Ханса Мехта (родена на 3 јули 1897 - починала на 4 април 1995 година[1]) — индиска реформаторка, социјална активистка, едукаторка, активистка за независност, феминистка и писателка[2][3].

Ханса МехтаMehta
Податотека:HansaJivrajMehtaPic.jpg
Роден(а)3 јули 1897(1897-07-03)
Починал(а)4 април 1995(1995-04-04) (возр. 97)
СопружникЏиврај Нарајан Мехта

Ран живот

уреди

Ханса Мехта е родена во семејство Нагар Брамин, на 3 јули 1897 година, како ќерка на Манубаj Мехта, шеф на државата Барода и внука на Нандсанкар Мехта, автор на првиот гуџаратиск роман Каран Гхело[1][4].

Дипломирала Филозофија во 1918 година. Студирала новинарство и социологија во Англија. Во 1918 година, таа се запознала со Сароџини Наиду, а подоцна и со Махатма Ганди во 1922 година.

Била во брак со Џиврај Нарајан Мехта, еминентен лекар и администратор.

Кариера

уреди

Ханса Мехта организирала бојкот на продавниците што продаваат облека и алкохол во странство и учествувала во други активности на движењето за слобода, во согласност со советите на Махатма Ганди. Британците дури и ја уапсиле ја испратиле во затвор во 1932 година заедно со нејзиниот сопруг. Подоцна била избрана за претседател на законодавниот совет на Бомбај.

По независноста, таа била една од 15-те жени кои биле дел од конститутивното собрание и го изработила Индискиот устав. Таа била член на Советодавниот одбор и Поткомитетот за основни права. Таа се борела за еднаквост и правда за жените во Индија.

Во 1926 година била избрана во Училишниот одбор на Бомбај и станала претседател на Конференцијата за жени на домородците од 1945-1946 година. Во својот говор за преземање на функцијата, таа предложила Повелбата за правата на жените. Од 1945 до 1960 година, таа имала различни позиции во Индија, вклучувајќи ги и Потпретседател на Женскиот универзитет, член на Централниот одбор на образованието во Индија, Претседател на Управниот одбор на Интер-универзитет во Индија и заменик-канцелар на Универзитетот од Барода.

Била дел од индиската делегација во Комисијата за човекови права на Обединетите нации од 1947 до 1948 година, и одговорна за изменување и дополнување на текстот на Универзалната декларација за човекови права, заменувајќи ги „сите мажи се создадени еднакви“ со „сите човечки суштества“ нагласувајќи ја потребата за родова еднаквост.

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Trivedi, Shraddha (2002). Gujarati Vishwakosh (Gujarati Encyclopedia). Vol. 15. Ahmedabad: Gujarati Vishwakosh Trust. стр. 540. OCLC 248968453.
  2. Wolpert, Stanley (5 April 2001). Gandhi's Passion: The Life and Legacy of Mahatma Gandhi. Oxford University Press. стр. 149. ISBN 9780199923922.
  3. Srivastava, Gouri (2006). Women Role Models: Some Eminent Women of Contemporary India. Concept Publishing Company. стр. 14–16. ISBN 9788180693366.
  4. „Hansa Jivraj Mehta: Freedom fighter, reformer; India has a lot to thank her for“. The Indian Express (англиски). 2018-01-22. Посетено на 2018-08-23.
  NODES