Ча-ча-ча
вид танц од кубанско потекло
Ча-ча-ча — еден од најновите латино-танци. Настанал од мамбото во танцовите сали на Америка, во почетокот на 50-те години на минатиот век. Како и сите други танци и ча-ча-ча има повеќе приказни повразани за неговото создавање, а меѓу приказните што ја следат неговата кореографија е таа за кубанските проститутки и муштериите кои се ценкале, кога тие се обоидувале да им докажат колку навистина вредат и оти вредело времето што го минале со нив. Од ова произлегува дека ча-ча-ча е мошне предизвикувачки и слободен танц, со движење на колковите и многу сугестивни фигури. Поради ваквата приказна танчерската двојка може да игра на дистанца и практично без допири во текот на целата кореографија.
Оваа статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |