Фиат
ФИАТ (италијански: Fabbrica Italiana Automobili di Torino, FIAT) — италијанско претпријатие за производство на автомобили и други комерцијални моторни возила. Од 2021 година, ФИАТ е подружница на Стелантис (Stellantis), а претходно претпријатието било дел од Фиат Крајслер Автомобили (Fiat Chrysler Automobiles). Во 2007 година, во рамките на реорганизацијата на работењето, ФИАТ го формирал претпријатието „Фиат автомобили“ задолжено за производство на автомобилите.[1]
Историја
уредиПочетоците на ФИАТ датираат во 1899 година, кога бил произведен првиот автомобил, Фиат 4 ХП. Подоцна, ФИАТ произведувал и локомотиви (Alstom Ferroviaria), воени возила, воени авиони (Fiat Aviazione), трактори и оружје (на пример, Fiat–Revelli Modello 1914).
Производство
уредиФиат е најголемиот производител на автомобили во Италија, а до големата автомобилска криза во доцните 1980-ти бил најголемиот европски и третиот најголем прозиводител во светот (зад Џенерал моторс и Форд).[2] Во 2013 година, ФИАТ бил вториот најголем европски и седмиот најголем светски производител, мерено според бројот на произведените автомобили. Во 1970 година, ФИАТ имал над 100 000 вработени во Италија и тогаш го достигнал врвот во производството на автомобили (1,4 милиони во Италија).[3] Во 2002 година, италијанското производство на ФИАТ изнесувало над еден милион автомобили (направени во шесте фабрики во Италија) и учествувало со над една третина од вкупниот приход на ФИАТ.[3] Освен во Италија, автомобилите на ФИАТ се произведуваат и во неколку други земји, најмногу во Бразил, каде ФИАТ има најголемо пазарно учество.[4][5] Исто така, ФИАТ има фабрики и во Аргентина, Полска и Мексико (каде автомобилите се прават во фабриките на Stellantis North America), а покрај тоа, повеќе производители во други земји прават автомобили по лиценца на ФИАТ. За своите модели, ФИАТ има освоено бројни меѓународни награди, како девет награди „Европски автомобил на годината“ (повеќе од кој и да било друг производител), како и повеќе награди за автомобили со најниско ниво на емисија на јаглерод диоксид.[6]
Галерија
уреди-
ФИАТ Сејченто
-
Фиат Панда
-
Фиат Идеја
-
Фиат Типо
-
Фиат Палио Викенд
-
Фиат Уно
-
Фиат Улисе
-
Фиат Браво
-
Фиат Брава
-
Фиат 500
-
Фиат 500 Л
-
Фиат Добло
-
Фиат Добло
-
Фиат Фјорино
-
Фиат Линеа
-
Фиат Пунто
-
Фиат Пунто
-
Фиат Гранде Пунто
-
Фиат Пунто Ево
-
Фиат Дукато
-
Фиат Дукато Макси
Наводи
уреди- ↑ Hussain, Aijaz (23 January 2007). „Fiat SpA reorganizes auto business, changes name to Fiat Group Automobiles“. AP Worldstream. Посетено на 22 September 2009.
- ↑ Castronovo, Valerio (2008). Il Piemonte nel processo di integrazione europea. Milan: Giuffrè Editore. стр. 214. ISBN 978-88-14-14385-4.
- ↑ 3,0 3,1 Ebhardt, Tommaso; Rocks, David (30 January 2014). „Maserati Boom Signals Fiat 'Arrivederci' to Italian Past“. Bloomberg.
- ↑ „Fiat n.1 in Brasile (a maggio)“. autoblog.it (италијански). 29 June 2007. Посетено на 9 January 2013.
- ↑ Garcí, Enrique (29 June 2007). „Ventas Mayo 2007: Brasil“. es.autoblog.com (шпански). Архивирано од изворникот на 27 February 2012. Посетено на 9 January 2013.
- ↑ „Fiat brand records the lowest CO2 emissions in Europe for the fifth year running“. Fiat.co.uk. 8 March 2012. Архивирано од изворникот на 20 October 2018. Посетено на 8 March 2012.