Финистер (француски: Finistère; бретонски: Penn-ar-Bed) – департман во Франција на крајниот запад на Бретања.

Финистер
Finistère
Penn-ar-Bed
Департман
Зградата на префектурата на депарманот Финистер, во Кемпер
Зградата на префектурата на депарманот Финистер, во Кемпер
Знаме на Финистер Finistère Penn-ar-BedГрб на Финистер Finistère Penn-ar-Bed
Местоположба на Финистер во Франција
Местоположба на Финистер во Франција
ДржаваФранција
РегионБретања
ПрефектураКемпер
Потпрефектури
Управа
 • Претседател на СобраниеНатали Сарабезол (Социјалистичка партија на Франција)
Површина1
 • Вкупна6.733 км2 (2,600 ми2)
Население (2013)[1]
 • Вкупно903.921
 • Ранг24.
 • Густина130/км2 (350/ми2)
Час. појасЦЕВ (UTC+1)
 • Лето (ЛСВ)ЦЕЛВ (UTC+2)
Број на департманот29
Арондисмани4
Кантони27
Општини279
^1 Француски земјиштен регистер, кој ги исклучува естуарите, езерата, водени површини и ледници поголеми од 1 км2

Историја

уреди
 
Историски региони во Бретања

Денешниот департман се состои од историскиот регион Леон и делови од Корнуај и Трегор, делови од Бретања пред Револуцијата.

Името „Финистер“ доаѓа од латинскиот израз Finis Terræ, што значи крај на земјата. Бретонското имза за Финистер, Penn ar Bed, во превод има слично значење "крај на светот ".

Географија

уреди

Најголем центар по бројот на жители во Финистер е Брест. Други големи градови во департманот се: Кемпер (главен град), Конкарно, Морле, Каре, Кемперле и Дуарнене. На Финистер му припаѓа и островот Уесан.

Финистер е најзападниот департман на Метрополска Франција и може да се каже дека тој е најкрајбрежниот департман на Континетална Франција. Од 279 општини, 118 имаат излез на брегот. Вкупната крајбрежна линија изнесува приближно 1250 км е скоро четвртина од целокупниот брег на Бретања.

 
Мапа на Финистер

Пејзажот на северниот брег се одликува со камени заливчиња слични на фјордови.

Најзападната точка на Метрополска Франција, позната како Поант де Корзан се протега од северозападниот дел на Финистер. Неколку километри понајуг, малку позападно е Поант ди Ра, но таа е каменита и изолирана.

Економија

уреди

Земјоделието, прехранбена индустрија и разни поврзани индустрии имаат битно место во економијата на Финистер.

Военото присуство во Финистер (Ил Лонг базата на јадрени подморници и воздухопловната поморска база во Ланвеок-Пулмик), како и соодветните воени индустрии, вработуваат значителен број од населението во департманот.

Пристаништето во Роскоф ја поврзува Бретања со траект со Ирска и Велика Британија.

Култура

уреди

Финистер е област каде бретонскиот јазик најмногу опстојува како говорен јазик.

Фестивалот Корнуај, кој се одржува во Кемпер ги негува бретонските традиции и музика.

Сликарот Рејмон Винц (1884–1956) насликал многу локации во Финистер.

Роалн Доре бил вајар чии дела се многу од распетијата во Финистер.

Туризам

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. INSEE Finistere 2012. Retrieved 10 April 2009.

Надворешни врски

уреди


  NODES
web 2