Зборот теорија потекнува од старогрчкиот збор ‘θεωρείν’, што значи ‘да се гледа на нешто’. Според некои извори, зборот често се користел во фрази како да се гледа на театарска сцена, што објаснува зошто некогаш зборот теорија се користи провизионално или не баш вистински.

Алгоритам за поставување на теорија со научен метод.

Во математика, поимот теорија се користи неформално во однос одредено математичко знаење. Ова знаење се содржи од аксиоми, дефиниции, теореми и сметачки техники, сите поврзани на одреден начин низ традиција или пракса. Пример е групната теорија.

Во тврдите науки, една теорија е модел или рамка за разбирање. Во физика, поимот генерално се користи да означува математичка рамка изведена од мал сет на основни принципи способни за производство на експериментални предвидувања за дадена категорија на физички системи. Еден пример би бил електромагнетната теорија, која обично се зема како синоним за класичниот електромагнетизам, прецизните резултати од кој можат да се изведат од Максвеловите равенки.

Во хуманистичките науки, поимот теорија често се користи како синоним за критичка теорија и се однесува на обид да се разбере структурата на општество, како и да се концептуализираат алтернативите.

  NODES