Хефталка – направа што служи за спојување листови хартија[1], односно канцелариска алатка која се користи за хефтање на повеќе парчиња на хартија и на тој начин нивно поврзување во една целина. Хефталката најчесто се користи во канцеларија, но се користи и во домовите и училиштата. Постојат и посебни, наменски хефталки како што се хируршките хефталки, кои се користат за зашивање на рани, или тапетарските кои служат за прицврстување тапети.

Стандардна канцелариска хефталка
Хируршка хефталка

Историја

уреди

Првата позната хефталка била направена рачно во 18 век за францускиот крал Луј XV. Секое парче полнење за хефталката било обележено со кралски жиг[2]. Зголемената употреба на хартија во 19 век довела до потреба за нејзино поефикасно поврзување[3]. Во 1866 година, Џорџ Мекгил го патентирал под бројот 56,587 американскиот патент[4] за мала хефталка, која е предвесник на модерната хефталка.

Наводи

уреди
  1. „Хефталка“Дигитален речник на македонскиот јазик
  2. „The History of the Stapler“. oldstapler.com. Архивирано од изворникот на 31 август 2007. Проверете ги датумските вредности во: |archivedate= (help)
  3. „Antique Staplers & Other Paper Fasteners“. Early Office Museum. Архивирано од изворникот на 2006-03-17.
  4. „View the Patent“.
  NODES