Хем е простетична група на цитохромите и хемоглобинот. Тој се состои од атом на железо кој е сместен во порфирински прстенест систем. Железото е поврзано за 4 азотни атоми од порфиринскиот прстен. Хемовите од трите класи на цитохроми (a, b, c) се разликуваат по супституентите на порфиринскиот прстенест систем. Заедничка одлика им се двата пропионатни странични ланци. Само хемот c е ковалентно поврзана за белковината преку тиоетерски врски за цистеински остатоци.

Структура на хемот B.
  NODES