Фармација — применета наука и здравствена професија која ги поврзува медицинските и хемиските науки. Како научна и стручна дисциплина, фармацијата ги проучува лековите и медицинските помагала, односно постапките за нивно производство, контрола, дистрибуција и издавање. Како дел од здравствената дејност, фармацијата е вклучена во информирањето, советувањето и едуцирањето на пациентите и здравствените работници за правилната и рационалната употреба на лековите и медицинските помагала како и следење на ефектите од нивната употреба.[1]

Зборот фармација потекнува од грчкиот збор φάρμακόν (pharmakon) што значи дрога односно лек. Низ вековите, записите за лековите постојано се дополнувале со нови сознанија, така што вештината на подготовка на лековите и начинот на лекување постојано се збогатувал и ширел.[1]

Садот на Хигија - еден од официјалните симболи на фармацијата. Прикажана е грчката божица на здравјето и хигиената Хигија како змија обвиена околу сад.

Полето на фармацевтската пракса вклучува повеќе традиционални улоги, како што се мешање и издавање лекови, помодерни услуги поврзани со здравствената заштита, вклучувајќи клинички услуги, разгледување на лековите заради безбедност и ефикасност и обезбедување информации за лековите. Така, фармацевтите се експерти во терапија со лекови и се примарни здравствени професионалци, кои ја оптимизираат употребата на лековите, за да обезбедат позитивни здравствени резултати кај пациентите.

Деловната единица во која се применува фармацијата (во вистинска смисла) се нарекува аптека, хемиска или (во САД) продавница за лекови. Продавниците за лекови во САД често продаваат не само лекови, туку и слатки, козметика и списанија, како и намирници.

Во прилог на своите одговорности, фармата нуди општ медицински совет и низа услуги кои се вршат исклучиво од страна на доктори-специјалисти, како што е хирургија и акушерство. Фармата (како што беше наведено) често работи како мала продавница која покрај состојките за лекови, продава тутун и патентирани лекови. Фармите исто така користат многу други растенија кои не се наведени. Во истрагата на билните и хемиските состојки, работата на фармата може да се гледа како претходник на модерните науки, хемија и фармација, пред формулацијата на научниот метод.

Дисциплини

уреди

Фармацевтската област генерално може да се подели на неколку области:

Границите меѓу овие области на фармацијата и другите науки, како на пример хемијата, биохемијата и медицината, не се секогаш јасни и често заедничките тимови од различни дисциплини истражуваат заедно.

Фармацевти

уреди

Фармацевтите се високо обучени и вешти професионалци за здравствена заштита, кои играат повеќе улоги во обезбедувањето најповолни здравствени резултати за нивните пациенти. Многу фармацевти се и сопственици на мали бизниси, бидејќи ја поседуваат аптеката во која што работат.

Фармацевтите се претставени на меѓународно ниво од страна на Меѓународната фармацевтска федерација (МФФ). Тие се претставени на ниво на држава од страна на професионалните организации, како што се Холандската асоцијација на фармацевти (ХАФ), Кралското фармацевтско општество на Велика Британија (КФОВБ), Здружение на фармацевти на Австралија (ЗФА), Фармацевтското општество на Пакистан (ФОП) и Здружение на фармацевти на Америка (ЗФА). Поврзано: Список на фармацевтски здруженија.

Во некои случаи претставничкото тело е исто така и тело за регистрирање, кое е одговорно за етиката на професијата. Од Шипман анктетата, во Велика Британија имаше движење за разделување на двете улоги.

Историја

уреди

Палеофармацевтските студии потврдуваат употреба на лековити растенија во праисторијата.

Најрано познатата збирка на лековити супстанции е АРИАНА, опишана во древниот трактат на Сушрута Самхита (Sushruta Samhita), индиски Ајурведа посветен на Самхита во 6-тиот век п.н.е. Сепак, најраните сочувани текстови датираат од третиот или четвртиот век.

Многу сумерци (крајот на шестиот век п.н.е.- почетокот на вториот милениум п.н.е.) запишуваа рецепти за лекови на клинесто глинени плочи.

Староегипетските фармаколошки знаења се запишани на разни папируси, како Еберс папирус (Ebers Papyrus) од 1550 година п.н.е. и Едвин Смит папирус (Edwin Smith Papyrus) од 16 век п.н.е.

Најстариот познат кинески прирачник за materia medica е Шенон Бенчао Џинг, кој датира од првиот век. Создаден е за време на династијата Хан и се препишува на митскиот Шенон (Shenoong). Претходно, литературата вклучи список на рецепти за одредени заболувања, илустриран со примерот за еден ракопис „Рецепти за 52 заболувања“, пронајдени во гробницата Мавангдуи (Mawangdui), запечатен во 168 година п.н.е. Повеќе детали за кинеската фармација може да се најде на статијата Фармацијата во Кина.

Во Стара Грција, пред, за време и по времето на Хипокрит имаше една група на експерти за лековити растенија. Веројатно најважен претставник на овие ризотомои беше Диоклес од Каристус (Diocles of Carystus). Грчкиот доктор Педаниус Диоскоридес (Pedanius Dioscorides) е познат по пишувањето на книгата во пет тома на неговиот грчки Ρερί ύλης ιατρικής во првиот век. Латинскиот превод De Materia Medica (во врска со медицинските супстанции), бил користен како основа за многу средновековни текстови и беше изграден од страна на многу научници од Блискиот Исток во текот на Исламското златно доба.

Во Јапонија, на крајот на периодот Асука (538-710) и почетокот на периодот Нара (710-794), мажите кои ги исполнуваа улогите слични на оние на модерните фармацевти беа многу почитувани. Позицијата на фармацевтите во општеството беше јасно дефинирано во законикот Таихо (Taihṓ Code) (701) и повторно објавени во законикот Јого (Yṓґṓ Code) (718). Ранг позициите беа основани во пред Хејанскиот кралски суд и во голема мера останаа непроменети до обновата на Мејџи (1868). Во оваа високо стабилна хиерархија, на фармацевтите, па дури и на фармацевтските асистенти, им беше доделен супериорен стаус, во однос на другите поврзани со полето на здравството, како што се докторите и акупунктуристите. Во Империјата, фармацевтот беше рангиран над двајцата лични доктори на царот.

Има камен знак за аптека со троногарка, малер и толчник спротивно на доктор на патот аркадија во Ефес, близу Кушадаси во Турција. [1]-има фотографии. Денешниот Ефес датира од 400 година п.н.е. и беше на местото на храмот на Артемида, едно од седумте светски чуда, домот на Марко Антоние и Клеопатра, Марија Магдалена и каде што Свети Павле го прочита своето писмо до жителите на Ефес.

Во Багдад првите аптеки, или продавници за лекови, беа воспоставени во 754, под надлежност на Абасидскиот калифат, во текот на исламската златно доба. Веќе од 9 век, овие аптеки биле управувани од државата.

Напредоците на Блискиот Исток во областа на ботаниката и хемијата, водеше до тоа медицината на Блискиот Исток значително да ја развие фармакологијата. Мухамеед ибн Закариа Рази (Muhammad ibn Zakariyā Rāzī) (Разес) (865-915) се залагал за промовирање на медицинската употреба на хемиските соединенија. Абу ал Касим ал Захрави (Abu al-Qasim al-Zahrawi) (Абулаксис) (936-1013) предводи на подготовката на лекови со сублимација и дестилација. Неговиот Liber servitoris е од особен интерес, обезбедувајќи го читателот со рецепт и објаснување како да се подготват „наједноставните“ лекови, од кои подоцна се надополнуваат сложените лекови, кои обично се користат. Сепак, Сабур ибн Сал (869) беше првиот доктор кој го поттикнувал развојот на фармацијата, опишувајќи голем број дроги и лекови против заболувања. Ел-Бируни (973-1050), го напиша едно од највредните исламски дела за фармакологијата, насловено Kitab al-Saydalah (Книгата за лекови), каде што даде детални податоци за својствата на лековите, ја истакна улогата на фармацијата, како и функциите и должностите на фармацевтите. Ибн Сина (Ibn Sina) (Авицена), исто така, опиша не помалку од 700 подготовки, нивните својства, начинот на дејствување и нивните упатства. Тој, всушност, посвети цел еден том на едноставните лекови во канонот на медицината. Големо влијание имаа и делата на ел-Маридини (al-Maridini) од Багдад и Каиро и Ибн ел-Вафид (Ibn al-Wafid) (1008-1074), кои беа испечатени на латиница повеќе од педесет пати, појавувајќи се како De Medicinis universalibus et particularibus од помладиот Месуе (Mesue) и the Medicamentis simplicibus од Абенгуефит (Abenguefit). Петер од Абано (Peter of Abeno) (1250-1316), преведе и додаде прилог во делото на ел-Маридини, насловено како De Veneris. Исто така, предводат и придонеси во ова поле од страна на ел-Мувафаг (Al-Muwaffaq). Живеејќи во 10 век, тој ја напишал Основањето на вистинските својства на лековите, каде што меѓу другото го опишува арсенолит оксидот и не запознава со силициумската киселина. Тој направи јасна разлика меѓу натриум карбонат и калиум карбонат и го привлече вниманието на природните отровни соединенија на бакарот, особено кон бакар сулфатот, а исто така и кон оловните соединенија. Тој исто така ја опишува и дестилацијата на морската вода за пиење.

Во Европа, продавници слични на аптеки почнаа да се појавуваат во текот на 12 век. Во 1240 година, императорот Фредерик II издаде декрет со кој професијата на докторите и аптекарите беше одделена. Првата аптека во Европа (која сè уште работи) е отворена во 1241 во Трир, Германија.

Во Европа има стари аптеки кои сè уште работат во Дубровник, Хрватска, кои се наоѓаат внатре во францускиот манастир,отворени во 1317 година, а една има на плоштадот во градот Талин, Естонија која датира од 1422 година. Се тврди дека најстарата аптека е отворена 1221 година, во црквата Санта Марија Новела во Фиренца, Италија, каде што сега има музеј на парфеми. Средновековната Естеве фармација, сместена во Ливиа, каталонска енклава во близина на Пиугцерда, исто така денес е музеј кој датира од 15 век, во кој има зачувано албароси од 16 и 17 век, стари книги со рецепти и антички лекови.

Видови на области во фармацевтската пракса

уреди

Фармацевтската пракса во разни области вклучува малопродажба, болници, клиники, старечки домови, фармацевтска индустрија и регулаторни агенции. Фармацевтите можат да специјализираат во повеќе области на праксата, вклучувајќи ги, но не и ограничувајќи се на: хематологија/онтологија, инфективни болести, амбулантска нега, нутрициона поддршка, информации за лековите, интензивна нега, педијатрија итн.

Државна аптека

уреди

Аптека (најчесто аптеки во Австралија, Нов Зеланд и во Велика Британија, или аптеките во Северна Америка, малите аптеки во индустриската терминологија или аптекарството историски) е место каде што повеќето фармацевти ја вежбаат својата професија. Државна аптека е место каде што постои дихтомијата на професијата, здравствени професионалци кои се и трговци.

Аптеките обично се состојат од мала продавница со диспанзер, каде што лековите се чуваат и се продаваат. Диспанзерот е предмет на фармацевтското законодавство, со барање за услови за чување, задолжителни текстови, опрема и слично наведени во законодавството. Во случај во кој фармацевтите остануваа во диспанзерите мешајќи и издавајќи лекови, се појави пораст на побарувачка на обучени фармацевтски техничари во аптеките,за фармацевтите да поминуваат повеќе време со пациентите. Фармацевтските техничари сега се повеќе зависни од автоматизацијата која ќе им помогне во нивната нова улога, занимавањето со рецептите на пациентите, како и со прашањата за безбедноста на пациентите.

    основна тема:Автоматизација на аптека

Од сите аптеки се бара да имаат фармацевти на должност, во текот на целото работно време. Многу законодавства исто така налагаат дека сопственикот на аптеката мора да биде регистриран фармацевт (R.Ph.). Вториот услов е повлечен од многу законодавства, како на пример во малите продавници (вклучувајќи ги супермаркетите и големите трговии), каде што сега аптеките се составен оддел во нивните продавници.

Исто така, денес многу аптеки изгледаат како самопослуги, во нивниот дизајн. Во прилог на лековите и рецептите, многу аптеки денес продаваат разни други производи, како на пример козметика, шампони, канцелариски материјал, текстил, грицки, трајна медицинска опрема, честитки и обезбедуваат услуги за вадење на слики.

Аптека во болница

уреди
    основна тема: Аптека во болница

Аптеките во рамките на болниците значително се разликуваат од државните аптеки. Некои фармацевти во болничките аптеки имаат посложени проблеми во управувањето со болничките лекови, додека пак фармацевтите во државните аптеки често имаат посложени проблеми во деловните врски и врските со потрошувачите. Поради сложеноста на лековите, вклучувајќи ги и специфичните индикации, ефикасноста на тераписките режими, безбедноста на лековите (на пр. интеракции на лекови) и согласноста на пациентите (во болница и дома), многу фармацевти кои работат во болници стекнуваат поголемо образование и обука, по фармацевтското училиште преку стажирање во аптека, а понекогаш проследено и со друго стажирање во одредена област. Тие фармацевти често се нарекуваат клинички фармацевти и тие често специјализираат во повеќе дисциплини на фармацијата. На пример, има фармацевти кои специјализираат во областа на хематологијата/ онкологијата, ХИВ/СИДА, инфективни болести, интензивна нега, итна медицина, токсикологија, јадрена фармација, справување со болки, психијатрија, клиники за анти-коагулација, медицина со треви, неврологија/управување со епилепсија, педијатрија, постпородилност и повеќе.

Болничките аптеки често можат да се најдат во просториите на болниците. Болничките аптеки обично имаат големи резерви на лекови, вклучувајќи повеќе специфични лекови, за разлика од државните аптеки. Повеќето болнички лекови се во единица-доза, или имаат една доза од лекот. Болничките фармацевти и обучените фармацевтски техничари ги мешаат стерилните производи за пациентите (вклучувајќи целосна парентерална исхрана) (ЦПИ) и други лекови дадени интравенозно. Ова е сложена постапка која бара соодветна обука на персоналот, обезбедување на квалитет на производите, како и соодветни објекти. Неколку болнички аптеки одлучија да нарачаат услуги за подготовки со голем ризик и други функции за мешање во компании кои се специјализирани за мешање. Високата цена на лековите и технологијата поврзана со лекови, во комбинација со потенцијалното влијание на лековите и резултатите од фармацевтската нега и безбедноста на пациентите, прават болничките аптеки задолжително да делуваат на највисоко можно ниво.

Клиничка аптека

уреди
    основна тема:Клиничка аптека

Д-р Сајад Исоп (Sajad Issop) од општата болница Аиердале, објаснува: Клиничките фармацевти обезбедуваат услуги за директна нега на пациентите, кои ја ограничуваат употребата на лекови и промовираат здравје, благосостојба и заштита од болести. Клиничките фармацевти се грижат за пациентите во сите здравствени институции, но движењето на клиничките аптеки првично започнува во болниците и клиниките. Клиничките фармацевти многу често соработуваат со доктори и други професионалци од областа на здравството, со цел да ја подобрат фармацевтската грижа. Клиничките фармацевти сега се составен дел од интердисциплинарниот пристап кон грижата за пациентот. Тие соработуваат со доктори, медицински сестри и друг персонал од здравството во разни медицински и хирушки области. Тие често учествуваат во визитите на пациентите и во изборот на лекови. Во повеќето болници во САД, потенцијално опасните лекови се дозирани и управувани од страна на клиничките фармацевти.

Фармација основана на комбинирање

уреди
    основна тема: Мешање

Мешање е пракса на подготвување лекови во нови форми. На пример, кога производителите на лекови обезбедува лек само во форма на таблета, фармацевт кој комбинира може да произведе медицинско лижалче, кој содржи лекови. Пациентите кои имаат потешкотии во голтањето на таблети, наместо тоа го лижат медицинското лижалче.

Друг начин на комбинирано производство е со мешање на разни јачини (g, mg, mcg) во капсули или таблети, за да ја добијат саканата терапија, наведена од докторот. Оваа форма на комбинирано производство се применува во државните и болничките аптеки.

Аптеките за комбинирано производство специјализира во мешање, иако многу од нив издаваат секаков вид лекови кои пациентите можат да ги добијат и во државните аптеки.

Консултантска фармација

уреди
    основна тема: Консултантска фармација

Консултантската фармацевтска пракса повеќе се фокусира на лекарски прегледи (односно „когнитивна услуга“), отколку реалното издавање на лекови. Фармацевтите на комбинираната фармација најчесто работат во домовите за стари лица и сè повеќе се разгрануваат во други институции и неинституционални поставувања.

Интернет аптека

уреди
    основна тема:Онлајн аптека

Од околу 2000-тата година расте бројот на интернет аптеки ширум светот. Многу од овие аптеки се слични на државните аптеки, а всушност многу од нив се управувани од аптеките од тули и малтер, кои ги служат и корисниците кои купуваат онлајн, и оние кои доаѓаат на нивните врати. Основната разлика е во методот на барање и добивање лекови. Некои потрошувачи сметаат дека ова е попогоден и приватен метод, наместо да оди во државна продавница, каде што друг потрошувач може да слушна за лековите што тој ги купува. Интернет аптеките (уште познати и како онлајн аптеки), исто така, многу доктори ги препорачуваат на своите пациенти кои се „приковани дома“.

Додека повеќето интернет аптеки продаваат лекови на рецепт и бараат валидни рецепти, некои интернет аптеки продаваат лекови без рецепти. Многу потрошувачи нарачуваат лекови од овој тип на аптеки, за да ја избегнат “непријатноста” од посета на доктор или да добијат лекови кои нивните доктори не сакале да им ги препишат. Сепак, оваа практика е критикувана како потенцијална опасност, особено за оние кои сметаат дека само докторите можат со сигурност да ги оценат контраиндикациите, стапките на ризик/корист, како и целосната соодветност на пациентот за употреба на лековите. Исто така, постојат и извештаи дека аптеките од овој тип издаваат неквалитетни производи.

Од посебен интерес со интернет аптеките е леснотијата со која луѓето, особено младите, можат да дојдат до контролираните супстанции (на пр. Викодин, општо познат како хидрокодон) преку интернет, без рецепт издаден од доктор, кој има воспоставено однос доктор-пациент. Има голем број случаи кога доктор издава рецепт, посредуван од страна на интернет опслужувач, за контролирана супстанција за „пациент“, кој никогаш го нема видено. Во САД, за рецептот издаден за контролирана супстанција да биде важечки, мора да биде издаден за легални медицински намени од лиценциран доктор, кој дејствува во рамките на легален однос доктор-пациент. Аптеката исто така има соодветна одговорност да се осигура дека рецептот е важечки. Често, одделни државни закони нагласуваат каков треба да биде правилниот однос доктор-пациент.

Канада е дом на неколку десетици лиценцирани интернет аптеки, многу од кои ги продаваат своите поевтини лекови на рецепт за американски потрошувачи, кои имаат највисоки цени за лекови во светот. Во последните години, многу потрошувачи од САД и од другите земји каде што лековите се скапи, се вртат кон лиценцираните интернет аптеки од Индија, Израел и Велика Британија, кои имаат пониски цени и од Канада.

Во САД има притисок да се легализира увозот на лекови од Канада и други земји, со цел да се намалат трошоците на потрошувачите. Иако во повеќето случаи на увоз на лекови се крши прехранбената и лекарската администрација (ПЛА), регулативи и федерални закони, обично притисокот е насочен кон меѓународните добавувачи на лекови, наместо кон потрошувачите. Не е познат случај во кој американски граѓани купуваат канадски лекови за лична употреба со лекарски рецепт, кој досега не е обвинуван од страна на властите.

Неодамна развиените интернет услуги, како што се австралискиот пронаоѓач на медицински имиња и барање на информации за лекови во Волгринс, обезбедуваат информации за лековите, но не издаваат рецепти и не даваат лекови. Овие услуги често промовираат алтернативни генерични лекови, нудејќи им споредбени информации за цените и ефикасноста.

Ветеринарна аптека

уреди

Ветеринарните аптеки, понекогаш нарекувани и аптеки за животни, можат да се вбројат во категоријата на болнички аптеки, мала аптека или аптека која испорачува по пошта. Ветеринарските аптеки складираат разни видови на лекови, за да можат да ги задоволат фармацевтските потреби на животните. Поради потребите на животните, како и за регулативите на ветеринарната медицина, кои често се разликуваат од оние на луѓето, ветеринарните аптеки често се држат одделно од вообичаените аптеки.

Јадрена фармација

уреди
    основна тема:Јадрена фармација

Јадрената фармација се фокусира на подготовка на радиоактивни материјали за дијагностички тестови и за лекување на одредени болести. Јадрените фармацевти подлежат на дополнителна специфична обука за ракување со радиоактивни материјали и за разлика од фармацевтите во државните и болничките аптеки, фармацевтите во јадрените аптеки не комуницираат директно со пациентите.

Воена аптека

уреди
   основна тема:Воена аптека

Воената аптека е сосема различна работна средина, поради фактот дека техничарите извршуваат повеќе обврски, што во цивилниот сектор би било нелегално. Не се применуваат државните закони за советување пациент-техничар и проверка на лековите од страна на фармацевтите.

Фармацевтска информатика

уреди
    основна тема:Фармацевтска информатика

Фармацевтската информатика е комбинација фармацевтската практика и применетата информатичка наука. Фармацевтските информатичари работат во повеќе области на фармацевтската пракса, сепак, тие исто така можат да работат и во одделите за информатичка технологија и во компаниите за продажба на здравствено информатичка технологија. Како област за пракса и домен за специјалисти, бројот на фармацевтските информатичари брзо расте за да се задоволат потребите на поголемите национални и меѓународни проекти на пациентите и интероперабилните цели на здравствениот систем. Фармацевтите се добро обучени да учествуваат во развојот, распоредувањето и оптимизацијата на системот за управување на лековите.

Проблеми во фармацијата

уреди

Поделба на пропишувањето од издавањето

уреди

Во повеќе законодавства (како на пример во САД), фармацевтите се управуваат одделно од докторите. Овие законодавства обично одредуваат дека само фармацевтите можат да ја снабдуваат јавноста со лекови и фармацевтите не можат да склопат деловни партнерства со докторите или да им се одмаздуваат. Сепак, Кодексот на однесување на Американската медицинска асоцијација (АМА) овозможува докторите да можат да издаваат лекови во рамките на нивните канцеларии, сè додека нема искористување на пациентот и пациентите имаат право на пишан извештај кој може да биде издаден секаде. 7 од 10 проценти од американските доктори издаваат лекови на своја рака.

Во некои рурални области во Велика Британија, има доктори кои се овластени за препишување и издавање рецепти за лекови, но само за нивните матични пациенти. Законот налага ординацијата да се наоѓа во назначената рурална област и исто така има специфична, минимум оддалеченост (моментално од 1,6 км) меѓу домот на пациентите и најблиската аптека.

Во други законодавства (особено во азиските земји, како на пример Кина, Малезија и Сингапур), докторите се овластени да издаваат лекови и практиката на фармацијата понекогаш е интегрирана со практиката на докторите, особено во традиционалната кинеска медицина.

Во Канада чест случај е медицинските клиники и аптеки да бидат на исто место, сопствеништвото на двете претпријатија да биде заедничко, но лиценцирани се одделно.

Причината за поголемиот број правила е големиот ризик од конфликт на интереси и/или избегнување на апсолутната моќ. Во друг случај, докторот има личен финансиски интерес во „дијагностицирањето “ на колку што е можно повеќе состојби, зголемувајќи ја нивната сериозност, бидејќи тој или таа во таков случај би можел/а да продаде поголем број лекови на пациентот. Таквиот личен интерес директно се судира со интересот на пациентот за ефикасно лекување и избегнување на непотребното користење на лекови, кои може да предизвикаат несакани ефекти. Овој систем ги одразува сличностите со системот на проверки и рамнотежи, како во САД, така и во многу други влади.

Кампањи за разделба има започнато во многу земји и досега тие се успешни (на пример во Кореја). Колку повеќе останатите нации се придвижат кон разделба, отпор и лобирање за докторите со парични интереси, може да се покаже како голем камен за сопнување (на пример во Малезија).

Иднината на фармацијата

уреди

Во претстојните декади се очекува фармацевтите да станат потполни во рамките на здравствениот систем. Наместо за едноставното издавање на лекови, фармацевтите ќе бидат платени за нивната грижа за пациентите.

Управата за терапија со лекови (УТЛ) вклучува клинички услуги кои фармацевтот може да ги обезбеди за своите пациенти. Услугите вклучуваат анализа на сите лекови (со рецепт, без рецепт и растенијата) кои моментално се земаат од страна на поединецот. Резултатот е усогласување на лековите и образованието на пациентот, што понатаму придонесува до зголемени резултати во здравјето на пациентот и намалени трошоци во здравствениот систем.

Оваа промена веќе започна во многу земји, на пример фармацевтите во Австралија примаат надомест од владата на Австралија за примена на сеопфатни домашни лекарски прегледи. Во одредени провинции на Канада, фармацевтите имаат ограничени права за пропишување (на пример во Алберта и Британска Колумбија) или тие добиваат награди од провинцијалските влади за проширените услуги, како што се преглед на лековите (Медшекс во Онтарио). Во Велика Британија, фармацевтите кои земаат дополнителна обука имаат права да препишуваат рецепти. Тие, исто така, се платени од владата за медицински прегледи. Во САД, фармацевтската грижа или клиничката фармација имаше влијание врз развојот на фармацевтската практика. Исто така, степенот Доктор по фармација (Pharm.D.) сега се бара пред влегување во практиката и некои фармацевти минат една или две години стажирајќи или одат на обука по завршувањето на образованието. Покрај тоа, консултантските фармацевти кои првенствено се вработиле во старечки дом, сега се прошируваат кон директна консултација со пациентите.

  1. 1,0 1,1 Ангеловска, Бистра; Ивановска, Верица (2014). Вовед во фармација. Штип: Универзитет „Гоце Делчев” - Штип. ISBN 978-608-244-004-0.
  NODES