Слепо црево (лат. coecum) е црволик додаток или преостаната шуплива цевчеста формација прикачена на продолжетокот од дебелото црево. Слепото црево кај човекот, вообичаено од 8-10 см и помалку од 1,3 см, нема функција во системот за варење. Неговите мускулни ѕидови ги исфрлаат своите мукозни секрети или кои било цревни содржини што влегуваат во него.

Слепо црево
Normal location of the appendix relative to other organs of the digestive system (frontal view).
Податоци
СистемСистем за варење
АртеријаАртерија на слепото црево
ВенаВена на слепото црево
Назнаки
Латинскиappendix vermiformis
TAA05.7.02.001
FMAFMA:14541

Воспаление на слепото црево

уреди

Блокада на отворот може да спречи исфрлање и да предизвика воспаление на слепото црево; се собираат течности, бактериите се множат и слепото црево станува надуено и воспалено; ткивото во слепото црево почнува да изумира и органот може да пукне, предизвикувајќи воспаление на перитонеумот. Симптомите можат да започнат со умерена болка во горниот абдомен, околу папокот, или во целиот абдомен. Потоа може да се јави мачнина и повраќање. Болката може да се префрли во десниот долен абдомен. Вообичаено е присутна треска, но во првите фази ретко е висока. За да се направи разлика меѓу акутно воспалување на слепото црево од другите причини за стомачна болка потребен е внимателен преглед. Се лекува со отстранување на слепото црево (апендектомија).[1]

Наводи

уреди
  1. Британика Енциклопедиски Речник. Топер, МПМ, 2005, стр. 37
  NODES