Црн петок е разговорен израз за денот петок што следи по Денот на благодарноста во САД. Традиционално го означува почетокот на божиќната шопинг сезона во САД. Многу продавници нудат високо промовирани продажби по намалени цени и често се отвораат многу рано, понекогаш дури на полноќ[1] или дури и на Денот на благодарноста.

Црн петок е најпрометниот шопинг ден во годината во САД од 2005 година.[2][3]

Историја

уреди

Денот по Денот на благодарноста се смета за почеток на божиќната шопинг сезона во Соединетите држави од 1952 година. Практиката можеби е поврзана со идејата за парадите на Дедо Мраз. Парадите за прославување на Денот на благодарноста често вклучуваат појавување на Дедо Мраз на крајот од парадата, со идејата дека „Дедо Мраз пристигна“ или „Дедо Мраз е веднаш зад аголот“, бидејќи Божиќ е секогаш следниот голем празник по Денот на благодарноста.

Кон крајот на 19 век и почетокот на 20 век, многу паради на Дедо Мраз или Денот на благодарноста биле спонзорирани од стоковните куќи. Тие ја вклучуваат континуираната парада на Дедо Мраз во Торонто во Канада од 1905 година, првично спонзорирана од Итон, и Парадата на Денот на благодарноста на Мејси што се одржува на Менхетен, во Њујорк од 1924 година, спонзорирана од Мејси. Стоковните куќи ги користеле парадите за да започнат голем рекламен притисок. На крајот, станало непишано правило дека ниту една продавница нема да се обиде да прави божиќно рекламирање пред да заврши парадата. Затоа, денот по Денот на благодарноста станал ден кога официјално започнаува сезоната за купување.

Во 2015 година, Amazon.com прв понудил зделки за „Црн петок во јули“ на она што го нарекле „Прајм ден“, ветувајќи подобри зделки отколку на црниот петок. Амазон ја повторил практиката во 2016 и 2017 година, а други компании почнале да нудат слични зделки.[4]

Аналитичарот Маршал Коен од групата НПД во 2020 година тврдел дека црниот петок опаѓа во корист на купувањето преку интернет[5] и дека пандемијата на коронавирус го забрзала овој процес. Пандемијата, исто така, резултирала со понудени зделки за одмор во подолг временски период, дури и во октомври.[6] Помалку луѓе купувале лично на Црниот петок во 2020 година, а повеќето деловни активности се одвивале преку интернет. Компанијата за истражување на пазарот „Нумератор“ изјавила дека продавачите на облека, алати и други предмети кои се сметале за несуштински за време на пандемијата, не биле толку многу промовирани бидејќи пониското производство значело помала достапност за продажба.[7] Адобе Аналитикс објавиле дека интернет продажбата достигнала 9 милијарди долари во 2020 година, 22% повеќе од претходната година. Посетата на продавниците се намалила за 48% во 2020 година од претходната година, односно за 52%.[8]

Црн петок ширум светот

уреди
 
Високи попусти во продавница за време на црниот петок

Соединети Американски Држави

уреди
 
Внатрешност на продавницата Тарџет на црн петок

Црн петок не е официјален празник во Соединетите држави, но Калифорнија и некои други држави го одбележуваат „Денот по Денот на благодарноста“ како празник за вработените во државната администрација. Понекогаш се одбележува наместо друг федерален празник, како што е Денот на Колумбо. Многу вработени и училишта кои не се во малопродажба имаат одмор наДенот на благодарноста како и петокот што следи. Заедно со следниот редовен викенд, ова го прави викендот за време на црниот петок четиридневен викенд, поради што се вели дека ќе го зголеми бројот на потенцијални купувачи.

Канада

уреди

Големите центри на населението на езерото Онтарио во Канада отсекогаш привлекувале прекугранично купување во Соединетите Држави и како Црн петок (француски: Vendredi Noir) станал попопуларен во САД, Канаѓаните често се собирале преку граница поради нивните пониски цени и посилниот канадски долар. По 2001 година, многумина патувале за зделките преку граница. Почнувајќи од 2008 и 2009 година, поради паритетот на канадскиот долар во споредба со американскиот долар, неколку големи канадски трговци на мало спровеле сопствени зделки за време на црниот петок за да ги охрабрат купувачите да останат во Канада.[9][10]

Во 2012 година се случил најголемиот црн петок досега во Канада, бидејќи канадските трговци на мало го прифатиле во обидот да ги спречат купувачите да патуваат преку граница.[11]

Обединето Кралство

уреди

Во Обединетото Кралство, терминот „црн петок“ потекнува од полицијата и се однесува на петокот пред Божиќ. Тоа е денот кога службите за итни случаи ги активираат плановите за вонредни состојби за да се справат со зголемувањето на обемот на работа поради големиот број на луѓе кои излегуваат да пијат во последниот петок пред Божиќ. Непредвидени ситуации може да вклучуваат поставување мобилни теренски болници во близина на местата за излегување во центарот на градот.[12]

Во 2016 година, вкупното трошење преку интернет-страниците за малопродажба на црниот петок изнесувало 1,23 милијарди фунти, што претставува зголемување од 2,2% од годишното ниво во однос на 2015 година.[13][14] Во 2017 година, продажбата на мало во Велика Британија во ноември пораснала побрзо отколку во декември за првпат.[15][16]

На велшки, црн петок е познат како „Dydd Gwener y Gwario Gwirion“ (Петок на глупаво трошење).

Мексико

уреди

Во Мексико, црниот петок биле инспирација за владата и малопродажната индустрија да создадат годишен викенд со попусти и продолжени кредитни услови.[17] Постои од 2011 година и се одржува во ноември во викендот пред понеделникот во кој празникот на Мексиканската револуција е поместен од неговиот првичен датум на 20 ноември, како резултат на мерката преземена од владата за туркање на одредени празници во понеделник од нивната недела со цел да се избегнат работниците и студентите да спојат четиридневен викенд. На овој викенд, главните трговци на мало го продолжувале работното време на продавницата[18] и нуделе специјални промоции, вклучувајќи продолжени услови за кредитирање и промоции на цени.

Наводи

уреди
  1. Albright, Mark. „Holiday Shopping Strategy Guide for Black Friday“. Tampa Bay Times. Архивирано од изворникот на January 28, 2012. Посетено на January 23, 2012.
  2. International Council of Shopping Centers. „Holiday Watch: Media Guide 2006 Holiday Facts and Figure“. Архивирано од изворникот (PDF) на November 29, 2010.
  3. E.g., Karr, Albert R. (November 26, 1982). „Downtown Firms Aid Transit Systems to Promote Sales and Build Good Will \work= Wall Street Journal“. стр. 6;
  4. Jespersen, Courtney (June 29, 2016). „Just how good are Black Friday in July sales?“. USA Today. Посетено на July 22, 2016.
  5. „Black Friday (Holiday Shopping)“. Investopedia (англиски). 2021-10-30.
  6. Chang, Andrea (November 24, 2020). „Retailers plan for a Black Friday like no other“. The Los Angeles Times. Посетено на November 26, 2020.
  7. Olson, Alexandra; D'innocenzio, Anna; Pisano, Joseph (November 27, 2020). „Virus keeps Black Friday crowds thin, shoppers shift online“. Associated Press. Посетено на November 28, 2020.
  8. Kapner, Sarah Nassauer and Suzanne (2020-11-29). „Black Friday Was a Bust for Many Stores, Better for Online“. Wall Street Journal (англиски). ISSN 0099-9660. Посетено на 2020-11-30.
  9. „Canadian Retailers Test Their Own Black Friday“. CBC News. November 27, 2009.
  10. „Canadian Retailers Fight Back Against Black Friday Deals“. Toronto Star. 2012. Архивирано од изворникот на December 28, 2012. Посетено на August 24, 2017.
  11. „Canadian Retailers Embracing Black Friday to Keep Shopping Dollars on Home Turf“. National Post. 2012.
  12. Smith, Adam (December 17, 2011). „Field hospital set up for Cardiff's 'black Friday' revellers“ – преку www.telegraph.co.uk.
  13. „Black Friday UK stats: 12% increase on last year (but lower than forecast)“. Net Imperative. December 1, 2016.
  14. „How Black Friday came to the UK“. BBC News (англиски). Посетено на 2018-11-21.
  15. Jones, Lora (21 November 2018). „Have eight years of Black Friday changed the UK?“. BBC News (англиски). Посетено на 7 January 2020.
  16. Ruddick, Graham (26 November 2015). „What is Black Friday and who's to blame for it?“. The Guardian (англиски). ISSN 0261-3077. Посетено на 7 January 2020.
  17. Guthrie, Amy (November 18, 2011). „Mexico Introduces Its Own Version of 'Black Friday'-Style Shopping Blitz“. Wall Street Journal. Посетено на June 20, 2013.
  18. Espinosa, Eréndira (17 November 2011). „Las tiendas ampliarán horarios en Buen Fin“ [Stores will extend hours in Buen Fin]. Excélsior (шпански).
  NODES
Done 1
News 3