Целијакија или Целијачна болест — хронична автоимуна болест што се одликува со неподносливост на организмот на глутен – белковина од пченица, јачмен, ‘рж и овес. Се верува дека повеќе од еден милион Европејци боледуваат од целијакија. На еден дијагностоциран болен има најмалку седум што не се препознаени (дијагностицирани). Знаењето за целијакија и одржувањето на здравјето кај оваа болест е на изразито ниско ниво. Болеста ги зафаќа сите возрасни групи од двата пола, а може да се појави кај доенчиња или пак кај возрасни. Различните симптоми на оваа болест долго може да бидат прикривани. Во соседните земји ситуацијата е различна. Италија, на пример, бележи еден болен од 85 луѓе, Словенија 1 од 100, Унгарија 1 од 90.

ХЛА-регион на хромозомот 6

Кај целијакија, глутенот, белковина што се наоѓа во пченицата, ‘ржта, овесот и јачменот, ја оштетува слузницата на ѕидовите од тенкото црево, што доведува до неповолна апсорпција на нутритиентите и со тоа до состојба поврзана со потхранетост. Штом глутенот се исфрли од исхраната, ѕидовите на цревата се обновуваат, но луѓето со овој проблем целиот живот мора да внимаваат на исхраната со цел да спречат повторно појавување на оштетувањето.

СИМПТОМИ

   * Хроничен пролив
   * Губење во тежина
   * Повраќање
   * Болка во стомакот
   * Подуеност
   * Анемија

Останати симптоми се:

   * главоболки и мигрена
   * чиреви во устата
   * замор/летаргија
   * болка во мускулите и зглобовите
   * бавно растење кај децата

Целијакијата обично е проследена и со создавање пликови и јадеж на кожата наречен дерматитис херпетиформис, кој може да се појави и да се повлече и без лекување. Важно е луѓето што боледуваат од целијакија да не консумираат храна што содржи глутен, дури и ако немаат никакви очигледни симптоми. Некои луѓе имаат силно нагласени симптоми, а многу мало оштетување на клеточните ѕидови, а други воопшто немаат симптоми или се малку манифестирани, но оштетувањата се многу поголеми.

ОТКРИВАЊЕ НА БОЛЕСТА

За да се открие болеста, може да се направи испитување на антитела на глутен во крвта. Меѓутоа, за да се потврди истата, пациентот мора да направи биопсија на тенкото црево по консумирање храна што содржи глутен. Пред тестирањето, во исхраната мора да биде вклучена и храна што содржи глутен, затоа што, во спротивно, цревата можат да заздрават и целијакијата нема да биде откриена.

ЛЕКУВАЊЕ НА БОЛЕСТА

Во моментов не постои лек за целијакијата, па заболените треба да се придржуваат кон исхрана без глутен. Доколку не се придржуваат, се зголемува ризикот од заболување од остеопороза, неплодност и забавен раст и развој кај децата.

Надворешни врски

уреди
  NODES