Шуегипетски бог на воздухот. Син на Ра, или Амон-Ра.

Шу

Ра го создал преку кивање, а потоа ја исплукал и неговата сестра Тефнут, божицата на влагата. Шу и Тефнут се родители на Геб и Нут. Шу ги разделил со тоа што застанал меѓу нив. Тој е персонификација на воздухот, и го сметале за многу моќен. Го нарекувале северен ветер кој го најавува Сонцето.

Шу бил првороден син на Тему. Според една легенда, Тему непосредно ги создал Шу и Тефнут по пат на онанија, додека според друга, божицата Хатор (божица претставена во вид на крава) му била мајка; во третата легенда, пак, татко му бил Тему, а мајка Иусасет. Како моќ на природата тој бил претставник на светлината, а исто така, бил и бог на воздухот, ветрот и атмосферата. На киповите е претставен како се подигнува од земјата со сончев диск на своите рамена. Тој го дигал небото и го држел секој ден, па за да си ја олесни работата поставил столбови на најважните точки во Хермопол Магна.

Наводи

уреди
  • Египетска религија - египетската идеја за задгробниот живот - Е.А. Волис Баџ
  NODES