1878
< XVIII век | XIX век | XX век > | |||||||
01 | 02 | 03 | 04 | 05 | 06 | 07 | 08 | 09 | 10 |
11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 |
21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 |
31 | 32 | 33 | 34 | 35 | 36 | 37 | 38 | 39 | 40 |
41 | 42 | 43 | 44 | 45 | 46 | 47 | 48 | 49 | 50 |
51 | 52 | 53 | 54 | 55 | 56 | 57 | 58 | 59 | 60 |
61 | 62 | 63 | 64 | 65 | 66 | 67 | 68 | 69 | 70 |
71 | 72 | 73 | 74 | 75 | 76 | 77 | 78 | 79 | 80 |
81 | 82 | 83 | 84 | 85 | 86 | 87 | 88 | 89 | 90 |
91 | 92 | 93 | 94 | 95 | 96 | 97 | 98 | 99 | 00 |
1878 (MDCCCLXXVIII) — година според општоприфатениот календар. Тоа била 1878 година од новата ера, 878. од вториот милениум, 78. од XIX век и деветта од 1870-тите.
Грегоријански календар | 1878 MDCCCLXXVIII |
Ab urbe condita | 2631 |
Ерменски календар | 1327 ԹՎ ՌՅԻԷ |
Асирски календар | 6628 |
Бахајски календар | 34–35 |
Балиски календар | 1799–1800 |
Бенгалски календар | 1285 |
Берберски календар | 2828 |
Будистички календар | 2422 |
Бурмански календар | 1240 |
Византиски календар | 7386–7387 |
Кинески календар | 丁丑年 (огн. вол) 4574 или 4514 — до — 戊寅年 (зем. тигар) 4575 или 4515 |
Коптски календар | 1594–1595 |
Етиопски календар | 1870–1871 |
Еврејски календар | 5638–5639 |
Хиндуистички календари | |
- Викрамска ера | 1934–1935 |
- Сачка ера | 1799–1800 |
- Кали-југа | 4978–4979 |
Холоценски календар | 11878 |
Игбоански календар | 878–879 |
Ирански календар | 1256–1257 |
Исламски календар | 1294–1296 |
Јапонски календар | Мејџи 11 (明治11年) |
Јавански календар | 1806–1807 |
Јулијански календар | грегоријанската без 12 дена |
Корејски календар | 4211 |
Мингуо-календар | 34 пред Р. Кина 民前34年 |
Нанакшахи | 410 |
Тајландски сончев календар | 2420–2421 |
Тибетски календар | 阴火牛年 (женски оган-вол) 2004 или 1623 или 851 — до — 阳土虎年 (машка земја-тигар) 2005 или 1624 или 852 |
Други календари
уредиИстата година се среќава поинаку во календарите на различни народи и култури. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.
Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 7386 и 7387 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г. п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 6628 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 5638 и 5639 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г. п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 2631.
Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61 година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г. п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г. п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 1878 година се протега во 4514 и 4515, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 4574 и 4575 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 г. п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 2421. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 1294 и 1296 исламска година.
Настани
уреди- Димитар Поп-Георгиев Беровски со својата чета го подигнал Кресненското (Македонското) востание кое имало за цел да се прошири на целата територија на Македонија.
- Во градот Њујорк е основан Њујоршки симфониски оркестар, од страна на Леополд Дамрош, денес Њујоршка филхармонија.
- Основан е градот Бишкек, главен град и најголем град во Киргистан.
јануари
уреди- 28 јануари - Во Њу Хевн, САД пуштена е во употреба првата телефонска централа, по две години откако Александар Грејем Бел го патентираше телефонот.
февруари
уреди- 19 февруари - Томас Едисон го патентира фонографот.
март
уреди- 3 март - Бугарија добива независност од Отоманското Царство.
- 3 март - Потпишан е кобниот за Македонија Сан-Стефански мировен договор меѓу Русија и Турција.
април
уредимај
уредијуни
уредијули
уреди- 13 јули - Србија, Црна Гора и Романија се прогласени за независни по Берлинскиот конгрес.
август
уредисептември
уредиоктомври
урединоември
уредидекември
уредиРодени
уреди- 1 јануари — Пејо Јаворов, поет, револуционер и публицист на ВМОРО, сопатник на Гоце Делчев и негов биограф.
- 23 јануари — Отон Жупанчич, еден од најголемите современи словенечки поети.
- 11 февруари — Казимир Малевич, руски сликар, графичар, педагог, теоретичар на уметноста, филозоф, и основоположник на супрематизмот, уметност на геометриската апстракција.
- 22 февруари — Христо Узунов, македонски револуционер кој го претставува охридското револуционерно движење.
- 4 март — Петар Успенски, руски фолозоф кој користел геометрија во неговите дискусии за психологија и повисоките димензии на постоењето.
- 27 мај — Изадора Данкан, балерина, сопруга на рускиот поет Сергеј Есенин.
- 20 јули — Петар Манџуков, македонски револуционер и анархист, активен член на Македонскиот таен револуционерен комитет од Женева и повремен придружник на Гоце Делчев.
- 20 септември — Аптон Синклер, американски писател и публицист, борец за социјални права и мир во светот.
- 8 ноември — Димитрија Чуповски, македонски национален деец и борец, силен заштитник и бранител на македонската национална самобитност и посебност.
- 8 ноември — Димитар Влахов, македонски револуционер и државник.
Починале
уреди- 7 февруари - Папа Пиј IX, бил папата со најдолгиот понтификат досега (31 година 236 дена).