Тејлор Свифт

американска кантри/поп-пејачка

Тејлор Алисон Свифт (анг. Taylor Alison Swift; родена на 13 декември 1989) — американска пејачка, текстописец и глумица.[1]

Taylor Swift at the 2019 iHeartRadio Music Awards

Свифт почнала професионално да пишува песни на 14-годишна возраст. На иста возраст се преселила во Нешвил за да стане кантри-музичар. Во 2004 година потпишала договор за пишување песни со Sony/ATV Music Publishing, а во 2005 година договор за снимање со Big Machine Records. Со нејзиниот прв албум, Taylor Swift (2006), станала прва кантри-пејачка која била текстописец на сите песни од американски албум продаден во платинест тираж.[2]

Во 2008 година го објавила кантри-поп албумот Fearless (2008). Сингловите од тој албум: „Teardrops on My Guitar“, „Love Story“ и „You Belong with Me“ биле успешни кантри и поп радиски хитови, а Свифт стекнала популарност кај пошироката публика. Таа експериментирала со рок и електронска музика на нејзините следни албуми, Speak Now (2010) и Red (2012), соодветно. Синглот „We Are Never Ever Getting Back Together“ од албумот Red бил прв нејзин сингл кој се искачил на прво место на Billboard Hot 100. Свифт го променила музичкиот стил (од кантри во поп) со издавањето на албумот 1989 (2014). Од овој синт-поп албум биле издадени сингловите: „Shake It Off“, „Blank Space“ и „Bad Blood“; сите тие високо котирале на топ-листите. Нејзиниот следен албум Reputation (2017) под влијание на хип-хоп и содржел уште еден сингл на прво место на Хот 100, „Look What You Made Me Do“.

Во 2018 година Тејлор Свифт потпишала договор со Republic Records и со оваа издавачка куќа ги објавила поп-албумот Lover (2019) и автобиографскиот документарен филм Мис Американа (2020). Нејзините албуми од 2020 година, Folklore и Evermore биле во инди-фолк стил. По спорот со Big Machine Records, таа повторно ги снимила шесте албуми што ги издала со оваа издавачка и во периодот од 2021 до 2023 година издала четири од нив под истиот наслов, но со додавање на поднаслов Тејлорова верзија (Taylor's Version). Ревидираната верзија на песната „All Too Well“, со времетраење од 10:13 минути, станала најдолга песна која се искачила на прво место на Hot 100 топ-листата. Нејзиниот десетти студиски албум Midnights бил издаден во 2022 година, соборил неколку стриминг рекорди и бил нејзин петти албум продаден во над милион примероци во САД. Албумот го содржел синглот Anti-Hero, нејзин деветти сингл на прво место на Hot 100 топ-листата. Нејзината турнеја „Ерас“ (2023–2024) и нејзиниот придружен концертен филм станале турнеја и концертен филм со најголема заработка на сите времиња, соодветно. Свифт ги режирала музичките филмови Folklore: The Long Pond Studio Sessions (2020) и All Too Well: The Short Film (2021), а глумела споредни улоги во други филмови. Во 2024 година го издала албумот The Tortured Poets Department.

Свифт, заклучно со 2019 година продала 200 милиони музички записи, и со тоа е меѓу музичарите со најголема продажба во светот. Таа е: најстримуван изведувач на Spotify, пејачка со најголема заработка од турнеи и прв милијардер чиј главен извор на приход е музиката. Седум нејзини албуми биле продадени во над еден милион примероци за помалку од една недела. Списанието Тајм ја прогласило Тејлор Свифт за „Личност на годината“ за 2023 година, а таа исто така се појабува и на многу други списоци: „100 најдобри текстописци на сите времиња“ според Ролинг Стоун, „Најдобри музичари на сите времиња“ според Билборд и „100 најмоќни жени на светот“ според Форбс. Добила: 14 Греми награди, една „Еми награда за серија во ударен термин“, 40 Американски музички награди, 39 Билборд награди и 23 MTV Video награди; освоила Греми награда за албум на годината, MTV Video награда за „Видео на годината“ и рекордни четири пати „Глобален изведувач на годината“ во организација на IFPI.

Животопис

уреди

Тејлор Свифт е родена во Вајомисинг, Пенсилванија на 13 декември 1989 година.[1]

Музичка кариера

уреди

На возраст од само 14 години, Свифт потпишала професионален договор со „RCA Рекордс“,[3] а првиот студиски албум го издала во 2006 год.[4] кој на почетокот не привлекол големо внимание.
Во 2010 година, за албумот „Fearless“, Свифт ја добила наградата „Греми“,[5] која повторно ја добила и во 2016 година, овојпат за албумот „1989“. Со тоа, таа станала првата жена во историјата која успеала да добие две награди „Греми“ во категоријата за албум на годината.[6] Инаку, на доделувањето на „Греми“ во 2009 година, за време на говорот на Свифт, на сцената се искачил раперот Кање Вест и ѝ го зел микрофонот од рацете.[7] Исто така, во 2016 година, таа ги добила и наградите „Греми“ во категориите за најдобар поп-вокален албум и за најдобар музички спот (за песната „Bad Blood“).[8]

Дискографија

уреди

Видеографија

уреди
Спот Година Режисер
Tim McGraw 2006 Треј Фанџој
Teardrops on My Guitar 2007 Треј Фанџој
Our song 2007 Треј Фанџој
Picture to burn 2008 Треј Фанџој
Change 2008 Шон Робинсон
Love story 2008 Треј Фанџој
White horse 2009 Треј Фанџој
You Belong with Me 2009 Роман Вајт
Fifteen 2009 Роман Вајт
Best Days of Your Life 2009 Роман Вајт
Mine 2010 Тејлор Свифт, Роман Вајт
Back to December 2011 Јоан Лемон
Mean 2011 Деклан Вајтблум
The Story of Us 2011 Нобл Џонс
Ours 2011 Деклан Вајтблум
Safe & Sound 2012 Филип Анделман
Both of Us' 2012 Џејк Нава
We Are Never Ever Getting Back Together 2012 Деклан Вајтблум
Begin Again 2012 Филип Анделман
I Knew You Were Trouble 2012 Антони Мандлер
22 2013 Антони Мандлер
Highway Don't Care 2013 Шејн Дрејк
Everything Has Changed 2013 Филип Анделман
Shake It Off 2014 Марк Романек
Blank Space 2014 Џозеф Кан
Style 2015 Кајл Њуман
'Bad Blood 2015 Џозеф Кан
Wildest Dreams 2015 Џозеф Кан
Out of the woods 2016 Џозеф Кан
I Don't Wanna Live Forever 2017 Грант Сингер
Look What You Made Me Do 2017 Џозеф Кан
...Ready for It? 2017 Џозеф Кан
End game 2018 Џозеф Кан
Delicate 2018 Џозеф Кан
ME! 2019 Дејв Мајерс, Тејлор Свифт
You Need To Calm Down 2019 Дру Кирш, Тејлор Свифт
Lover 2019 Дру Кирш, Тејлор Свифт
The Man 2020 Тејлор Свифт
cardigan 2020 Тејлор Свифт
Willow 2020 Тејлор Свифт
All Too Well : The Short Film 2021 Тејлор Свифт
I Bet You Think About Me (Taylor's Version) (From The Vault) 2021 Блејк Ливли,Тејлор Свифт
Anti-Hero 2022 Тејлор Свифт
Bejeweled 2022 Тејлор Свифт
Lavender Haze 2023
Karma 2023
I Can See You 2023 Тејлор Свифт
Fortnight 2024 Тејлор Свифт
TBA 2024
TBA 2024

Надворешни врски

уреди


Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Лини, Ендру; Фрај, Меган. „( Тејлор Свифт > Преглед )“. Allmusic. Rovi Corporation. Посетено на 2009-10-25.
  2. „Taylor Swift“. Songwriters' Hall of Fame. Архивирано од изворникот February 12, 2021. Посетено на September 21, 2022.
  3. Chris, Willman (Updated February 05, 2008). „Taylor Swift's road to fame“. EW.com (англиски). Посетено на 2022-01-31. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  4. Madeline, Boardman (Updated August 25, 2017). „Flashback to Taylor Swift's First Album Drop“. EW.com (англиски). Посетено на 2022-01-31. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  5. Победници од Греми наградите 2010 music-mix.ew.com Архивирано на 11 ноември 2014 г.
  6. Kirst, Seamus (2016/02/16). „Taylor Swift Is First Woman To Win 'Album Of The Year' Twice, Her Team Is Disproportionately Male“. Forbes (англиски). Посетено на 2022-01-31. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  7. Grady, Constance (2019-08-26). „How the Taylor Swift-Kanye West VMAs scandal became a perfect American morality tale“. Vox (англиски). Посетено на 2022-01-31.
  8. Н.Н.С., „Свифт му врати на провокаторот Вест, Адел ја разочара публиката“, Дневник, година XX, број 5991 среда, 17 февруари 2016, стр. 21.
  NODES
Done 1
eth 2
see 1
Story 3