10BASE5 (исто познат како thick ethernet или thicknet) е варијанта на Етернет кабел, кој користи кабел сличен на коаксијалниот, но со дополнителна оклопна плетенка. Овој кабел е развиен во 1980 година.[1] Како медиум се користи дебелиот коаксијален кабел, со ознаки на секој 2.5 метри каде треба да се наоѓа чепот.[2] Врската со кабелот се остварува со примопредавач (анг. transceiver). 10BASE5 е заменет заради побарувањата за висока брзина на мрежата, ниската цена на Ethernet каблите од категорија 5 и популарноста на 802.11 wireless мрежите. 10BASE2 и 10BASE5 се веќе застарени технологии. 10BASE5 уште е нарекуван дебел Ethernet, ThickWire и ThickNet.[3]

10BASE5 трансивер
10BASE5 примопредаватели, кабли и алатки за преслушување
Xerox PARC етернет кабелот

Потекло на името

уреди

Името 10BASE5 потекнуваод неколкуте одлики на физичката средина. 10 се однесува на брзината на пренесување на податоците од 10Mbit/s. Base се однесува на baseband сигналите и 5 се однесува на максималната должина на сегментот од 500 метри (1600 ft).

Дизајн на мрежата

уреди

10BASE5 коаксијалниот кабел има максимална должина од 500 метри (1640 стапки). Максималниот број на јазли што може да се поврзат на 10BASE5 сегмент е 100. Трансиверот (примопредавачот) може да биде инсталиран само на прецизни интервали чија должина е 2.5 метри. Оваа должина е избрана да не одговара на брановата должина на сигналот, со ова се осигурува дека рефлексиите од повеќе славини не се во фаза. Овие прикладни точки се означени на кабелот со црни ленти. Т-врски не се дозволени. Како што е случајот со повеќето други високо брзински автобуси (high-speed bus) сегментите мора да завршуваат со отпорник на секој крај. За коаксијалните кабли Ethernet, на секој крај на кабелот има прикачено отпорник од 50 омови(Ω) . Обично овој отпорник е изграден врз машки N connector и прикачен на крајот на кабелот после секој уред. Ако недостасува свршеток, или ако има нешто скршено во кабелот, AC сигнал е рефлектиран од страна на автобусот, наместо да биде растурен кога ќе го достигне крајот. Овој рефлектиран сигнал е различен од судир, и така понатамошна комуникација не е можна. Примопредавачот (Transceiver) може да биде поврзан со кабелските сегменти со N connectors, или пак преку таканаречен вампирски чеп, кој дозволува неколку јазли да се додадат, додека постоечките врски се живи. Вампирскиот чеп се стега врз кабелот, принудувајќи шилото да се пробие низ надворешниот оклопник за да го контактира таканаречениот внатрешен кокдуктор, додека другите шилки гризат врз надворешната плетенка штит. Оваа мерка мора да преземена за да може да се штити надворешниот оклопник од допирање на шилките.[4]

ThickNet

уреди

Главната предност на 10BASE5 e способноста да ги надмине рестрикциите на кабелот што се појавуваат кај 10BASE2. Треба да се следат неколку правила, заедно со правилото 5-4-3, кога се конфигурира ThickNet мрежа:

  • Минималното растојание на каблите меѓу примопредавачите е 2.5 метри (8стапки).
  • Не смее да се пречекорува должината на мрежниот сегмент од 500 метри (1640 стапки).
  • Целата мрежна кабелска шема не смее да надмине 2500метри (8200 стапки).
  • Еден дел од завршетокот на мрежниот сегмент мора да заземен.
  • Примопредавачките кабле може да бидат кратки колку што е потребно, но не може да бидат подолги од 50 метри од примопредавачот до компјутерот.
  • Максималниот број на јазли ма мрежен сегмент е 100. (Тука се вклучени сите репетитори).

Наводи

уреди

Поврзано

уреди
  NODES