Убодна пила

вид пила

Убодна пиламашина-алатка, опремена со назабен сечило, генерално се користи за сечење штици или панели од дрво, но исто така и материјали од пластика и алуминиум [1]. Сечилото е многу мало и тесно, од едната страна се прицврстува за моторот кој го брзо го движи. Кај повеќето денешни модели, водилка ја зајакнува цврстината на сечилото.

Убодна пила Бош
Батериска убодна пила
T-сечила

Историја

уреди

Во 1946 година, Алберт Кауфман, инженер на Синтила АГ во Золотурн, Швајцарија, ја заменил иглата на машината за шиење на неговата сопруга со назабено сечило.[2] Во 1947 година, по развојот на Кауфмановиот пронајдок, Синтила започнала со производство на убодни пили под името „Лесто убодни пили“. Во 1954 година Синтила била купена од Бош, а во 1964 година името „Лесто“ било заменето со Бош. Оттогаш Бош отпочнал со иновација на алатката.

Употреба

уреди

Убодната пила многу се користи во дрводелството бидејќи нејзините мала големина ѝ овозможува да биде многу погодна за ракување и да може да пили заоблени форми или да следи слободно избрана траса, за разлика од циркуларите кои се направени да може да пилат само по права линија. Таа исто така нуди предност да може да се извршат отсекувања во центарот на некое парче на пример.

Нејзината мала големина пак наметнува други ограничувања, па може да се сечат само не толку дебели штици (според моќноста отприлика до 9 см).

Убодните пили може да се користат и за сечење пластични и метални материјали со мала дебелина.

Наводи

уреди
  1. „Choisir une scie sauteuse - Fiche pratique“. септември 2016.
  2. Invention of the jigsaw - Scintilla AG

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди
  NODES