Стихар (грчки: στιχάριον) — дел од богослужбената одежда што го носат сите членови или степени на православното свештенство во два облици: еден за чтеците, певците, подѓаконите и ѓаконите, и друг за презвитерите и епископите. Стихарите ги носат и момчињата кога учествуваат во некои православни обреди (на пр. погреби, литии). Стихарот е одежда слична на грчкиот хитон или римската туника кој го прекрива целото тело, од главата до петиците.

Руски стихар

Историја

уреди

Стихарот е произлезен од античкиот хитон и бил прифатен од сите стари христијански заедници. На почетокот бил изработуван од лен и во бела боја, што одговарало на бојата на алиштата на ангелите. Подоцна, за време на Источното Римско Царство, бојата се усогласува на литургиските пригоди и се изработува од богати ткаенини.

Подѓакони и ѓакони

уреди

Кај ѓаконите, подѓаконите, чтеците и певците стихарот е главна одежда. Го облекуваат над расото, тој е долг и прав, со широки ракави, понекогаш долу е странично отворен и се затвора со копчиња или со ленти. Вообичаено на грбот, меѓу рамената, извезен е крст. Бојата на ткаенината се избира во зависност од литургиите.

Презвитери и епископи

уреди

Стихарот на презвитерите и епископите е различен затоа што во голема мера тој е покриен со литургиска облека. Овој стихар се изработува од полесна ткаенина, како лен, сатен или свила, и вообичаено е во бела боја, но не секогаш. Белата боја симболизира чистота која се бара од свештенослужителот. Ако одеждата е црвена, тогаш го означува Христовото страдање. Ракавите не се широки како кај оние на ѓаконите, и се затвораат кај шаките.

Литургиска употреба

уреди

Ѓаконите, подѓаконите и другите лица од ѓаконскиот степен, задолжително го носат стихарот за време на сите служби. Сепак се шири обичај за време на малите церемонии истиот да не се облекува. Презвитерите и епископите облекуваат стихар само за божјите литургии. Ѓаконот пред да го облечи стихарот му го излага на свештеникот за овој да го благослови. Презвитерите и епископите самите си ги благословуваат стихарите пред да ги облечат.

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди
  NODES