1270-ти
десетлетие
< 1260-ти | 1270-ти | 1280-ти > | |||||||
1270 | 1271 | 1272 | 1273 | 1274 | 1275 | 1276 | 1277 | 1278 | 1279 |
1270-ти — деценија според јулијанскиот календар кој започнала на 1 јануари 1270 година и завршила на 31 декември 1279 година.
Настани
уреди1270
уреди- 16 февруари - Ливонска крстоносна војна - Битка кај Карусе: Големо Војводство Литванија го поразува Ливонскиот ред на замрзната површина на Балтичко Море.
- Пред август - Кралот Луј IX го започнува Осмиот крстоносен напад, во обид да ги врати крстоносните држави од Мамелуците.
- 10 август - Јекуно Амлак ја соборува етиопската династија Загај и ја воспоставува Соломонската династија, која траела до 1974 година.
- 25 август - Кралот Луј IX умира додека го опседнува градот Тунис, најверојатно поради слабата вода за пиење.
- 1 септември - Кралот Стефан V ја пишува својата antiquum castellum.
- 30 октомври - Опсадата на Тунис и Осмиот крстоносна војна завршува со договор меѓу братот на Луј IX и Мухамед I ел-Мустаншир, калиф на Тунис.
- Стариот град Ашкелон е окупиран од Крстоносците, а крајно уништен од Мамелуците, оставајќи ја локацијата пуста, а градот никогаш да не биде повторно изграден.
- Градот Тебриз, во денешен Иран, е главен град на монголскиот Илханат (приближен датум).
- Независната држава Куч е основана во денешна Индија.
- Пописот на кинескиот град Хангџоу утврдува дека во него живеат околу 186,330 семејства, не вклучувајќи ги и посетителите и војниците.
- „Summa Theologica“, дело на Тома Аквински кое се смета во рамките на Римокатоличката црква да биде главен израз на неговата теологија, е завршено (година е неизвесна).
- Изградбата на Старата синагога во Прага е завршена.
1271
уреди- 8 април - Мамелучкиот Султанат ја продолжува својата територијална експанзија, освојувајќи го стратешкиот замок Крак де Шевалие од Болничарите во денешна Сирија.
- 2 јули - Кралевите Отакар II и Стефан V Унгарски го потпишуваат првиот договор од Пресбург, решавајќи ги меѓусебните територијални претензии, по неуспешната инвазија на Унгарија од Отакар II.
- 30 август - Филип III е крунисан во крал на Франција.
- 1 септември - Папа Григориј IX го наследува Папа Климент IV како 184-ти папа.
- Областа на Тулуза се враќа кон Франција.
- Марко Поло заминува од Венеција со својот татко и вујко, на неговото познато патување во Азија.
- Завршена е иградбата на Замок Карфили, најголемиот замок во Велс.
- Започнува изградбата на Каменечка кула во Белорусија.
- Живописана е црквата Св. Никола во Манастир.
- Кастел Бланк се одвоил од редот предводен од Големиот мајстор Тома Берар и добил дозвола да се повлече до Тортоса. Во јуни истата година, Монтфорт, последниот Христијанин којшто се утврдил во Светата земја бил вратен.
- За првпат се споменува градот Лубмин.
- Рајхенбах во Фогтланд добива градски права.
- Мамелучкиот Султанат извршува неуспешна опсада на градот Триполи, а исто така не успева во обид за поморска инвазија на Кипар.
- Едвард I пристигнува во Ако, започнувајќи Деветта крстоносна војна. Сепак, крстоносците не се во можност да освојат некоја територија.
- 18 декември - Кублај-кан го преименува своето царство познато како Јуан.
1272
уреди- 12 мај - Мамелучкиот султан Бејбарис и Кралство Ерусалим склучуваат десетгодишно примирје во Цезареја.[1]
- Бејбарис го напаѓа кралство Макурија, на југ од Египет.
- Карло I Анжујски, го освојува Драч во денешна Албанија и го воспоставува Албанско Кралство.
- Флорис V Холандски прави неуспешен напад врз Фризија.
- 16 ноември - Едвард I станува Крал на Англија.
- Кралот Алфонсо III Португалски ја елиминира последната мавританска заедница во Португалија во Фару.
1273
уреди- 31 јануари - 6-годишната битка кај Сјангјанг завршува, по кое командантот на силите на династија Сунг се предава на династијата Јуан на Кублај-кан.
- 29 септември - Рудолф I е избран за Крал на Германија над соперничкиот кандидат Отакар II, завршувајќи го интеррегнумот; Отакар одбива да го признае Рудолф како нов крал, што доведува до војна во 1276.
- 6 декември - Тома Аквински го остава недовршрно делото Summa Theologica.
- Цариградското предградие Галата е доделено на Република Џенова од Михаил VIII Палеолог, за возврат на поддршката на Џенова во текот на освојувањето на Цариград од Византија.
- Кралот Отакар II ја освојува Братислава од Унгарија.
- Алфонсо X Кастилски дава привилегии на Места за промовирање на волнената индустрија.
- Рудолф II станува војвода од Швабија.
- Гијом де Боже станува Голем мајстор на витешкиот ред Темплари.
- Јули - Мамелучкиот султан Бајбарс ја освојува последната тврдина на Асасините[1].
- Декември - Следбениците на неодамна починатиот Џалалудин Руми го основаат суфискиот ред Сама во градот Конија (во денешна Турција).
1274
уреди- 1 мај - Во Фиренца, деветгодишниот Данте Алигиери за првпат ја запознава осумгодишната Беатриче.
- 7 мај - Втор Лионски собор од страна на Римокатоличката црква за ослободување на Светата земја преку објавување на нова крстоносна војна. Советот на крајот го одобрува десетокот како данок, за да ги поддржи напорите за ослободување на Светата земја од муслиманите.
- 2 август
- Кралот Едвард I се враќа од Деветтата крстоносна војна во Англија, за да биде крунисан за крал, 2 години по смртта на неговиот татко Хенри III.
- Неговиот привремен канцелар и делотворен регент, Валтер де Мертон се пензионира од кралската служба, за да ги направи конечните ревизии на неговите статути за основање на Мертон колеџот во Оксфорд и да заземе функција на епископ на Рочестер.
- Еден од првите акти на Едвард е да се спроведе декрет, кој бара сите англиски евреи да носат жолта ѕвезда.
- 20 ноември - Јуан на Кублај-кан извршува неуспешна инвазија во Јапонија.
- Маринидскиот емир, Абу Јусуф Јакуб ибн Абд ел-Хак влегува мирно во Сеута, ставајќи крај на околу четириесет години независност на градот[2].
- Ничирен, заминува во егзил.
- Папа Григориј X укажува дека папската конклава (состаноци во кои гласачите немаат контакт со надворешноста) треба да се користи за папски избори.
- Јосиф бен Аврам Гикатила го пишува делото Ginnat Egoz.
- Бонвесин де ла Рива ја пишува дидактичко-алегоричната поема „Libro de le tre scritture“.
1275
уреди- март - 200.000 монголска армија се соочуваат со кинеска династија Сунг со сила од 130.000 војници. Јуен на крај победува.
- 4 март - Кинескиот астроном го набљудува целосното затемнување на Сонцето во Кина.
- 22 април - Првиот Статут од Вестминстер го донесува англискиот Парламент, воведувајќи серија закони во своите 51 клаузули, вклучувајќи и еднаков третман на богатите и сиромашните, слободни и фер избори.
- 14 јуни - Битката кај Хова: Валдемар I Биргерсон е поразен од неговиот брат Магнус III Шведки.
- 22 јули - Магнус е избран за нов крал на Шведска.
- 8 октомври - Битка кај Роналдсвеј: Шкотските сили го освојуваат островот Ман.
- 27 октомври - Флорис V Холандски, го ослободува градот Амстердам од даноци.
- Силите на династија Мариниди го освојуваат градот Алжир[3].
- Јуен го освојува градот Суџоу.
- Марко Поло наводно го посетува Ксанаду.
- Градот Куенминг станува главен град на Јуен.
- Несторијанскиот монах Рабан Бар Саума го започнува своето поклонение од Кина кон Ерусалим.
- Елеанора Монтфортска е заробена од морнари на Едвард I.
- Монголската Златна Орда извршува напади во Литванија по третпат.
- Започнува Војна за кравата.
1276
уреди- 21 јануари - Папата Икокентиј V го наследува Папа Григориј X, како 185-тиот папа.
- Февруари - Жителите од династија Сунг во Кина и стотици илјади нејзини државјани бегаат од Хангџоу во Фуџен, а потоа и во Гуангдунг, во обид да побегнат од инвазија на Кублај-кан од династија Јуен.
- 9 март - Аугсбург и Равенсбург стануваат кралски слободни градови.
- Јуни - Кралот Рудолф I објавува војна против кралот Отакар II, негов политички соперник; до ноември, Отакар II е принуден да отстапи четири важни територии.
- 14 јуни - Династија Сунг во провинцијата Фуџоу спроведува церемонија на крунисување за принцот за цар на земјата.
- 11 јули - Папа Адријан V го наследува Папа Инокентиј V, како 186-тиот папа.
- 13 септември - Папа Јован XXI го наследува Папа Адријан V како 187-ти папа, станувајќи четврти папа оваа календарска година кој ја извршува функцијата.
- Мамелучкиот султан Бајбарис го освојува ел-Марис.
- Големата 23-годишна суша започнува да влијае на областа околу Големиот кањон, на крајот принудувајќи ги Анасазите да мигрираат надвор од регионот.
- Стефан Драгутин станува Крал на Србија.
- Во Валенсија се појавува бунт на Мудехарите.
1277
уреди- 7 март - Осуда на движењето Авероизам од страна на Римокатоличката црква.
- 18 март - Карло Анжујски ја купува титулата на Крал на Ерусалим од Марија Антиохиска, за 1.000 безанти[4].
- 15 април - Битка кај Елбистан: Мамелучкиот султан [(Бајбарис)] го напаѓа Иконискиот Султанат и ја поразува војската на Илканатот.
- 25 ноември - Папа Никола III наследува Папа Јован XXI, како 188-ти папа.
- Околу 50.000 водачи и граѓани на династија Сунг од Кина стануваат првите регистрирани жители на Макао, бидејќи бараат засолниште од инвазивните армии на Јуен.
- Договор од Аберконви е потпишан од Ливелин ап Грифид, Принцот од Велс, и кралот Едвард I, завршувајќи ја Првата велшка војна, во замена за ограничувања на моќта на Ливелин.
- Крстот на Свети Ѓорѓи за првпат е забележан во употреба, како национално знаме на Англија.[5]
- Во Англија, Роџер Бејкон, професор во Оксфорд, е уапсен за ширење анти-црковни ставови[6].
1278
уреди- Јануари - Карло I Анжујски е крунисан за Крал на Ерусалим, и е признаен од бароните на Ако[4].
- 1 мај - Умира Вилијам II Вилерден, Ахајско Кнежевство. Според условите на договорот од Витербо, неговите земји минуваат под директна контрола на Карло I Анжујски.
- 5 август - Кралот Алфонсо X Кастилски започнува со Опсадата на Алхесирас (во тоа време под контрола на Мароко). Тој ќе биде принуден да ја повлече опсадата по околу една година подоцна.
- 26 август - Битка на Моравско Поле: кралевите Рудолф I и Ладислав IV Унгарски го поразуваат кралот Отокар II. Со крајот на битката, завршува и борбата за власт меѓу Рудолф и Отакар во врска со судбината на Средна Европа, по кое династијата на Рудолф продолжува да владее со Австрија и другите освоени територии, до крајот на Првата светска војна во 1918 година.
- 29 септември - Петар III Арагонски го освојува муслиманското упориште на Монтеса, ставајќи крај на двегодишниот бунт. Поразените муслимани се протерани од царството и заминуваат во егзил[7].
- Независноста, границите и политичката структура на Андора се договорени од каталонскиот епископ на Ургел и грофот на Фоа.
- Завршува т.н. Војна на кравата.
- Едикт на Папата Никола III според кој се бара од сите Евреи да присуствуваат на проповеди за прифаќање на христијанството.
- Направена е најраната позната пишана копија од „Авеста“, колекција на древни свети персиски зороастриски текстови.
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Lock, Peter (2013). The Routledge Companion to the Crusades. Routledge. стр. 117. ISBN 9781135131371.
- ↑ Picard, Christophe (1997). La mer et les musulmans d'Occident VIIIe-XIIIe siècle. Paris: Presses Universitaires de France.
- ↑ Meynier, Gilbert (2010). L'Algérie cœur du Maghreb classique. De l'ouverture islamo-arabe au repli (658-1518). Paris: La Découverte. стр. 158. ISBN 978-2-7071-5231-2.
- ↑ 4,0 4,1 Lock, Peter (2013). The Routledge Companion to the Crusades. Routledge. стр. 119. ISBN 9781135131371.
- ↑ Perrin, W. G. (1922). British Flags. Cambridge University Press. стр. 37.
- ↑ Wilkinson, Alf (2016). Health and the People. Hodder Education. стр. 19. ISBN 9781471864216. Архивирано од изворникот на 2018-05-11. Посетено на 2018-09-24.
- ↑ de Epalza, Miguel (1999). Negotiating cultures: bilingual surrender treaties in Muslim-Crusader Spain under James the Conqueror. Brill. стр. 120. ISBN 90-04-11244-8.