Cycadophyta
Период: Ран Перм - денес
Cycas revoluta со соцветие.
Научна класификација
Царство: Plantae
Оддел: Cycadophyta
Класа: Cycadopsida
Ред: Cycadales
Dumortier
Фамилии

Cycadaceae фамилија на цикас
Stangeriaceae фамилија на стангерија
Zamiaceae фамилија на замија

Цикасовите растенија се стара група на семени растенија кои се одликуваат со голема круна од сложени лситови и кратко стебло. Тие се зимзелени, голосемени и дикотиледонски растенија. Често се мешаат со палмите или папратниците, но не се поврзани со ниеден од нив, а припаѓаат на одделот Cycadophyta.

Цикасовите растенија се распространети во суптропските и тропските делови на светот. Тие може да се сретнат во Јужна Америка, Средна Америка (каде се најраспространети), Австралија, Тихоокеанските Острови, Јапонија, Кина, Индија, Мадагаскар и во јужниот и тропски дел на Африка, каде постојат 65 видови. Некои од цикасите се приспособени за живот на сурова полупустинска клима и можат да растат на песочна, па дури и карпеста подлога. Може да се изложени на директно Сонце или сенка, а некои се и толерантни на солена вода или почва. Цикасовите растенија се мала компонента на царството на растенијата денес, но за времето на диносаурусите тие биле доста застапени. Од овие растенија се прави саго.

Тие се специјализирани опрашувачи, а влегуваат во симбиоза со цијанобактерии при што го врзуваат слободниот азот од атмосферата. Цијанобактеријата со која е цикасот во симбиоза произведува невротоксин наречен BMAA кој се содржи во плодот на цикасовите растенија.

Постојат околу 289 видови, 11 родови и 3 фамилии цикасови растенија:

Подред Cycadineae
Фамилија Cycadaceae
Потсемејство Cycadoideae
Цикас. Има околу 90 видови во светот, од Африка до јужна Јапонија, Австралија и западните Тихоокеански Острови; Тип: Ц. цирициналис L.; Поврзано Ц. пруиноса и Ц. револута
Подред Zamiineae
Фамилија Stangeriaceae
Потсемејство Stangerioideae
Стангерија. Еден вид во јужна Африка; Тип: Странгерија
Потсемејство Bowenioideae
Бовенија. Два вида во Квинсленд, Австралија; Тип: Б. спектабилис
Фамилија Zamiaceae
Потсемејство Encephalartoideae
Племе Diooeae
Диоон. Десет видови во Мексико и Средна Америка; Тип: Д. едуле
Племе Encephalarteae
Потплеме Encephalartinae
Енцефалартос. Околу 60 видови во југоисточна Африка; Тип: E. фридеричи-гуилиелми, E. трансвенозис (Моџаџи цикас)
Потплеме Macrozamiinae
Макрозамија. Околу 30 видови во Австралија; Тип: M. ридлеи
Лепидозамија. Два вида во источна Австралија; Тип: Л. перофскјана
Потсемејство Zamioideae
Племе Ceratozamieae
Кератозамија. Дванаесет видови во јужно Мексико и Средна Америка; Тип: Ц. мексикана
Племе Zamieae
Потплеме Microcycadinae
Микроцикас. Еден вид во Куба; Тип: M. калокома
Потплеме Zamiinae
Чигуа. Два вида во Колумбија; Тип: Ч. рестрепои
Замија. Околу 60 видови во Новиот Свет од Џорџија, САД до југот на Боливија; Тип: З. пумила; Поврзано З. фурфурацеја.

Надворешни врски

уреди
  NODES
Idea 5
idea 5