938-03-25), Bluebeard's Eighth Wife, Посетено на 2017-10-28
  6. Aubry, Cécile; Brasseur, Pierre; Debucourt, Jean (1951-09-28), Barbe-Bleue, Посетено на 2017-10-28
  7. „BARBE BLEUE - Festival de Cannes“. Festival de Cannes (англиски). Посетено на 2017-10-28.
  8. Graham, Heather; Fiennes, Joseph; McElhone, Natascha (2002-06-21), Killing Me Softly, Посетено на 2017-10-28

Користена литература:

уреди
  • Arlette Bouloumié, « La dernière femme de Barbe-Bleue dans les réécritures des mythes au xxe siècle », dans Jacques Boulogne (dir.), Les Systèmes mythologiques : colloque « Les systèmes mythologiques », Université de Lille, 1995, Lille, Presses universitaires du Septentrion, 1997, p. 323-337.
  • Charrière, Georges (1980). „Du social au sacré dans les contes de Perrault (Suite*)“. Revue de l'Histoire des Religions. 197, fascicule n° 2 (3): 159–189. doi:10.3406/rhr.1980.5033..
  • Charrière, Georges (1980). „Du social au sacré dans les contes de Perrault (Suite*)“. Revue de l'Histoire des Religions. 197 (3): 289-315. doi:10.3406/rhr.1980.5033. Укажано повеќе од еден |pages= и |page= (help).
  • Florence Fix, Barbe-Bleue et l'esthétique du secret de Charles Perrault à Amélie Nothomb, Hermann, 2014, 234 p.
  • . ISBN 978-1-60473-230-6. Отсутно или празно |title= (help).
  • . ISBN 2-88340-033-4. Отсутно или празно |title= (help).
  • . ISBN 978-0-69112-783-5. Отсутно или празно |title= (help).

Целосен текст на Wikisource

уреди

Шарл Перо

Надворешни врски

уреди
  NODES