Турска лира (тур.: Türk Lirası, ISO 4217: TRY[1], бројчен код 949) е парична единица на Република Турција и непризнаената турска Република Северен Кипар.

Турска лира
Türk lirası (турски)
монета од 1 турска лира
ISO 4217
КодTRY
Составници
Подединица
 1/100куруш
СимболTL, £
Банкноти
 Чести5, 10, 20, 50 TL
 Ретки100, 200 TL
Монети
 Чести5, 10, 25, 50 Kr , 1 TL
 Ретки1 Kr
Демографија
Корисник/ци Турција
Северен Кипар Република Северен Кипар
Издавач
Централна банкаЦентрална банка на Република Турција
 Мреж. местоwww.tcmb.gov.tr
ПечатарCBRT Banknote Printer
 Мреж. местоwww.tcmb.gov.tr
Вредност
Инфлација4.90% (Турција, јануари 2011)
 Извор[1] Сабах

Историја

уреди

По извесен период во кој лирата била врзана за британската фунта и францускиот франк, во 1946 година бил усвоен односот 2,8 лири = $1 што се одржувал до 1960 година, кога валутата била девалвирана до 9 лири = $1. Од 1970 година функционирала серија на фиксни, а потоа и флуктуирачки курсеви во однос на доларот како што вредноста на лирата почнала да опаѓа.

Поради хроничната инфлација во Турција од 1970 до 1990 година, лирата имала голема депресијација на вредноста. Турција имала висока стапка на инфлација во споредба со развиените земји, но никогаш не доживела хиперинфлација. Од просечните 9 лири за 1 американски долар во доцните 1960-ти, валутата дошла во сооднос од околу 1.650.000 лири за 1 американски долар кон крајот на 2001 година. Тоа претставувало просечна инфлација од над 40% годишно.

  • 1966 — 1 САД $ = 9 лири
  • 1980 — 1 САД $ = 90 лири
  • 1988 — 1 САД $ = 1,300 лири
  • 1995 — 1 САД $ = 45,000 лири
  • 1996 — 1 САД $ = 107,000 лири
  • 2001 — 1 САД $ = 1,650,000 лири
  • 2004 — 1 САД $ = 1,350,000 лири
  • 2005 — 1 САД $ = 1.29 нова лира (Во 2005 г. е воведена нова турска лира, на која се избришани 6 нули од турската лира)
  • 2007 — 1 САД $ = 1.26 нова лира
  • 2008 — 1 САД $ = 1.55 нова лира
  • 2009 — 1 САД $ = 1.48 нова лира
  • 2010 — 1 САД $ = 1.44 лира (турската лира и новата турска лира како називи се користеле од 2005 година. Во 2010 година името повторно било заменето во турска лира, но називот нова турска лира се користел до 31 декември 2009 г.)
  • 19 октомври 2012 — 1 САД $ = 1.79 лира

Кон крајот на декември 2003 година Големото народно собрание на Турција усвоило закон со кој се овозможува отстранување на шест нули од турската лира и создавање нова валута, воведена на 1 јануари 2005 година. До 31 декември 2008 бил преодниот период од кој официјално валутата почнува да се нарекува Нова турска лира.[2]

Изглед

уреди

Сите банкноти и монети на позадината го имаат ликот на Мустафа Кемал Ататурк од различни периоди од неговиот живот од 1930 година, со исклучок на некои банкноти од втората емисија (1937-1942 г.) кои го имаат ликот на турскиот војсководец и политичар Мустафа Исмет Инени.

Банкноти

уреди
Банкноти на Турција од 1 јануари 2009 година
Изглед Номинална
вредност
Димензии Боја Опис
Лице Позадина Лице Позадина
    5 лири 64 × 130 mm кафеава Мустафа Кемал Ататурк Ајдин Саили, дијаграми на Сончевиот Систем, атом, античка пештера и неправилна лева ДНК-низа.
    10 лири 64 × 136 mm црвена Мустафа Кемал Ататурк Џахит Арф, Арфова константа, аритметичка серија, абакус, бинарна низа
    20 лири 68 × 142 mm зелена Mustafa Kemal Atatürk Мимар Ахмет Кемаледин-беј, главната зграда на Универзитетот Гази, аквадукт, кружен мотив и коцка-глобус-цилиндар како симболи на архитектурата
    50 лири 68 × 148 mm портокалова Мустафа Кемал Ататурк Фатма Али Топуз, цвеќе, книги и записи
    100 лири 72 × 154 mm сина Мустафа Кемал Ататурк Бухуризаде Итри, забелешки, инструменти и фигура на Џалалудин Руми
    200 лири 72 × 160 mm виолетова Мустафа Кемал Ататурк Јунус Емре, мавзолејот на Јунус Емре, роза, гулаб и натпис "Sevelim, sevilelim" (Дајте љубов, да бидеме сакани)

Монети

уреди
Монети на Турција од 2009 година
Изглед Номинална
вредност
Технички одлики Изглед Датум на издавање
Лице Позадина Димензија Дебелина Маса Состав Лице Позадина Монета Издадена
    1 куруш 16.5 мм 1.35 мм 2.2 г 70% бакар
30% цинк
Вредност,
мотив,
година на ковање
"Република Турција", Мустафа Кемал Ататурк 2008 1 јануари 2009
    5 куруши 17.5 мм 1.65 мм 2.9 г 65% бакар
18% никел
17% цинк
Вредност,
мотив,
година на ковање
"Република Турција", Мустафа Кемал Ататурк 2008 1 јануари 2009
    10 куруши 18.5 мм 1.65 мм 3.15 г 65% бакар
18% никел
17% цинк
Вредност,
мотив,
година на ковање
"Република Турција", Мустафа Кемал Ататурк 2008 1 јануари 2009
    25 куруши 20.5 мм 1.65 мм 4 г 65% бакар
18% никел
17% цинк
Вредност,
мотив,
година на ковање
"Република Турција", Мустафа Кемал Ататурк 2008 1 јануари 2009
    50 куруши 23.85 мм 1.9 мм 6.8 г Надворешен прстен:
65% бакар
18% никел
17% цинк
Внатрешен дел:
79 % бакар
4% никел
17% цинк
Вредност,
мост во Истанбул,
година на ковање
"Република Турција", Мустафа Кемал Ататурк 2008 1 јануари 2009
    1 лира 26.15 мм 1.9 мм 8.2 г Надворешен прстен:
79% бакар
4% никел
17% цинк
Внатрешен дел:
65% бакар
18% никел
17% цинк
Вредност,
мотив,
година на ковање
"Република Турција", Мустафа Кемал Ататурк 2008 1 јануари 2009

Наводи

уреди
  1. International Organization for Standardization. „BISO 4217 Currency names and code elements“. ISO. Архивирано од изворникот на 2012-05-24.
  2. Official Gazette of the Republic of Turkey. „Law on the Currency of the Republic of Turkey“. Архивирано од изворникот на 2009-03-27. Посетено на 2011-05-23.
  NODES
INTERN 1
Note 1