Сталактит
Сталактит (од старогрчки: σταλακτός, „што капе“[1]) — минерална образба која виси од таваните во пештерите, топлите извори, мостовите и рудниците. Секој растворлив материјал кој може да се таложи како колоид, суспензија или способен да се стопи може да образува сталактит. Сталактитите се сочинети од лава, минерали, кал, тресет, катран, песок и др.[2][3] Сталактитот не мора да биде капник (спелеотем), иако капницитге се најчест облик на сталактити поради изобилството од варовнички пештери.[2][4]
Кога ваквото таложење се одвива на пештерскиот под, образбата се нарекува сталагмит.
Видови образби
уредиВаровнички сталактити
уредиНајчестите сталактити се капници во варовнички пештери. Тие се образуваат со таложење на калциум карбонат и други минерали од минералилизирани водни раствори. Варовникот е најзастапен облик на калциум карбонат кој се раствора во вода што содржи јаглерод диоксид, образувајќи раствор од калциум бикарбонат во пештерите.[5] Хемиската формула на оваа реакција гласи:[6]
- CaCO
3(s) + H
2O(l) + CO
2(aq) → Ca(HCO
3)
2(aq)
- CaCO
Растворот оди по карпата додека не дојде до раб, и ако тој е на таван на пештера, истиот капе надолу. Кога растворот ќе дојде во допир со воздух хемиската реакција што го создала оди обратно reversed и честичките на калциум карбонат се нафаќаат. Обратната реакција е:[6]
- Ca(HCO
3)
2(aq) → CaCO
3(s) + H
2O(l) + CO
2(aq)
- Ca(HCO
Просечната стапка на раст изнесува 0,13 мм годишно. Најбрзорастечки се оние постојано напојувани со вода богата со калциум карбонат (CaCO3) и јаглерод диоксид (CO2) и нивната стапка е 3 мм годишно.[7][8] Стапката на капење мора да биде доволно бавна за да дозволи CO2 да испари од растворот во пештерската атмосфера, и така CaCO3 да се нафати на сталактитот. Пребрзото капење без ослободен гас ги пропушта капките на подот; таму гасот се ослободува и CaCO3 се таложи како сталагмит.
Сите варовнички сталактити почнуваат со една капка вода што содржи минерали. Кога ќе падне, капката нанесува најтенок прстен од калцит. Секоја наредна капка прави уште еден прстен. Со време овие прстени образуваат многу тенка (≈4 до 5 мм во пречник) шуплива цевка наречена сламен сталактит. Сламките се доста долги, но многу нежни. Ако се затнат од друг материјал, водата почнува да претекува врз надворешноста, нанесувајќи повеќе калцит и создавајќи го попознатиот конусен сталактит.
Столбови
уредиИстите капки вода што паѓаат од врвот на сталактитот нанесуваат уште калцит на подот под него, и со време создаваат заоблен или конусен сталагмит. За разлика од сталактитите, сталактитите никогаш не почнуваат како шупливи сламки. Со доволно време овие образби можат да се спојат и да создадат капник од калциум карбонат наречен столб или сталагнат.[9]
Лавини сталактити
уредиДруг вид на сталактити настанува во лавини цевки додека стопената лава внатре е уште течна.[10] Образувањето и таложењето на стопен материјал на пештерските тавани се одвива многу бргу (часови, денови или недели), за разлика од варовничките сталактити, на кои им треба илјадници години. Значајна разлика е тоа што лавините сталакти престануваат да растат кога ќе престане да тече лавата. Ако се скрши, ваквиот сталактит никогаш нема да се опорави.[2]
Како варовничките сталактити, и овие капат на подот и образуваат сталагмити, и може да се спојат со сталактитот во столб.
Ајкулини заби
уреди„Ајкулините заби“ се широки сталактити кои се зашилуваат на крајот. Почнуваат како мали капки лава кои протекуваат од полуцврст таван, но потоа растат насобирајќи слоеви кога последователните лавини текови се креваат и спуштаат во лавината цевка, повеќекратно обложувајќи го сталактитот со сè повеќе материјал. По големина се движат од неколку милиметри до повеќе од еден метар.[11]
Сталактити од плискање
уредиКога лавата тече низ цевка, материјалот плиска на таванот и потоа се цеди надолу, стврднувајќи се во сталактит. Овој вид на образба е неправилно обликуван сталактит со истегнат изглед. Честопати се разликуваат по боја од првичната лава што ја создала пештерата.[11]
Цевчести лавини сталактити
уредиКога се лади таванот на една лавина цевка се создава облога која го зафаќа полустопениот материјал во неа. Ширењето на заробениот гас ја истиснуваат лавата низ малите отвори и доаѓа до настанот на шупливи цевчести сталактити аналогни на сламките од наносните капници. Најголемиот ваков сталактит е долг речиси 2 метра. Овие се чести кај хавајските лавини цевки и често имаат сталагмит што расте од накапениот материјал на подот. Понекогаш цевката се стопува кон нејзиниот крај кога ќе се намали притисокот на гасовите и стопените делови од лавата се издишуваат и ладат. Често овие цевчести сталактити имаат извиткан црвчест облик кога лавата се кристализира и го насочува текот во различни правци. Овие завојни сталактити (хеликтити) може да полегнат на влијание од струења на воздухот низ цевката и да се насочат долж струењето.[11]
Ледени сталактити
уредиМошне чест сталактит во пештерите присутен сезонски или преку целата година е ледениот сталактит, добро познат како мразулец. Се сраќава особено на површината.[12] Кога водата се исцедува од површината во пештера и температурата е под мрзнење, оваа вода образува сталактити. Се образуваат и со замрзнување на водената пареа.[13] Слично како лавините, ледените сталактии се создаваат многу бргу, за неколку часа или дена.
Ледените сталактити можат да се образуваат и под морски мраз кога солената вода кога послатката вода ја истиснува надолу посолената. И овие сталактити можат да образуваат сталагмити под нив и со време да се спојат во столб.
Бетонски сталактити
уредиСталактитите се образуваат и на бетон и водоводни цевки каде има бавно протекување на вода со калциум, магнезиум или други јони. Овие вторични наслаги како сталактити, сталагмити, наталожени камења и др. произлезени од варта, малтерот и други варовити материјали во бетонот не можат да се сметаат за капници (спелеотеми) поради дефиницијата на поимот.[8] За нив се користи поимот „калтемит“ — сите наталожени образби кои личат на капници, но присутни вон пештерски средини.[14]
Сталактитите се јавуваат на бетонот по поинаков хемиски пат околку оние во природните варовнички пештери, и се должат на присуството на калциум оксид во цементот. Бетонот е смеса од песок и цемент. Кога во таа мешавина ќе влезе вода, калциум оксидот во цементот реагира со водата образувајќи калциум хидроксид (Ca(OH)2). Хемиската формула на оваа појава гласи:[6]
- CaO(s) + H2O(l) → Ca(OH)2(aq)
Со тек на време дождовницата што тече низ процепите во бетонот со себе носи слободен калциум хидроксид во раствор до работ на бетонот. Сталактитите настануваат кога растворот ќе излезе од долната страна на бетонската градба каде виси во воздухот. Кога растворот ќе дојде во допир со воздух оздола во градбата доаѓа до друга хемиска реакција. Растворот реагира со јаглерод диоксидот во воздухот и таложи калциум карбонат.[6]
- Ca(OH)2(aq) + CO2(g) → CaCO3(s) + H2O(l)
Висулците обично се долги неколку сантиметри и имаат пречник од 4-5 мм.[6] Нивниот раст значително зависи од снабденоста со раствор заситен со Ca2+ и стапката на капење. Сламениот сталактит кој се создал под бетонската градба може да расте до 2 мм дневно кога доаѓа до капнување на секои 11 минути.[14] Промените вп pH-вредноста на растворот на процедокот водат до дополнителни хемиски ракции кои влијаат на растот на калтемитот.[14]
Галерија
уреди-
Сталактити во подземната река Пуерто Принсеса, Филипини
-
Капење на минерализирана вода под стакалтити
-
Сталакти од типот „сламки“ во пештерите кај Шоранш, Франција
-
Цевчести лавини сталактити
-
Цевчест лавин завоен сталактит
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „сталактит“ — Лексикон на македонскиот јазик
- ↑ 2,0 2,1 2,2 Larson, Charles (1993). An Illustrated Glossary of Lava Tube Features, Bulletin 87, Western Speleological Survey. стр. 56.
- ↑ Hicks, Forrest L. (1950). „Formation and mineralogy of stalactites and stalagmites“ (PDF). 12: 63–72. Архивирано од изворникот (PDF) на 2018-08-13. Посетено на 8 јули 2013. Наводот journal бара
|journal=
(help) - ↑ „How Caves Form“. Nova. Посетено на 1 јули 2013.
- ↑ C. Michael Hogan. 2010. Calcium. eds. A.Jorgensen, C. Cleveland. Encyclopedia of Earth. National Council for Science and the Environment.
- ↑ 6,0 6,1 6,2 6,3 6,4 Braund, Martin; Reiss, Jonathan (2004), Learning Science Outside the Classroom, Routledge, стр. 155–156, ISBN 0-415-32116-6
- ↑ Kramer, Stephen P.; Day, Kenrick L. (1995), Caves, Carolrhoda Books (објав. 1994), стр. 23, ISBN 978-0-87614-447-3
- ↑ 8,0 8,1 Hill, C A, and Forti, P, (1986, 1997). Cave Minerals of the World, 1st & 2nd editions. [Huntsville, Alabama: National Speleological Society Inc.]
- ↑ „Pillars“. showcaves.com.
- ↑ Baird, A.K. (1982). „Basaltic "stalactite" mineralogy and chemistry, Kilauea“. 4 (4). Geological Society of America Bulletin, abstracts with programs: 146–147. Наводот journal бара
|journal=
(help) - ↑ 11,0 11,1 11,2 Bunnell, Dave (2008). Caves of Fire: Inside America's Lava Tubes. стр. 124.
- ↑ Keiffer, Susan (2010). „Ice stalactite dynamics“. Посетено на 8 јули 2013.
- ↑ Lacelle, Denis (2009). „Formation of seasonal ice bodies and associated cryogenic carbonates in Cavene De L'Ours, Que' Bec, Canada: Kinetic isotope effects and pseudo-biogenic crystal structures“ (PDF). Journal of Cave and Karst Studies. стр. 48–62. Посетено на 8 јули 2013.
- ↑ 14,0 14,1 14,2 Smith, G K. (2016). "Calcite straw stalactites growing from concrete structures". Cave and Karst Science 43(1), стр. 4-10.
Надворешни врски
уреди- Сталактит на Ризницата ?
- Пештерски украси[мртва врска] — за сталактитите, сталагмитите и другите пештерски образби, Истражувачко друштво „Урсус Спелеос“ (македонски)