Карлота Сузан Остен (шведски: Carlota Suzanne Osten; 20 јуни 1944 - 29 октомври 2024) — шведска филмска и театаска режисерка и сценаристка.[1] Таа ја добила наградата за најдобар режисер на 22-те награди Гулдбаге за филмот Браќата Моцарт.[2]

Сузан Остен
Остен во 2015 година.
Роден(а)Карлота Сузан Остен
20 јуни 1944(1944-06-20)
Стокхолм, Шведска
Починал(а)29 октомври 2024(2024-10-29) (возр. 80)
НационалностШвеѓанка
Занимањедраматург, режисер, писател, сценски режисер, шрофесор
Активен период1971–2024
ДецаХана

Животопис

уреди

Сузана Остен е родена во Стокхолм. Таа била ќерка на изработувачот на алатки Карл Ото Остен (1912–1970) и филмската критичарка Герд Остен (родена Екбом), чии фрустрирачки напори да режира филм во филмската индустрија во која доминираат мажите е заснована содржината на дебитантскиот филм на нејзината ќерка „Мама“ (1982 година). Таткото на Остен бил социјалдемократ и борец, кој дошол во Шведска кога побегнал од нацистичкиот режим во Германија. Нејзините родители се венчале во 1941 година, но се развеле кога Сузана била мала. Во 1963 година, Остен дипломирала во средното училиште „Viggbyholmsskolan“, чија наставна програма била насочена кон јазикот и креативните предмети, и, по ова, студирала уметност, литература и историја на Лундскиот универзитет, каде што започнала да режира на универзитетскиот театар.

Театар

уреди

Остен ја формирала една од првите алтернативни шведски театарски дружини, Фиктеатерн, и ја започнала својата кариера како сценски режисер кон крајот на 1960-тите. Во 1971 година, таа продолжила во Градскиот театар во Стокхолм, што било нејзина фиксна точка за многу децении. На тоа место, таа станала водач во развојот на политичкиот театар од тоа време. Заедно со Маргарета Гарпе, таа ја напишала драмата „Tjejsnack“ (Женски разговори) во 1971 година, наменета за тинејџерки. Некои песни од таа претстава, како што е феминистичката химна „Vi måste höja våra röster“ (Мораме да го кренеме својот глас) се наоѓаат на винил плочата „Sånger för kvinnor och män“ (Песни за жени и мажи) од 1972 година. По ова, Остен и Гарпе ги напишале драмите „Kärleksföreställningen“ (Поим за љубовта) од 1973 година, „Jösses flickor! Befrielsen är nära“ (Еј девојки! Слободата е близу) од 1974 година и „Fabriksflickorna, makten och härligheten“ (Девојки од фабриките, моќта и славата) од 1980 година. Сите овие претстави имале посебна врска со шведската феминистичка организација Група 8.[3]

Сузана Остен е пионер во развојот на театарот за деца. Во текот на нејзината кариера, таа се залагала за уметноста и културата за децата и младите. Таа тврдела дека перспективата на детето е прашање на моќ, за опишување на односите на моќ и за гледање на моќта од перспектива на немоќниот, т.е. од перспектива на послабиот. Детето е секогаш позависно од возрасниот, бидејќи децата се немоќни во однос на возрасните. Остен останала верна на ова гледиште во своето пишување, режирање, па дури и во кастингот на претставите и филмовите. Во 1975 година, таа ја формирала Унга Клара, филијала на Градскиот театар во Стокхолм, со цел да продуцира театарски претстави за деца и млади. Остен работела таму и како сценски режисер и како уметнички режисер до летото 2014 година и развила процес за создавање на претстава.

„Бејбидрама“ од 2006, е напишана од психоаналитичарката и драматисткаЕн-Софи Барањи во период со импровизација и истражување. Оваа продукција била контроверзна бидејќи наменетата публика биле доенчиња на возраст од шест месеци. Остен била предупредена дека децата на оваа возраст не можат да сфатат драма, но таа им се спротивставила на критичарите и, за време на оваа изведба, доенчињата, без претходно знаење за театарот, седеле како театарска публика колективно гледајќи ја претставата еден час. Бејбидрама е кабаре со шест глумци. Наративот го сугерира искусното искуство на публиката од зачнувањето, времето во матката, раѓањето, состанокот со своето семејство и потоа во животот. Остен ја документирала реакцијата на младата публика во „Бејбидрама: Документарен филм со бебето како снимач“[4] каде гледачите ги гледаат лицата на доенчињата кои ја гледаат претставата. Остен смета дека ова е доказ за значењето на возрасните како изведувачи, како дистрибутери на уметности и за човечката љубов кон комуникацијата. Таа ја толкува реакцијата на публиката како вродена потреба кај децата за гестови, изрази на лицето, емоции, јазик и тела од кои може да ја научи комуникацијата.[5][6]

Процесот на Остен ја вклучува целата театарска дружина; писатели, глумци, техничари, творци на маски, засновани на истражување и проширена соработка со групи публика. Овој процес е под влијание на импровизациониот театар на Кит Џонстон. Експертите надвор од театарскиот свет, уметниците и академските истражувачи се поканети од Остен да придонесат со својата експертиза во еволутивниот и импровизациониот процес на сценската продукција. Овој метод на работа Остен го ставила на тест во Бејбидрама кога сакала да испита колку рано може публиката да биде приемчива на театарската претстава.

Сценски Режисер - гостин

уреди

Остен била гостин сценски режисер во други театри освен Унга Клара и во жанрови различни од детскиот театар. Овие продукции ги вклучуваат оперета „Glada Änkan“ (Веселата вдовица) на Фолкопера во 2008 година, и популарните продукции во Градскиот театар во Гетеборг, како што се „Publiken“ (Јавното) на Федерико Гарсија Лорка и „I Annas Garderob“ (Во плакарот на Ана) на Ен-Софи Барањи, инспирирана од животот и делото на Ана Фројд. Во 2014 година, Остен режирала голема нордиска театарска соработка во која учествувале уметници од Исланд, Финска и Шведска. „Магнус Марија: Опера за вистинскиот пол“ е за Мери Јохансдотер / Магнус Јохансон, чија судбина започнува кон крајот на XVII век во Фогло во Оланд и завршува неколку децении подоцна во Стокхолм. Операта премиерно била прикажана во Мариестад, Оланд и имала турнеја низ нордиските земји.[7]

Филм

уреди

Остен од сцената се префрлила на филм со два филма направени за телевизија; „Moa, Östen och Stella“ (Моа, Остен и Стела) како сценарист во 1974 година и „Barn i Afrika“ (Децата во Африка) како режисер во 1978 година, пред да дебитира со долгометражниот игран филм „Мама“ (1982). Како и нејзините сценски продукции, нејзините филмови исто така се занимаваат со политички теми, на пример „Skyddsängeln“ (Ангелот чувар) од 1990 година, кој се фокусира на политичкиот тероризам, иако се заснова на немирите и барањата за демократија во Шведска на почетокот на XX век. Tala! Det är så mörkt, (Зборувај погласно! Многу е мрачно) зборува за бранот на неонацизам што ја зафатил Шведска во 80-тите и 90-тите години и неговата врска со невработеноста меѓу шведските млади луѓе. За „Bröderna Mozart“ (Браќата Моцарт) од 1986 година, Остен била наградена со Гулдбаге во 1987 година за најдобра режија. Надвор од Шведска, „Ангелот чувар“ бил избран за „Un Certan Regard“ на Канскиот филмски фестивал во 1990 година.

Амбасадор на филмови за деца

уреди

Во ноември 2014 година, Остен била назначена за прв амбасадор за деца во Финска од Шведскиот филмски институт. Во оваа улога, Остен требало да работи за развој на филм за деца во земјата. Оваа позиција ја започнала во 2015 година.[8]

Контроверзии

уреди

Филмот „Девојчето, мајката и демоните“ (2016) е напишан и режиран од Остен, заснован на нејзината измислена автобиографија од 1998 година, „Flickan, mamman och soporna“ (Девојчето, мајката и ѓубрето), која била ревидирана за сцена од Ерик Уденберг[9] со ист наслов. Филмот, со датум на излегување во април 2016 година, бил сниман повеќе од 11 години. Сепак, шведскиот цензор го оценил за личности над 15 години во март 2016 година. Филмот веќе бил0 прикажан за избрани семејства во Шведска, а маркетингот бил во тек кога била донесена оваа одлука. Колегите на Остен иницирале протест, а одлуката за рејтингот била успешно обжалена.[10] Во една статија во Svenska Dagbladet, авторите тврдат дека со негирање на правото на децата да го гледаат филмот, шведскиот цензор покажува презир кон децата и ги манифестира конзервативните ветрови што дуваат во Шведска во 2016 година.

Избрана филмографија

уреди

Избрана библиографија

уреди

Фикција

уреди
  • Papperspappan (Татко на хартија), 1994
  • Flickan, mamman och soporna (Девојчето, мајката и ѓубрето), 1998

Драма

уреди
  • Mina meningar (По мое мислење), 2002
  • Babydrama - En konstnärlig forskningsrapport (Бејбидрама: Извештај за уметничко истражување), 2009
  • Det allra viktigaste (Што е најважно), 2013

Наводи

уреди
  1. „Suzanne Osten“. The Swedish Film Database. Посетено на 14 March 2014.
  2. „Bröderna Mozart (1986)“. The Swedish Film Database. Посетено на 15 March 2014.
  3. Johansson, Birgitta (2006). Befrielsen är nära Feminism och teaterpraktik i Margareta Garpes och Suzanne Ostens 1970tals-teater (1. изд.). Stockholm: Symposion. ISBN 91-7139-759-0.
  4. Osten, Suzanne. „Baby Drama: A documentary Film with the baby as the lens“. YouTube. Unga Klara.
  5. Osten, Suzanne (2009). Babydrama En konstnärlig forskningsrapport. Stockholm: Dramatiska Institutet.
  6. Bárány, Ann-Sofie (2008). Babydrama (1. изд.). Göteborg: Kabusa. ISBN 978-91-7355-037-6.
  7. „Magnus Maria An Opera About the Right Gender by Karólína Eiríksdóttir“. mic.is. Архивирано од изворникот на 2016-02-29. Посетено на 29 January 2016.
  8. Jensen, Jorn Rossing. „Suzanne Osten becomes Sweden's first film ambassador“. cineuropa.org. Посетено на 29 January 2016.
  9. Uddenberg, Erik. „Flickan, mamman och sopporna“. columbine.se. Columbine Förlag. Посетено на 19 March 2016.
  10. Deinoff, Gustav. „Barnförakt att förbjuda Suzanne Ostens film“.

Надворешни врски

уреди
  NODES