Царски топ (руски: Царь-пушка) — средновековно артилериско оружје, ремек дело на руската артилерија, кој датира од 1586 година. Главен мајстор за изработка на бронзениот топ бил Андреј Чохов, и истиот бил изработен во времето на Фјодор I. Топот никогаш не служел за она за кое бил изработен.

Должината на топот е 5,34 m,[1] со пречник од 1200 mm[1] , калибар 890 mm[1], тежина — 40 t[2]. Секое негово ѓуле тежи 1965 кг. Топот е вклучен во Генисовата книга на рекорди како најголем на светот.[3]

Во текот на својата историја, топот во текот на XVIII век бил преместен во Московскиот кремљ. Денеска тој се наоѓа во близината на Царската камбанарија. За последен пат бил реновиран во 1980 година.

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 Portnov 1990, p. 19
  2. Portnov 1990, p. 20
  3. Super-weapons in the history of mankind Архивирано на 31 јули 2014 г. (руски)
  NODES