Тенисспорт кој се игра меѓу два играчи (сингл), или помеѓу две екипи од два играчи (дубл). Целта во тенисот е да се префрли гуменото топче преку мрежата со помош на рекетот, од својата половина на половината на противникот. На некои места тенисот се нарекува уште и тревен тенис со цел да се разликува од вистинскиот тенис, кој е сличен на денешниот тенис и бил игран во викторијанска Англија. Тенисот стана олимписки спорт во 1988.

Првите почетоци

уреди

Игрите со топка датираат од антички времиња и првите знаци на вакви спортови можат да се проследат до цртежи во Египетските храмови кои датираат од 1500 г.п.н.е. Старите Египќани всушност играле игри со топка како дел од нивните верски обреди. Овие традиции и целиот концепт на игри со топка бил проширен во Европа во осмиот век од страна на Маврите, чие царство се простирало до јужна Франција. Колку и да изгледа чудно, всушност мешањето на оваа источна култура со Христијанството го содала тенисот.

Христијанските калуѓери започнале да се за верските обреди на Маврите и така тие биле првите жителие на Европа кои започнале да ја играат играта која подоцна ќе биде наречена тенис. Најпрвата верзија на спортот била наречена “Ла Сол” каде што играчите си подалвале со топката користејќи стап или пак со рацете. Оваа игра станала толку популарна низ манастирите во Европа што дневната црква размислувала дури и да ја забрани.

Оваа многу рана верзија на тенис, каде што топката често била удирана спроти манастирските ѕидови, наскоро излегла надвор од рамките на манастирите и започнала да се развива сè повеќе и повеќе за време на 12. и 13. век. Играчите откриле дека им е потешка да ја удираат топката само со користење на своите раце, па така се развила потреба за кожна ракавица. За кретко време се додала и дрвена рачка на кожната ракавица, па така настанал првиот тениски рекет. И топките биле усовршувани, преминувајќи од цврсто дрво кон многу помека конструкција составена од кожа полнета со струготини. Играта наскоро станала многу популарна особено во Франција каде била присвоена од кралското семејство.

Вистински тенис

уреди

Вистинскиот тенис бил всушност многу различен од денешниот тенис. Се играл во затворен простор, во големи ходници со испакнати покриви. Бодовите се освојувале во зависност како била изиграна топката од ѕидот на ходникот. Ова е многу различно од денешниот т.н. тревен тенис каде што теренот е правоаголен и покриен со трева, и е ограничен со означени краеви, а не пак со ѕидови. Вистинскиот тенис имал многу поинакви правила од денешниот.

Играта како што ја знаеме денес ја добила својата форма во Франција. За време на XVI, XVII, и XVIII век таа станала спортот на благородниците и кралското семејство, и била наречена “играта на палмата”. Во раниот период француските играчи го започнувале мечот извикувајќи “тенез” што значи “играј”. Играта наскоро станала позната како вистински тенис. По нејзиното првично популаризирање кај француското благородништво тенисот се проширил низ Европа станувајќи најпопуларен во Англија. Исто како во Франција така и во Англија тенисот станал познат како вистински спорт. Хенри VIII бил многу страствен играч и изградил терен на неговиот вистински двор во Хемптон, кој сè уште се користи од страна на ентузијасти на вистинскиот тенис. Но тенисот не бил ограничен само на Англија и Франција, туку се проширил и во Шпанија, Италија, Холандија, Швајцарија и Германија. Во XVII век, интересот за играта опаднал, а со Француската револуција и Наполеоновите војни скоро исчезнал во цела Европа.

Тревен тенис

уреди

Но тоа се сменало во XIX век кога викторијанскиот просперитет во Англија го заживел тенисот. Терени биле градени во многу познати дворови, и првите тениски клубови кои пружале установи за новите играчи. Во тој период растела популарноста на тревниот тенис. Ентузијастите долго време се обидувале да го адапритаат спортот за игра на отворено, и колку и да изгледа чудно тоа било постигнато благодарејќи на пронајдокот на вулканизираната гума. Тоа го овозможило производството на топки кои биле доволно меки да не ја оштетат тревата, а сепак имале ја цврстината и живоста на гумата.

Друг важен фактор била леснотијата на тревниот тенис. Имено сè што било потребно било рамна тревна површина и така терените за тревниот тенис станале секојдневие во имотот на богатите. Вистинскиот тенис бил единствено во рамките на благороднците и кралското семејство, меѓутоа во викторијанска Англија спортот бил прифатен и од другите погорни класи. Терминот тревен тенис бил скован од Артур Балфур, британски државник. Иако не требало долго време за тревните површини да бидат заменети од различни вештачки површини, името сепак останало долго време. За кратко време тенисот започнал да го зазема местото на крокетот како летен спорт. Најголемата поддршка за тенисот дошла во 1875 година кога “англискиот крокет клуб” не успеал да привлече доволно посетители, па во 1875 го додале тенисот како странична атракција. Новата игра била толку прифатена што во 1877 името на клубот било сменато во “англиски крокет и тенис клуб”. Но растечките трошоци за кирија на нивното место од четири акриво предградието на Лондон-Вимблдон, ги натерало да соберат додатни парични средства. Така првиот турнир за тревен тенис бил организиран. Бил организиран комитет за да зацрта сет на правила, и првиот турнир започнал со 22 играчи и околу 200 гледачи. Така се родил првенството на Вимблдон.

Првенството на Вимблдон е еден од најзначајните настани во историјата на тенисот. Играта ја будеше фантазијата на јавноста и не беше потребно долго време за да се родат првите шампиони. Првиот од овие беше Вилијам Реншо, кој го добил приматот шампион на Вимблдон осум пати со ред, помеѓу 1881 и 1889 (освоил второ место во 1887) – рекорд кој останува непобеден сè до ден денес.

Преку следните неколку години, спортот се здобил со огромна популарност, и тоа не само во Англија туку и низ целиот свет и во 1905 година Меј Сатон од САД станал првиот меѓународен играч. Таа година турнирот привлекол 71 играч. Неколку години подоцна, во 1909 година биле присвоени виолетовата и зелената боја, кои сè уште се користат и ден денес. Растот на тенисот продолжил и турнирот од 1927 бил првиот тениски настан кој бил пренесуван преку радио. Ова му ја зголемило популарноста на тенисот повеќе, и во 1930-тите тој станал спорт од високата мода, предводен од британските ѕвезди како Фред Пери и Дон Баxм и меѓународните шампиони како Хенри Лакост. Во тоа време највообичаени униформи беа долги пантолони за мажите, а за жените долги здолништа и високи чорапи. Модните трендови се развивале побрзо од спортот, и така Бани Остин од САД ја шокира публиката кога на турнирот во 1933 излезе на теренот по кратки пантолони. 1930-тите беа времето на кога Вимблдон доживуваше бум и за првпат целиото првенство било пренесувано на радио. Сето тоа дошло до ненадеен крај во 1939 кога војната го прекина турнирот сè до 1946 година (која случајно е последната година кога некој играч носел долги пантолони на теренот). Поствоената генерација го трансформира спортот преку додавање на технички подобрувања кои го претворија спортот во софистицирано поминување на времето за средната класа. 1960-тите години беа доминирани од Австралијците Род Лејвер и Рој Емерсон и со ширењето на телевизијата тенисот беше претставен на многу поширока публика, па така тој стана меѓународен спорт во кој се вртат многу пари. Првиот телевизиски пренос во боја на Вимблдон бил во 1967 година. Во 1990те првенството стана пославен од било кога, особено поради надежите на Велика Британија за освојување на титула преку Грег Руседски и Тим Хенман. Иако е вистински меѓународен настан, Вимблдон стана британски спортски настан на годината.

Сервис Играчот сервира позади основната линија ја фрла топката во воздухот и ја удира пред таа да го допре подот. Топката мора без одбивање од земја да ја преиде мрежата и да ја допре земјата на другата страна од игралиштето.

Топката се фрла во висина десно од рамото. Раката која го држи ракетот се свиткува назад позади вратот и целосно се испружува при удирање на топката. Тежината на телото се префрла напред. Откако ќе се замавне раката со ракетот ќе се најде преку телото.

Правила во тенисот

уреди
  • Целта на играта е да се удри топката со ракетот преку мрежата и таа да падне во полето на портивникот, а противникот да не може да ја врати;
  • Мечот е поделен во сетови и се завршува кога натпреварувачот ќе освои 3 сета (мажи), односно 2 сета(жени) . Сетот е поделен на гемови (игри). Потребно е да се освојат барем шест гема и да се оствари предност од два гема за да се добие сетот. Тај брејк се применува кога резултатот е 6-6. Првиот играч кој ќе освои седум или повеќе бодови со предност од два бода го освојува сетот. Мечот трае најмногу 5 сета (мажи) односно 3 сета (жени) ;
  • Опремата односно облеката и обувките се традицијонално бела боја, иако единствениот професионален турнир кој денес се држи до тоа е Вимболдон. Како и во останатите спортови се носат шорцеви и маици женските блузи и шорцеви или здолниште;
  • Тенис може да се игра во сала и на отворено. Подлога може да биде трева земјена подлога синтетичка или паркет;
  • Рамката на ракетот се изработува од дрво метал и синтетички материјал. Тениските топки се жолти или бели. Тешки се од 56.7 до 58.5 грама.
Денес тенисот e компетитивен спорт од светска класа, кој каптивира милиони играчи и навивачи од целиот свет. Константна програма на турнири и настани се одржува со текот на годините и најдобрите играчи стануваат икони на новата генерација. Некогашниот спорт на кралевите стана спорт за сите.

Тенисот како мотив во уметноста и во популарната култура

уреди

Наводи

уреди
  1. Ѓоко Здравески, Отсечки стварност. Скопје: Бегемот, 2019, стр. 33.
  NODES
os 1