Тефнут е египетска божица на влагата, водата и дождот. Ќерка е на Ра, или Амон-Ра. Нејзин маж и брат е Шу, а нејзини деца се Геб и Нут.

Тефнут како жена со глава на лав
Тефнут како жена со глава на лав

Тефнут била сестра близначка на Шу. Како деца се изгубиле во водите на Нун, првиот океан. Нивниот татко, богот на Сонцето, го испратил своето око во форма на божество за да ги најде и да ги врати. Окото ги пронашло и му ги вратило, а тој од солзите што ги пролеал по нив ги создал луѓето. Постои и мит кој вели дека Тефнут сакала да избега од Египет, и дека по пат убивала луѓе. Тот, богот на Месечинатa, ја убедил да се врати.

Тефнут како моќ на природата била претставник на влагата, росата или неколку вида сончева топлина, но исто така, во некои спесифични ситуации претставувала и бог на мртвите. Нејзиниот брат бил десно око на Тему, а таа била лево, т.е. Шу претставувала еден вид на Сонце, а Тефнут Месечината. Боговите Тему, Шу и Тефнут чиниле тројство, а во приказните за Тему се зборува за тоа како „од еден бог, настанале тројца“. На сликите Тефнут е претставена со глава на лав, а на главата имала сончев диск.

Наводи

уреди
  • Египетска религија - египетската идеја за задгробниот живот - Е.А. Волис Баџ
  NODES