Хајду-Бихар
Hajdú-Bihar megye
Грб на округот
Регион Голема северна котлина
Административен центар Дебрецин
Површина 6.210,56 км2
Население 543.802 (2008)
Густина на населението 87,5 /км2
Број на населени места 82
Мрежно место www.hbmo.hu
 Унгарија

Хајду-Бихар (на унгарски: Hajdú-Bihar megye) e административен округ (comitatus or megye) во источна Унгарија, во близина на границата со Романија. Границите ги дели и со унгарските окрузи Саболч-Сатмар-Берег, Боршод-Абауј-Земплен, Јас-Наѓкун-Солнок и Бекеш. Главен град и административен центар на округот е Дебрецин. Нејзината површина изнесува 6.210,56 км2.

Географија

уреди

Територијата на округот географски е поделена на неколку целини, кои истовремено тој ги дел со околните окрузи. Округот е се наоѓа во источниот дел на Унгарија. Голем дел од неговата територија се наоѓа во Панонската низина. Највисоката точна на округот изнесува 170.5 m и се наоѓа во северниот дел, а најниската изнесува 85 m и се наоѓа во јужниот дел на округот.

Низ округот течат две поголем реки Тиса и Киреш, а тука е и една помала Береѓо.

Историја

уреди

Хајду-Бихар округот е формиран после Втората светска војна, а своите денешни граници ги добила во 1950 година. Округот настанал од историските гратчиња Хајду и Бихар и главниот град Дебрецин.

Надворешни врски

уреди

47°25′N 21°30′E / 47.417° СГШ; 21.500° ИГД / 47.417; 21.500

  NODES