Сламеницакуќа или колиба покриена со слама[1]. Покрај со слама, во одредени делови на светот се користат и други суви растенија како што се трската и палмините лисја. Сламата се поставува така што го штити внатрешниот дел од покривот од вода. Голем дел од внатрешните слоеви слама останува сум и густо пакуван, па фатениот воздух делува како изолатор.

Типична сламеница на островот Риген, Германија.

Ова е многу стар вид на покрив и се користи во и тропските и во умерените клими. Во земјите во развој сè уште се користи заради ниската цена на локалната вегетација. Во развиените земји, изборот на ваков покрив е на богатите кои сакаат рустикален или поеколошки покрив за нивниот дом.

Сламеници во Македонија

уреди

Во Македонија сè до крајот на XIX век куќите биле покривани со слама[2]Замената на сламените покриви била најголема после 1903 година кога многу села биле запалени[3]

Наводи

уреди
  1. „Сламеница“Дигитален речник на македонскиот јазик
  2. Галичник лулка на градителството[мртва врска] на семрежното место на МИА
  3. [1] Кичевија на семрежното место на Македонска нација

Надворешни врски

уреди
  NODES