Фински Залив
Фински Залив (фински: Suomenlahti; естонски: Soome laht; руски: Фи́нский зали́в; шведски: Finska viken) — најисточниот ракав на Балтичкото Море. Се протега од Финска (на север) и Естонија (на југ), па сè до градот Санкт Петербург во Русија, каде во него се влева реката Нева. Други поважни градови во заливот се Хелсинки и Талин. Во источните делови се сместени пристанишни места од голема важност за нафтеното стопанство како што е Приморск). Заливот е од стратешка важност за Русија како морска траса до Санкт Петербург.
Фински Залив | |
---|---|
Координати | 59°50′N 26°00′E / 59.833° СГШ; 26.000° ИГД |
Сливни земји | Русија, Финска, Естонија |
Најг. должина | 400 км |
Најг. ширина | 130 км |
Површина | 30,000 км2 |
Прос. длабочина | 38 м |
Најг. длабочина | 115 м |
Населени места | Санкт Петербург, Хелсинки, Талин |
Географија
уредиЗаливот зафаќа површина од 30.000 км2.[1] Долг е 400 км, а во ширина се движи од 70 км при почетокот до 130 км кај островот Мошчни. Во Невскиот Залив се стеснува на 12 км. Водата е релативно плитка, и станува сè поплитка кон континенталното копно. Просечната длабочина изнесува 38 м, а максималната достигнува 100 м. Невскиот Залив е длабок само 6 м, а пловноста е постигната со канал прокопан на дното. Водата има ниска соленост поради обемниот дотек на слатка вода од реките — 0,2-5,8 ‰ на површината и 0,3–8,5 ‰ при дното. Просечната температура се движи околу 0 °C во зима и 15-17 °C во лето (дното останува на 2-3 °C). Заливот постепено замрзнува од крајот на ноември до крајот на април, и станува наполно леден во јануари.[2] Неретко дуваат силни западни ветришта што предизвикуваат бранови, напливи и поплави.[3][4].
Северниот брег е висок и извиен, со изобилство од мали заливчиња и затони. Поголеми земјишни облици се заливот на Виборг и полуостровите Ханко и Поркала. Брегот е претежно накосен и полн со песочни дини и по некој бор.[3] Јужните брегови се рамномерни и плитки, со исклучок на варовничките засеци долж целиот брег, кои достигнуваат 55 м во височина.[5][6] Источниот дел навлегува во Невскиот Залив, а западниот преоѓа во Балтичкото Море.
Заливот има голем број острови и помали островчиња. Најголеми се Котлин со градот Кронштат (нас. 42.800), Брезовите Острови, Лисичиниот (Лисиј), Малиот Висоцки Остров кај местото Висоцк, Гогланд (Сурсари), Мошчни, Болшој Тјутерс (Титерсари), Сомерс, Најсар, Кимито, Кекар, Сескар, Лавансари, Грачево (Сескари), групата Пакри и други.[7]
За време на Големата северна војна (1700–1721), Русија изградила поголем број вештачки острови со тврдини, како заштита од поморски напади. Во подоцнежните периоди се доградувани уште вакви острови. Позчајани од нив се тврдините „Император Александар I“, Краснаја Горка, Ино, Тотлебен, Кронсхлот и други.[8]
Најголеми реки што се влеваат во заливот се Нева (од исток), Нарва (од југ) и Кими (од север). Од јужната страна се влеваат и Кејла, Пирита, Јегала, Кунда, Луга, Систа и Коваши. Од север дотекуваат Сестра, Порво, Ванта и уште неколку помали реки. Финскиот Залив е поврзан со езеото Сајма преку Сајменскиот канал.[7]
Поважни градови
уредиПоврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Фински Залив — Енциклопедија „Британика“ (англиски)
- ↑ Operational oceanography: the challenge for European co-operation : proceedings of the First International Conference on EuroGOOS, 7–11 October 1996, The Hague, The Netherlands, Volume 1996. Elsevier. стр. 336. ISBN 0-444-82892-3.
- ↑ 3,0 3,1 Saint Petersburg: Encyclopedia. – Moscow: Russian Political Encyclopedia. 2006 ISBN 5-8110-0107-X
- ↑ Дарински, А.В. Ленинградска област[мртва врска]. Лениздат, 1975
- ↑ „East Viru Klint“. North Estonian Klint as a symbol of Estonian nature. Ministry of the Environment. Посетено на 2009-10-06.
- ↑ Хазанович К. (1982). Геолошки знаменитости на Ленинградската област. Лениздат.
- ↑ 7,0 7,1 Атлас на СССР. – М.: ГУГК, 1984
- ↑ Фински Залив — Тврдини (англиски) посет. 14 август 2011 г
Надворешни врски
уреди„Фински Залив“ на Ризницата ? |
- Фински Залив — портал (руски)
- Природни знаменитости на Финскиот Залив[мртва врска] (руски)
- Риболовни страници за Финскиот Залив Архивирано на 28 август 2009 г. (руски)
- Природа, острови и животински свет на Финскиот Залив Архивирано на 12 април 2012 г. (руски)