Токио (јапонски: 東京 То:кјо:, „Источна престолнина“) е главниот и најважниот град во Јапонија. Впрочем, Токио не е најголемиот град само во Јапонија, туку е најголем град во светот. Токио се наоѓа на островот Хоншу, во регионот Канто, односно центарот се наоѓа на 35°41' северно од екваторот и 139°46' источно од Гринич. Зафаќа површина од 2.187,08 км2., но неговото влијание се чувствува 1000 км2 околу центарот. Во него во самиот центар живеат околу 12 милиони луѓе, а заедно со предградијата живеат околу 35 милиони луѓе.

Токио
東京
метропола
東京都
Од горе лево: Ниши-Шинџуку, Токиската кула, Мостот на виножитото, Шибуја, Згарадата на државното собрание
Од горе лево: Ниши-Шинџуку, Токиската кула, Мостот на виножитото, Шибуја, Згарадата на државното собрание
Знаме на ТокиоАмблем на Токио
Амблем
Лого на Токио
Симбол
Химна: Песна за Токио Метрополитан (東京都歌, Tokyo Toka)[1]
Локацијата на Токио во Јапонија
Локацијата на Токио во Јапонија
Сателитска фотографија на 23-те посебни окрузи, направена од сателитот Landsat 7 на НАСА
Сателитска фотографија на 23-те посебни окрузи, направена од сателитот Landsat 7 на НАСА
Токио is located in Јапонија
Токио
Токио
Локацијата на Токио во Јапонија
Координати: 35°41′22.22″N 139°41′30.12″E / 35.6895056° СГШ; 139.6917000° ИГД / 35.6895056; 139.6917000
ЗемјаЈапонија
РегионКанто
ОстровХоншу
Админ. цединици23 посебни окрузи, 26 градови, 1 област, & 4 подпрефектури
Управа
 • Видметропола
 • ГувернерШинтаро Ишитара
 • Главен градШинџуку
Површина(рангирана 45та)
 • Вкупна2.187,66 км2 (84,466 ми2)
Население (1 август 2011)[2]
 • Вкупно13.185.502
 • Густина60/км2 (160/ми2)
 • 23 окрузи8.967.665
 (2011 per Prefectural Government)
ДемонимТокиец
Час. појасЈапонско стандардно време (UTC+9)
ISO 3166-2JP-13
Цветјошинска цреша
Дрвогинко (Ginkgo biloba)
Птицацрн гулаб (Larus ridibundus)
Мреж. местоmetro.tokyo.jp

Структура

уреди

За Токио треба да се знае дека според Јапонскиот закон тој не е град туку е направен како мегалополис. Неговата административна структура е различна од структурата на другите градови. Токио се состои од 23 посебни окрузи кои до 1943 го сочинувале градот Токио, но сега тие претставуваат посебни единици, кои имаат самостојна административна власт, посебни градоначалници и посебен совет, и имаат статус на градови, и тие се во склоп на мегалополисот Токио. Освен овие во Мегалополисот Токио влегуваат уште 26 поголеми градови, 5 помали градови и 8 села, секој со посебна локална самоуправа. Освен ова во Токио влегуваат и повеќе езера, реки, островчиња и национални паркови.

Историја

уреди
 
Царскиот дворец

Градот Токио бил основан во 1603 година. Неговото прво име било Едо. Градот многу брзо се развивал и сè повеќе и повеќе се зголемувал бројот на жители. Уште во 18 век градот ја достигнал бројката од 1 милион жители и тогаш бил еден од најголемите градови во светот. Градот брзо се менувал и затоа почнале да го викаат Едокко (што во превод значи дете на Едо). Во 1869 година 17 годишниот император периодот Мејџи го сменил името на градот во Токио. Токио досега има страдано во две катастрофи. Првата катастрофа била големиот земјотрес кој го разрушил градот во 1923, а за време на Втората светска војна градот бил често бомбардиран. После тоа градот се реновирал и полека го добил денешниот изглед.

Географија и административни делови

уреди
 
Влез во Метростаница во Гинза

Токио лежи северозападно од Токискиот Залив и е 90 км од исток до запад и 25 км од север до југ. Префектурата Чиба е граница на исток, Јаманаши на запад, Канагава на југ и Сајтама на север. Токио е поделен на посебни окрузи (опфаќајќи го истичниот дел) и област Тама кој се протега на западниот дел. Исто така во административните граници на Метрополата Токио се и два островски ланци во Тихиот Океан директно на југ од островите Изу и Огасарава кои се протегаат до 1.000 км од брегот на Токио.Поради овие острови и планинскиот регион на запад, бројот на население е многу поголем од оној прокажан во градот и селата во Токио. Во „Закон на Јапонија“, Токио е впишан како то (都), во превод Метрополис. Неговата Административна структура е слична со другите Префектури во Јапонија. Токио се состои од 23 посебни окрузи кои до 1943 го сочинувале градот Токио кои сега се поделени, самоуправувани општини секоја со градоначалник и совет, и имаат статус како град. Како додаток на овие 23 општини, Токио опфаќа уште 36 градови ( -ши), 5 мали градови ( -чоу или мачи) и 8 села ( -сон ор - мура), секој од нив си има своја локална влада. Токио Метриполитен е управуван од гувернер кој се избира јавно и метрополитен собрание. Центарот е во Шинџуку. Тие управуваат со цело Токио вклучувајќи ги сите езера, реки, брани, фарми, оддалечени острови и национални паркови како додаток на неонските џунгли, облакодери и испреплетената подземна железница.

Стопанство

уреди
 
Кулата „Токиско небесно дрво“, највисока градба во Јапонија.
 
Стоковната куќа „Вако“ во Гинза, Токио

Според економијата, Токио е на прво место во светот. Неговата економија е 1,315 трилиони американски долари годишно. Има голем број на банки и осигурителни друштва, исто така голем дел од економијата во Токио е од сообраќајот. Најголем подем економијата направила по Втората светска војна, кога од другите градови многу претпријатија се преселија во Токио. Токио е еден и од најскапите градови на светот за живеење.

Демографија

уреди

Карактеристично за Токио е тоа што градот дневно се зголемува за 2,5 милиони луѓе бидејќи многу луѓе од други области доаѓаат да работат или школуваат во Токио.

  • Центар на Токио — 12,36 милиони жители
  • 23 посебни градови — 10,38 милиони жители
  • Острови-27.000 жители
  • Странски државјани во Токио — 500.000 жители
  • Топ 5 националности кои живеат во Токио: Кинези, Корејци, Филипинци, Американци, Британци.

Култура

уреди

Токио има многу музеи. Во паркот Уено има четири национални музеи. Токискиот национален музеј, најголемиот музеј во земјата кој е специјализиран за традиционална јапонска уметност Национален музеј на западна уметност и Токиски национален музеј на современата уметност, со својата збирка на јапонска современа уметност исто така и збирка од над 40.000 јапонски и странски филмови. Исто така во паркот Уено се наоѓа Национален музеј на уметноста и Јавната зоолошка градина. Други музеи се Музејот на уметност „Незу“ во Аојама Музејот на Едо-Токио во Сумида спроти реката Сумида и Националниот архив, кои се саместени близу до Царскиот дворец. Токио има многу театри. Тука се вбројуваат национални и приватни тетри за традиционален вид на јапонска драма (кабуки) вклучувајќи ги и модерните драми. Симфониски оркестри и други музички организации изведуваат Западна и трдиционална музика. Токио е домаќин на модерна јапонска и западна поп и рок-музика во сали од големина на локални клубови до меѓународно познати арени како што е Нипон Будокан. Многу различни фестивали има во Токио. Главни се Сано во Светилиште, Санја во Осака Светилиште и биеналниот Кинда Фестивал, Последниот се состои од парада со присуство на илјадници луѓе. Годишно во последната недела од месец јули има голем огномет над реката Сумида кој е атракција за милиони гледачи. Штом ќе расцвета црешата, или сакура, распламнување на пролетта, голем број од жителите излегуваат во парковите Уено, Инокачира и националната градина Шанџуку Гојен на излет или прошетки.

Харијаку место во Шибуја е познат меѓународно по мода за младите. Кујната во Токио се декларира како меѓународна.

Збратимени градови

уреди

Токио како тема во уметноста и во популарната култура

уреди
  • „Токио“ (Tokyo) - песна на британската панк-рок група „Адиктс“ (The Adicts).[3]
  • „Предупредување за бура над Токио“ (Tokyo Storm Warning) - песна на британскиот рок-музичар Елвис Костело (Elvis Costello) од 1986 година.[4]
  • „Токиско око“ (Tokyo Eye) - песна на американската рок-група „Соник Јут“ (Sonic Youth) од 1994 година.[5]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „東京都歌・市歌“. Tokyo Metropolitan Government. Архивирано од изворникот на 2011-09-11. Посетено на September 17, 2011.
  2. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име population.
  3. YouTube, the adicts tokyo (пристапено на 29.12.2016)
  4. YouTube, Elvis Costello - Tokyo Storm Warning (пристапено на 19.3.2018)
  5. DISCOGS, Sonic Youth ‎– Experimental Jet Set, Trash And No Star (пристапено на 20.7.2019)
  NODES