Тjетеберга (РК 737) ― делумно изгубена драма за музика од Антонио Вивалди. Италијанското либрето било дело на Антонио Марија Лукини.

Тјетеберга
Драма за музика од Антонио Вивалди
Можен портрет на Антонио Вивалди, ок. 1723
ЛибретистАнтонио Марија Лукини
ЈазикИталијански
Премиера
16 октомври 1717 (1717-10-16)

Операта за првпат била изведена во Театарот „Свети Мојсеј“ во Венеција на 16 октомври 1717 година.[1] Операта вклучувала девет арии од други композитори.

Улоги

уреди
Улоги Тип на глас Премиера, 16 октомври 1717 година
Ерчинјо контраалт кастрато Франческо Браганти
Гвидо сопран (травести) Роза Вентурини
Клотилда сопран Кјара Орланди
Валдрада контраалт Антонија Мериги
Тјетеберга контраалт Костанца Мацари
Лотарио контраалт кастрато Франческо Натали
Марчано бас Анибале Императори

Снимени записи

уреди
  • „L'innocenza sfortunata“ и „Se fido rivedro“ Ен Халенберг (мецосопран), Modo Antiquo, Федерико Марија Сардели (диригент), 2005
  • „Sento in seno ch'in pioggia di lagrime“ (Лотарио) Филип Јаруски, Ансамбл Матеус, Жан-Кристоф Спинози (диригент), 2006 г.
  • „La gloria del mio sangue“ Натали Штуцман, Орфео 55 2011 г.

Наводи

уреди
  1. italianopera.org Архивирано на 28 септември 2011 г.

Предлошка:Антонио Вивалди

  NODES