Сијагриј (430 – 486 или 487) бил последниот римски заповедник во Галија, чиј пораз од страна на кралот на Франките Хлодовик I се смета за крај на римската власт надвор од територијата на Италија. Тој функцијата дошол наследувајќи го татко му Егидиј,[1] последниот римски магистер милитум за Галија. Сијагриј ја задржал територијата на татко му меѓу Сома и Лоара околу Соасон по падот на централната власт во Западната Империја. Територија која Григориј Турски ја нарекувал "Сијагриско кралство". Сијагриј владеел со оваа галоримска енклава од смртта на татко му во 464 до 486, кога во битка бил поразен од Хлодовик I. Историчарите како Годфроа Курт (1893) ја отфрлиле титулата „Крал на Римјаните“ (rex Romanorum) која му ја припишал Григориј Турски велејќи дека е погрешна. Општиот консензус меѓу нив е дека Римјаните мразеле кралства уште од времето кога го отфрлиле Тарквиниј Горди; самиот Сијагриј за себе велел дека е "Римски владетел (во Северна Галија)". Сепак, Фанинг собрал бројни примери дека титулата rex се користи во неутрален ако не и поволен контекст и тврди дека нема ништо чудно во тоа што Григориј Турски или други франкиски извори зборуваат за титулата Romanorum rex бидејќи римските заповедници како Сијагриj биле или се доживувале како римски императори."[2]

"Сијагриско кралство".

Крајот на римска Галија

уреди

Иако бил изолиран од деловите на Римското Царство кои останале, Сијагриј цели 20 години успеал да ја одржи римската власт во северниот дел на Галија а неговата држава опстанала подолго и од самата Западна Империја чии последни императори биле тргнати од власт или убиени во 476 и 480. Сијагриј успевал да се справува со соседните Салиски Франки водени од Хилдерик, иако не се знае како и на кој начин тоа го остварувал. Сепак, познато е дека Хилдерик претходно пристапил на помош на Гало-Римјаните, стапувајќи во сојуз со некој офицер по име Пол во операции против Саксонците кои во одреден период го имале опседнато Анже.[3] По смртта на Хилдерик во 481, него го наследил Хлодовик. Додека Хилдерик се чини немал интерес да го напаѓа гало-римскиот домен на запад, Хлодовик веднаш одлучил да тргне во освојувачки воени походи за проширување на кралството и со војската тргнал да го заземе престолнината на Сијагриј во Соасон. Не се знае многу за самата битка кај Соасон, но се знае дека победник бил Хлодовик. Со поразот на Сијагриј, провинцијата Белгика Секунда паднала под франкиска власт.[4]

Како што Едвард Гибон подоцна напишал, "Би било неблагодарно, без повеќе да знаеме со која сила и ресурси располагал, да се осудува брзото бегство на Сијагриј, кој по изгубената битка побегнал во далечниот дворец во Тулуза."[5] Тулуза бил престолнина на Аларик II, крал на Визиготите. Исплашени од победничките Франки, Визиготите го заробиле Сијагриј а потоа му го предале на Хлодовик. Тој набрзо потоа починал, тајно избоден, како што тврди Григориј Турски.[6]

Поколение

уреди

Иако Сијагриј бил убиен, неговото семејство просперирало за време на франкиската власт. Кралот Гунтрам го испратил грофот Сијагриј на дипломатска мисија во Византиското Царство во 585. Потомок на Сијагриј дал донација во земја на монасите на Опатијата Новалеса во 739. Последниот член на семејството Сијагриј, споменат во 757, бил опат на Нантуа[7]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Gregory of Tours, II.18; II.27
  2. S. Fanning, "Emperors and empires in fifth-century Gaul", in John Drinkwater and Hugh Elton, Fifth-Century Gaul: A Crisis of Identity? (Cambridge: University Press, 1992), pp. 288-297
  3. Gregory of Tours, II.18,19
  4. Gregory of Tours, II.27
  5. Gibbon, Decline and Fall of the Roman Empire, chapter 38
  6. Gregory of Tours, II.37
  7. Lucien Musset, The Germanic Invasions: The Making of Europe 400-600 AD (New York: Barnes & Noble Books, 1965), p. 127

Понатамошни читања

уреди

Надворешни врски

уреди
Владејачки титули
Претходник
Паул
Владетел на Соасонски домен
464–486
Наследник
Политички функции
Претходник
Егидиј
Магистер милитум на Галија
464–486
Наследник
  NODES
Done 1
Story 1