1210-ти
десетлетие
< 1200-ти | 1210-ти | 1220-ти > | |||||||
1210 | 1211 | 1212 | 1213 | 1214 | 1215 | 1216 | 1217 | 1218 | 1219 |
1210-ти — деценија според јулијанскиот календар кој започнала на 1 јануари 1210 година и завршила на 31 декември 1219 година.
Настани
уреди1210
уреди- мај - Втор парламент на Ревеника се одржува во Ревеника во Централна Грција, што резултира со конкордат помеѓу кнезовите на Франкократија и римокатоличкото свештенство.
- 18 јули - Битка кај Гестилрен: Поранешниот крал Сверкер II Шведски е поразен и убиен од страна на владеачкиот крал Ерик Х Шведски.
- 18 ноември - Отон IV е екскомунициран од Папа Инокентиј III, поради неговата инвазија на јужна Италија, спротивно на Вормскиот конкордат.
- 21 ноември - Кралот Ерик Х е крунисан, што е првото познато крунисување на шведски крал. Кратко потоа, се оженил со данската принцеза Рихеза Данска, со цел да ја зајакне својата врска со данскиот крал Валдемар II Дански.
- Кралот Јован Безземниот подига £ 100,000 од црковниот имот како извонредна фискална такса. Операцијата е опишана како „непроценлива и неспоредливо изненадувачка“ од современи извори[1].
- Ливонска крстоносна војна - Битката кај Умера: Естонските сили го поразуваат Ливонското братство на мечот.
- Цитаделата на Акрокоринт во Грција се предала на Крстоносците, по петгодишна опсада.
1211
уреди- 21 април - Катедрала Сантјаго де Компостела (започната во XI век) е осветена, во присуство на кралот Алфонсо IX Леонски.
- 14 септември - Редот на Светиот крст е основан во Лиеж.
- 15 октомври - Битка кај Риндак: Латинскиот цар Хенрик Фландриски го поразува никејскиот цар Теодор I Ласкарис.
- Ливонска крстоносна војна: Битки на Вилјанди и Тураида - Крстоносците не успеваат да ја освојат тврдината Вилјанди, но имаат успех во јужна Естонија.
- Монголските сили под Џингис Кан навлегуваат во територијата на Џурчените.
- Византиско-селџучки војни: Битка кај Антиохија на Меандер во Анадолија - Силите на Никејското Царство под Теодор I Ласкарис ги поразуваат оние на Селџуците, чиј водач, Кајхусрав I, е убиен на бојното поле.
- Црквата во францускиот град Рејмс е опожарена. Наскоро потоа, започнува изградбата на Ремска катедрала.
1212
уреди- 10 јули - Голем пожар во Лондон; над 3.000 луѓе умираат.
- 16 јули - Битка кај Навас де Толоса: Христијанските кралства на Шпанија решително ги поразуваат Алмохадите, а победата го турнува Кралство Кастиља во тешка финансиска состојба, бидејќи бројни војници треба да бидат платени за походот[2].
- Била организирана Детска крстоносна војна, која веројатно бил измислен настан. Се смета дека дошло до собирање на деца од Франција и Германија, но ниту едно од децата не стигнало до Светата земја, бидејќи оние кои не умреле од глад на патувањето, биле продадени како робови.
- декември - Фридрих II е крунисан за крал на Германија, со поддршка на Папа Инокентиј III.
- Започнувајќи од 1212, па до 1250 година, Фридрих II создал модерна, професионално административна држава во Сицилија.
- Изграден е Замокот Бран од страна на Тевтонскиот ред.
1213
уреди- 15 мај - Кралот Јован Безземниот се приближува кон Папа Инокентиј III, кој пак ја укинува забраната од 1208.
- 30 мај - Битка кај Даме: Англиската флота под Вилијам ја уништува француската флота од белгиското пристаниште.
- 12 септември - Битка кај Муре: Тулушките и арагонските сили на Ремон VI Тулушки и Петар II Арагонски се поразени од Симон де Монфорт во текот на Катарската крстоносна војна.
- Папа Инокентиј III издава була, повикувајќи на Петта крстоносна војна.
- Мухали го ја освојува Префектурата Ми и наредува голем масакр.
- Изградбата на Замок Килкени е завршена.
1214
уреди- 15 февруари - Јован Безземниот, врши инвазија на градот Ла Рошел во Франција[3].
- 27 јули - Битка кај Бувен: Филип II ја поразува војската на Светото Римско Царство, англиски и фламански војници предводени од Отон IV, завршувајќи ја Англо-француската војна (1202-14).[3]
- Лето - Кралот Алфонсо VIII Кастилски ги опколува војниците на Алмохадите во Баеза. Гладот на полуостровот е таков што ниту армијата не може да се бори.
- 18 септември - Договорот од Чинон е потпишан од Јован Безземниот и Филип II, признавајќи ги придобивките на Династија Капета од Анжујското царство[3].
- 5 октомври - По смртта на нивниот татко, кралот Алфонсо VIII Кастилски и нивната мајка, Елеанора Кастилска (31 октомври), Беренгела Кастилска станува регент на нејзиниот млад брат, крал Енрике I Кастилски[2].
- 1 ноември - Пристанишниот град Синоп на Црно Море му се предава на Селџуците.
- 4 декември - Умира Вилијам I Лав, крал на Шкотска. Тој е наследен од неговиот син, Александар II
- Основан е германскиот град Билефелд.
- Во своите походи во Лаодонг, монголскиот војсководец Мухали командува со новоформираната киданско - кинеска армија и специјален корпус од 12.000 кинески помошни трупи.
1215
уреди- Поради губење на своите позиции на Блискиот Исток, бил одржан Четвртиот латерански собир, на кој било решено да се започне нов крстоносен поход.
- Во јуни кралот Јован под притисок на бунтовничките барони бил принуден да ја потпише Големата повелба за правата (латински: Magna Carta Libertatum). Со неа се ограничела моќта на монархот, а обичните луѓе се стекнале со права, со што започнале да се развиваат идеите за слобода и демократија.
- 24 август - Папата Инокентиј III ја прогласил Големата повелба за неважечка.
1216
уреди- Јануари - Прва баронска војна: Англиската армија го вратила Берик на Твид и извршила напади во јужна Шкотска[3].
- 10 април - По смртта на Ерик Х Шведски, тој е наследен од неговиот соперник Јован I Шведски, како крал на Шведска.
- 22 април - Битката кај Липица: Мстислав Храбриот и Константин Ростовски ги победуваат своите соперници за владеењето на Владимир-Суздал.
- 21 мај - Првата баронска војна: Принцот Луј, идниот крал Луј VIII, ја напаѓа Англија за поддршка на бароните, пристигнувајќи во Танет. Влегувајќи во Лондон без отпор, тој е прогласен, но не и крунисан, за крал на Англија во катедралата Свети Павле.
- 24 јули - Француските Крстоносци од замокот змокот Борке му се предаваат на Ремон VII Тулушки[4]
- 24 јули - Папа Хонориј III го наследува Папа Инокентиј III, како 177-тиот папа.
- 18 октомври или 19 октомври - Умира Јован Безземниот. Тој е наследен од неговиот деветгодишен син Хенри III, со Вилијам Маршал, како регент. Младиот Хенри III е крунисан во Глостер на 28 октомври[5].
- 12 ноември - Вилијам Маршал и папскиот легат во Англија издаваат Повелба за слободи, врз основа на Големата повелба, во името на новиот крал на Англија. Со неа се ограничила моќта на монархот, а обичните луѓе се стекнале со права, со што започнале да се развиваат идеите за слобода и демократија
- 22 декември - Папа Хонориј III официјално го одобрува Доминиканскиот ред.
- Димитар Хоматијан бил византиски свештеник и избран за архиепископ на Охридската архиепископија, сè до 1234 година.
- Дрезден добива градски права.
1217
уреди- 9 април - Петар II Куртене е крунисан за цар на Латинското Царство во Рим, од страна на Папа Хонориј III.
- 20 мај - Прва баронска војна во Англија: Француските сили се поразени во Битката кај Линколн, од страна на англиските кралски војници предводени од Вилијам Маршал[3].
- 6 јуни - Кралот Енрике I Кастилски умира на возраст од 13 години, од паѓањето на една ќерамида во Паленсија, настан кој неговиот регент се обидува да го скрие. Сестрата на Енрике, Беренгела I Кастилска го наследува на престолот.
- Јуни - Хокон Хоконсон станува цар на Норвешка како Хокон IV Норвешки, и во голема мера завршува Граѓанската војна во Норвешка.
- 24 август - Прва баронска војна: Во Битката кај Сандвич во Ламанш, англиските сили ги поразуваат француските, а францускиот платеник Јустас е фатен и обезглавен.
- 31 август - Фернандо III Кастилски станува Крал на Кастиља, по абдикација на неговата мајка Беренгела I Кастилска.
- 12 септември - Првата баронска војна во Англија е завршена со договорот од Ламбрет. Французите и Шкотите треба да ја напуштат Англија, а амнестијата им се дава на бунтовниците.
- 20 септември - Потпишан е Договорот од Ламбет, кој го ратификува Договорот од Кингстон.
- 21 септември - Ливонска крстоносна војна: Ливонските браќа на мечот и нивните сојузници ги поразуваат естонските сили.
- 18 октомври - Петта крстоносна војна, Реконквиста: кралот Алфонсо II Португалски го освојува градот[6].
- Ноември - Во Кралство Кастиља, поранешниот регент Алваро Нуниес де Лара бил заробен и принуден да се откаже од сите негови замоци[2].
- Стефан Првовенчани е признаен за првиот Крал на српските земји од страна на Папа Хонириј III, а крунисан од братот на Стефан, Сава.
- Издаден декрет во Англија според кој само Англичани можат да бидат свештеници на Ирска.
1218
уреди- март - Договорот од Ворчестер го признава Ливелин Велики како регент на Јужен Велс.[7]
- 24 мај - Крстоносците го напуштаат Ако кон Египет.
- 24 мај - Магнус III станува крал на Шведска.
- 30 мај - Дамиета е ставена под опсада во текот на Петтата крстоносна војна од страна на крстоносците.
- јули - Шпанија: Со цел да се олесни движењето на Реконквиста, Папа Хонориј III ја менува претходната одлука на Папа Инокентиј III и го објавува Фернандо III Кастилски за легитимен наследник на Леон.[2]
- 31 август - ел-Камил станува нов египетски султан, по смртта на неговиот татко ел-Адил.
- 1 октомври - Папа Хонориј III ги ослободил тевтонските рицари од судската власт на месните епископи.
- Кара Китан е уништен од Џингис Кан.
- Монголците, започнуваат втор поход против киргискиот народ.
- Џингис Кан му ветува на харезмскиот шах на Персија дека го прифаќа неговото владеење и воспоставува трговски односи.
- Целосно е разрушен градот Суза од страна на Монголците.
- Пјер де Монтеги станал Голем мајстор на витешкиот ред Темплари, сè до 1232.
- Првото официјално спомнување на градот Фелдкирх.
- Првото официјално спомнување на градот Панје.
- Кнежевско Старешинство Кемптен добива право на кнез.
- Иван Асен II станува цар на Бугарија.
1219
уреди- 15 јуни - Ливонска крстоносна војна: Данските крстоносци, предводени од кралот Валдемар II Дански, го освојуваат Талин по Битката кај Линданисе. Нивното упориште во Талин ќе им помогне на Данците да ја освојат целата северна Естонија.
- 5 ноември - Градот Дамиета во Египет е освоен од страна на крстоносците по опсадата.
- Свети Франциск Асиски го воведува католицизмот во Египет, за време на Петтиот крстоносен поход.
- Казахстан е вклучен во составот на Златната орда.
- Ташкент бил целосно уништен од страна на Монголците.
- Дваесет и четири литвански војводата и благородници потпишале мировен договор со Галиција-Волинија, поради заедничка кауза против напаѓањето на христијанските крстоносци[8]
- Источнофризиските Oстрови се поплавени.
- Првото официјално спомнување на градот Шенберг.
- Првото официјално спомнување на градот Радеберг.
- Првото официјално спомнување на градот Акен (Елба).
- Првото официјално спомнување на градот Вијана.
- Сава Немањиќ ја осамостоил српската црква на ранг на архиепископија.
Наводи
уреди- ↑ Ferris, Eleanor (1902). „The Financial Relations of the Knights Templars to the English Crown“. American Historical Review. 8 (1).
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 Linehan, Peter (1999). David Abulafia (уред.). The New Cambridge Medieval History c.1198-c.1300. Chapter 21: Castile, Portugal and Navarre. Cambridge: Cambridge University Press. стр. 668–671. ISBN 0-521-36289-X.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Palmer, Alan; Veronica (1992). The Chronology of British History. London: Century Ltd. стр. 77–79. ISBN 0-7126-5616-2.
- ↑ Dell'Umbria, Alèssi (2006). Histoire universelle de Marseille. De l'an mil à l'an deux mille. Marseille: Agone. стр. 27. ISBN 2-7489-0061-8.
- ↑ Williams, Hywel (2005). Cassell's Chronology of World History. London: Weidenfeld & Nicolson. стр. 133–135. ISBN 0-304-35730-8.
- ↑ Picard, Christophe (2000). Le Portugal musulman (VIIIe-XIIIe siècle. L'Occident d'al-Andalus sous domination islamique. Paris: Maisonneuve & Larose. стр. 110. ISBN 2-7068-1398-9.
- ↑ „BBC Wales History“. Архивирано од изворникот на November 25, 2007. Посетено на 2007-12-10.
- ↑ Butkevičienė, Birutė; Vytautas Gricius (July 2003). „Mindaugas — Lietuvos karalius“. Mokslas ir gyvenimas (литвански). 7 (547). Архивирано од изворникот на May 23, 2007. Посетено на 2007-05-30.