Хроматин
Хроматинот е најважниот дел на јадрото. Во неговиот состав влегуваат молекули на ДНК кои се носители на генетичката информација. Хроматинот е изграден од хроматински нишки. Се јавува во две форми, и тоа како хетерохроматин и како еухроматин.
Хетерохроматинот е спирализирана форма на хроматинските нишки, се обојува интензивно со базични бои, а во однос на синтезата на РНК е неактивна форма на хроматинот.
Еухроматинот претставува деспирализирана форма на хроматинските нишки, која многу слабо се обојува и е активна форма на хроматинот.