Сутјеска

река во Босна и Херцеговина

Сутјеска (српскохрватски: Sutjeska/Сутјеска) — река во Република Српска, Босна и Херцеговина, притока на Дрина, во која се влева кај Фоча. Зборот „сутјеска“ значи кратка клисура.

Сутјеска пред да навлезе во клисурата

Реката е најпозната како место на одигрување на значајната Битка на Сутјеска (1943) во Втората светска војна.

Географија

уреди

Сутјеска е сместена во Националниот парк „Сутјеска“ и ја дели планината Зеленгора од планините Маглиќ, Волујак и Биоч, со впечатлива клисура длабока 1.200 м и долината Тјентиште.

Поради големиот пад од 1.037 метри, Сутјеска е многу брза и располага со околу 20.000 кВч хидроенергија.[1]

Притоки

уреди
 
Долината на Хрчавка во Националниот парк „Сутјеска“

Реката ги има следниве притоки:

  • леви: Клобучарица, Јабучница и Хрчавка;
  • десно: Сушки Поток, Приевор и Перуќица.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Енциклопедија на Југославија: Србија – Ж (книга VIII). „Југословенски лексикографски завод“, Загреб, 1971.

Надворешни врски

уреди
  NODES