Срцев удар, устрел, дамла, шлог или миокарден инфаркт е израз што се користи кога коронарната артерија наеднаш ќе се затне со грутка крв и делот од срцевиот мускул што е снабдуван од таа артерија ќе се оштети, затоа што е лишен од кислород. Главните знаци се болка во градите или нелагодност. Медицинскиот израз за ова неочекувано блокирање со грутка крв (тромб) на срцевата артерија се нарекува коронарна тромбоза или коронарно затнување. Медицинскиот израз за постојано оштетување на срцевиот мускул е срцев инфаркт (myocardial infarction).[2]

Миокардијален инфаркт
СинонимиАкутен миокарден инфаркт (AMI), срцев удар
СпецијалностКардиологија, ургентна медицина
СимптомиГрадна болка, задишување, наузеа, чувство на слабост, ладна пот, чувство на замор; болка во раката, грбоот, вилицата или стомакот[1]
КомпликацииСрцева слабост, аритмија, кардиоген шок, кардијален застој
ПричинителиВообичаено коронарна артериска болест
Ризик-факториВисок крвен притисок, пушење, дијабетес, физичка неактивност, гојазност, хиперхолестеролемија
Дијагностички методЕлектрокардиограм (ЕКГ), крвни тестови, коронарна ангиографија
ЛекувањеПеркутана коронарна интервенција, тромболиза
ЛековиАспирин, нитроглицерин, хепарин
ПрогнозаSTEMI 10% ризик од смрт (во развиените земји)
Честота15.9 милиони (2015)

Во Македонија, според податоците на Институтот за јавно здравје, дневно умираат по четворица луѓе како последица на инфаркт.[3]

Наводи

уреди
  1. „Heart Attack Symptoms in Women“. American Heart Association.
  2. Срцева задолжбина, леток - ‘Срцев удар - секоја минута е важна’, Австралија.]
  3. „Инфарктот секој ден зема четворица“, Утрински весник, број 4594, петок, 26 септември 2014, стр. 2.

Надворешни врски

уреди
Класификација
П · Р · П
Надворешни извори



  NODES
Association 1
os 1