Траве

река во Шлезвиг-Холштајн, Германија

Траве (германски: Trave) — река во сојузната покраина Шлезвиг-Холштајн, Германија. Долга е околу 124 километри и тече од изворот близу селото Аренсбек во Источен Холштајн, па сè до Травеминде, кајшто се влева во Балтичкото Море (Либечки Залив). Тече низ местата Бад Зегеберг, Бад Олдесло и градот Либек, каде се поврзува со Каналот Елба-Либек. Реката е пловна за морски бродови од Балтикот до пристаништата на Либек.

Траве
Траве кај Локфелд
Место Шлезвиг-Холштајн, Германија
Должина 113,6 км
Извор кај Аренсбек
Утока кај Травеминде во Балтичкото Море (Либечки Залив)
53°57′39″N 10°53′14″E / 53.960754° СГШ; 10.887199° ИГД / 53.960754; 10.887199
Слив Траве
Одлив Балтичко Море
Слив 2.676 км²
Десни притоки Вакениц, Штепениц
Леви притоки Клевер Ау, Швартау
Градови Либек
Помали градови Бад Зегеберг, Бад Олдесло, Рајнфелд, Травеминде
Села Дасов

Покрај разните мостови што ја сечат, под реката минува тунелот Херен, а по неа оди траект што го поврзува Травеминде со полуостровот Привал.

Притоки на Траве се реките Вакениц и Штепениц.

Надворешни врски

уреди
  NODES