Смил
Смил | |
---|---|
Научна класификација | |
Царство: | Plantae |
Оддел: | Tracheophyta |
Класа: | Magnoliopsida |
Ред: | Asterales |
Семејство: | Asteraceae |
Потсемејство: | Asteroideae |
Племе: | Gnaphalieae |
Потплеме: | Gnaphaliinae |
Род: | Helichrysum |
Смил (смиљ, смилика, лат. Helichrysum), голем род на едногодишни растенија, повеќегодишни, полугрмушки и грмушки од фамилијата главоцветни (Asteracea). Вклучува повеќе од 560 видови, од кои најпознат е медитеранскиот смил или теснолистниот смил, крајбрежниот смил ( Helichrysum italicum ) кој расте на сончевиот, карпест Медитеран. Овој вид расте до 60 см, има тесни листови и жолти цветови, а најпознат е по својата делотворност врз стареењето на кожата.[1]
Покрај медитеранскиот смил, во Хрватска расте и крајбрежниот смил ( H. litoreum ); стоичадесов смил ( H. stoechas ); песочен смил ( Helichrysum arenarium). Растението е познато и како златноцветна трева, која исто така добро поднесува високи летни температури на карстниот и карпестиот терен, па овие видови се широко распространети во медитеранските земји: Хрватска, Италија, Франција, Шпанија, Кипар, Мароко, Алжир;
Смилот го нарекуваат и „растение кое никогаш не вене“ и кое долго време убаво мириса.
Латинското име на родот доаѓа од грчките зборови хелиос (сонце) и хрисон (златно), веројатно поради неговите жолти цветови.
Денес, растението често се одгледува главно поради квалитетното масло што го содржи. Маслото се користи во козметичката индустрија и медицината.
Наводи
уреди- ↑ Wilson, P.G (2016). „A taxonomic treatment of Chrysocephalum apiculatum and C. semipapposum (Asteraceae: Gnaphaliae)“. Nuytsia. 27: 33–73.