Токај-Хеѓаља (унгарски: Tokaj-Hegyalja) е историски вински регион сместен во североисточна Унгарија. На унгарски Хеѓаља значи „подножје“ и тоа е оригиналното име на регионот.

Винскиот регион на Токај и исориско-културната земја
светско наследство на УНЕСКО
КритериумКултурно: iii, v
Навод1063
Запис2002 (26th заседание)

Регионот се состои од 28 села и 7,000 хектари класифицирани подруми, од кои од прилика 5,000 се посадени. Токај во 2002 година беше запишан на списокот на Светско наследство на УНЕСКО. Сепак, тоа е познато место многу одамна, бидејќи од тој регион потекнува Токаји виното, едно од најстарите светски вина.

Овој регион располага со многу одлики кои го прават посебен во производството на вино. Кога станува збор за земјиштето и микроклимата, територијата на Токај лежи на глина или лесно земјиште на вулканско подземје. Микроклимата е одредена со сончевите јужните паѓања на зраците и близината на реките Тиса и Бодрог. Домородни видови на грозје во регионот се фурминт и харслевел и тие се одгледуваат во тој регион со векови, и заедно со жолтиот мускат и зета се сорти на грозје кои официјално смеат да се одгледуваат само во овој регион. Огромен систем на подруми бил создаден од цврстите карпи во период помеѓу 1400 и 1600 година. Тие обезбедуваат константна температура од околу 10 до 12 °C. Подрумите се прекриени со карактеристичен калуп, кој овозможува алкохолот во виното да не испарува во текот на испарувањето и одржува влажност на воздухот од 85-90%, што е идеално за стареење на Токаји виното. Кралскиот декрет во 1757 година основал затворено производство во округот Токај, прв систем во светот на вината. Класификацијата на виноградот започана во 1730, а завршена е од страна на националните пописи од 1756 и 1772 година.

Галерија

уреди

Надворешни врски

уреди
  NODES