Статините исто така познати како HMG-CoA редуктаза инхибитори, се класа на лекови кои го намалуваат нивото на липиди.

Статин
Класа на лек
Ловастатин
Ловастатин, соединение изолирано од Aspergillus terreus, бил првиот статин на пазарот.
УпотребаЗголемено ниво на холестерол
Биолошки таргетHMG-CoA редуктаза
ATC кодC10AA
Надворешни врски
MeSHD019161
AHFS/Drugs.comDrug Classes

Несаканите ефекти на статините вклучуваат мускулна болка, зголемен ризик од дијабетес мелитус, и абнормални резултати на тестовите за хепатални ензими.[1]

Заклучно со 2010 година, голем број на статини се наоѓаат во промет: аторвастатин, флувастатин, ловастатин, питавастатин, правастатин, росувастатин и симвастатин.[2] Достапни се и комбинации на статин со друг агенс, како езетимиб/симвастатин. Во 2005, продажбата на статини во САД е проценета на околу US$18.7 милијарди.[3] Најпродаваниот статин е аторвастатинот исто така познат како Липитор, кој во 2003 станал најпродаваниот лек во историјата.[4] Производителот Фајзер пријавил добивка од US$12.4 милијарди во 2008.[5]

Несакани ефекти

уреди

Најважните несакани ефекти од употребата на статини се мускулна болка и мускулна слабост, дијабетес мелитус, хеморагичен мозочен удар и миопатија, која може да прогредира до рабдомиолиза.

Механизам на дејство

уреди

Статините делуваат преку компетитивна инхибиција на ензимот HMG-CoA редуктаза. Овој ензим е одговорен за претворањето на 3-хидрокси-3-метил-глутарил-коензим A во мевалонат, главниот претходник во синтезата на стеролите, вклучувајќи го и холестеролот.

Наводи

уреди
  1. Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
  2. Sweetman, Sean C., уред. (2009). „Cardiovascular drugs“. Martindale: the complete drug reference (36th. изд.). London: Pharmaceutical Press. стр. 1155–434. ISBN 978-0-85369-840-1.
  3. Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
  4. Simons, John (20 January 2003). „The $10 Billion Pill“. Fortune. 147 (1): 58–62, 66, 68. PMID 12602122. Архивирано од изворникот на 2016-03-03. Посетено на 2018-10-05.
  5. "Doing Things Differently" Архивирано на 12 мај 2013 г., Pfizer 2008 Annual Review, 23 April 2009, p. 15.
  NODES
mac 1
os 1