<< јули >>
Н П В С Ч П С
01 02 03 04 05 06
07 08 09 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31
2024

11 јули — 192-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (193-и во престапна година). Остануваат 173 денови до крајот на годината.

Настани:

1921  Почна борбата за ослободување на Монголија што ја поведе монголската Народна револуционерна партија под раководство на Суха Батор. Овој датум се прославува како национален празник на Народна Репулика Монголија.
1946  Основана Меѓународната ракометна федерација (ИХФ).
1979  Американската вселенска станица „Скајлаб“ по шестгодишно кружење по орбитата околу Земјата, се распадна при приземјувањето.
1987  Обединетите Нации објавуваат дека новороденчето Матеј Гаспар од Загреб е петмилијардитиот жител на Земјата.
1995  Република Македонија и Република Литванија воспоставиле дипломатски односи на ниво на амбасади.
1995  Околу 8.000 Бошњаци, главно цивили, се убиени од српските сили под команда на генерал Ратко Младиќ близу Сребреница, Босна и Херцеговина.
2000  Во посредништво на американсиот претседател Бил Клинтон, започнуваат преговорите меѓу израелскиот премиер Ехуд Барак и водачот на Палестинците Јасер Арафат околу суверенитетот на Ерусалим.
2008  Кнезот на Хунзите Газафар Али Кан со титула мир и неговата сопруга, кнегињата Рани Атика, пристигнале во посета на Македонија и биле примени од премиерот Никола Груевски и од архиепископот г.г. Стефан.

Родени:

1274  Роберт Брускрал на Шкотска.
1767  Џон Квинси Адамспретседател на САД.
1844  Петар I Караѓорѓевиќкрал на Србија и Кралство СХС.
1871  Стјепан Радиќхрватски политичар и писател.
1888  Карл Шмитгермански политички теоретичар.
1920  Јул Бринер — американски глумец.
1927  Теодор Мајменамерикански физичар, конструктор на првиот ласер.
1934  Џорџо Арманииталијански моден творец.
1934  Љупка Арсова - Џундева — македонска глумица.
1949  Емерсон Леао — бразилски фудбалски голман.
1949  Френк Биерд — американски рок-музичар, член на групата ЗЗ Топ (ZZ Top).
1953  Леон Спинкс — американски боксер, поранешен светски првак.
1957  Мајкл Роуз — јамајски реге-пејач.
1957  Питер Марфи — англиски рок-музичар, член на групата „Баухаус“ (Bauhaus).
1958  Уго Санчес — мексикански фудбалер.
1959  Сузан Вега — американска поп-пејачка.
1959  Ричи Самбора — американски рок-гитарист, член на групата Бон Џови (Bon Jovi).
1970  Џастин Чејмберс — американски глумец.
1975  Рубен Бараха — шпнски фудбалер и тренер.
1980  Даниеле Пјетрополи — италијански велосипедист.
1987  Давиде Малакарне — италијански велосипедист.
1990  Каролина Возњацки — данска тенисерка.
1992  Мохамед Елнени — египетски фудбалер.
2000  Дарко Чурлинов — македонски фудбалер.

Починале:

1903  Вилијам Хенли Ернест — англиски поет.
1937  Џорџ Гершвинамерикански композитор и музичар.
1942  Отон Жупанчич — словенечки поет.
1982  Меша Мехмед Селимовиќ — југословенски писател.
1989  Лоренс Оливиеанглиски филмски и театарски глумец, продуцент и режисер.
1992  Хајрудин Крвавац — босански и југословенски филмски режисер.
2014  Чарли Хејдн — американски џез-музичар.
2024  Шели Дивал — американска глумица.


  NODES