Швиц (кантон)

кантон во Швајцарија

Швиц (германски: Schwyz) е еден од кантоните во Швајцарија. Швиц се наоѓа во централна Швајцарија и името потекнува од градот Швиц, кој е и главен град на кантонот. Швиц е еден од основачите на Швајцарската Конфедерација и по него е добиено името на Швајцарија. Покрај тоа, грбот на кантонот е извор за знамето и грбот на Швајцарија.

Kanton Schwyz
кантон во Швајцарија
Грб на Kanton Schwyz
Map of Switzerland, location of Швиц highlighted
Координати: 47°4′N 8°45′E / 47.067° СГШ; 8.750° ИГД / 47.067; 8.750
Главен градШвиц
Најголем градФрајенбах
Поделба30 општини, 6 окрузи
Управа
 • ИзвршнаRegierungsrat (7)
 • ЗаконодавнаKantonsrat (100)
Население (Грешка: погрешен формат за време)[1]
 • Вкупно147,904
Највисока точка2,802 м (9,193 ст) - Бес Фулен
Најниска точка406 м (1,332 ст) - Циришко Езеро
Приклучување кон Конфедерацијата1291
КратенкиSZ
Јазицигермански
Мреж. местоSZ.ch

Географија

уреди

Вкупната површина на Швиц е 908.2 км2. Околу 41% од вкупната површина на кантонот е обработлива, 33.7% е прекриена со шума, 5.4% е населена и 20% е непродуктивна.[3]

Кантонот се наоѓа во централна Швајцарија. Низ кантонот течат реките Шил и Муота. Во рамките на кантонот се и делови од Циришкото Езеро, Езерото Цуг и Езерото Луцерн, а целосно во кантонот се езерата Лауерц и Шил.

Административна поделба

уреди
 
Окрузи во Швиц.

Канотнот е поделен на 6 окрузи и 30 општини.

окрузи општини
Швиц Швиц, Арт, Ингенбол, Муотатал, Штајнен, Зател, Ротентурм, Обериберг, Унтериберг, Лауерц, Штајнерберг, Моршах, Алптал, Илгау, Рименшталден
Ајнзиделн Ајнзиделн
Герсау Герсау
Хефе Волерау, Фрајенбах, Фојзисберг
Киснахт Киснахт ам Риги
Марх Лахен, Алтендорф, Галгенен, Фордетал, Инертал, Шибелбах, Туген, Ванген, Рајхенбург

Демографија

уреди

Швиц има население од 146.730 жители според податоците од 2008 година. Околу 15.6% од населението се странци. Најголем дел од населението зборува германски, односно 115.688 жители (89.9%). Втор најзборуван јазик е српскохрватскиот со 2.667 жители или 2.1% и трет е албанскиот со 2.477 жители или 1.9%.[3]

Наводи

уреди
  1. Сојузна статистичка служба на Швајцарија — STAT-TAB Ständige und Nichtständige Wohnbevölkerung nach Region, Geschlecht, Nationalität und Alter (германски)
  2. Arealstatistik Land Cover - Kantone und Grossregionen nach 6 Hauptbereichen accessed 27 October 2017
  3. 3,0 3,1 Swiss Federal Statistical Office accessed 24-February-2012

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди
  NODES